чек чек чек мислам ти беше у другата тема и пиша дека си анти-америка и сакаш луѓето да соблекуваат кондури кога ти доаѓаат дома а уствари сакаш гејмери што е мн модерен начин на однесување? Неможеш да бидеш и ваму и таму во исто време, одлучи се што ќе бидеш 2љј
А зошто кога човек си има некое хоби веднаш мислите дека не прави ништо друго во животот? Гејмањето си е само најнормално хоби,како и сите останати. Некому тоа време кое што ќе го помине играјќи видео игра,му е подеднакво важно како еве на пример,поприфатеното гледање турски серии или седење на Фб. И искрено не ми е јасно како тоа велите дека гејмерите немаат живот,врз основа на неколку јапонски документарци кои што сте ги гледале и на кои гејмерите се претставени како хардкор зависници и ги праќаат по кампови за одвикнување и уште кујзнае што. Епа буквално се’ си ствара зависност ама не можете врз основа на тоа да проценувате каков е животот на сите оние кои што играат видео игри,затоа што тоа е толку бесмислено како личност која што пие чаша вино со вечерата веднаш да ја сметате за алкохоличар. Во превод - престанете со глупавите предрасуди. Како и да е, јас сум гејмерка веќе со години Во моментов играм League of Legends и Skyrim,WOW,Дота и некои помали игрички сум ги играла порано. И да ви кажам,баш ме опуштаат,интересни ми се и не жалам за времето кое го поминувам играјќи. А за партнер кој е гејмер - 90% од моите бивши партнери беа гејмери. Сите беа супер луѓе,имаа живот и интересно хоби кое двајцата го делевме. Сум била и со дечко кој што сум го запознала на Дота па не го поминуваше целиот дел залепен за компјутерот и целосно внесен во игрицата. Искрено претпочитам партнерот да ми е гејмер - од проста причина што се доста поинтелигентни од дркаџиите кои цел ден се на Фб,а и интересно би ми било да играме заедно.
^ Што го напаѓаш девојчето, анти-америка беше во сосема друг контекст, игрите и стриповите си немаат врска со тоа. Што сега,ако е од Македонија треба дечко ајвар што си прави да сака? Престанете со вакви смешни цитати и безпотребни палавења,тоа што таа не сака да и прљаат со кондури по дома нема апсолутно никаква врска со ова.
Многу погрешно мислење владее за гејмерите, дека се тоа закоравени луѓе, џаболебари, што не прават ништо по цел ден, освен играње игри. Сигурно постојат и такви де, ама повеќето си се нормални луѓе, што им е хоби играње игри и што стварно уживаат во тоа. Дечко ми обожава да игра игри и да чита стрипови, тоа го опушта, нормално во слободно време. Значи, нормален човек, вработен, возрасен, што се опушта со играње игри. И нема ништо лошо во тоа. Баш напротив, мислам дека повеќето игри те тераат и те како да го вклучиш мозокот.
Јас мислам дека проблемот за тоа погрешно мислење е нашето заостанато општество. Па ако некој следи професионални гејмери ќе видите дека во Кина, Шведска итн. гејмерите ги дочекуваат како ѕвезди бе а не како пропалици. На почеток ми беше гајле што сите мислеа дека сум, како што рече, џаболебар пошто јас правам се од горе наведеното. Играм Дота, WOW (Dota > LOL ) , читам стрипови, дури и гледам аниме, а воедно и работам, студирам. Па не би рекол дека немам никаков живот, односно би рекол дека мојот живот е далеку поинтересен одколку "дркаџиите" како што кажа @AziskaStrslenka Овие сваќања се најчесто на постари лица кои пораснале без ништо слично на гејминг и незнаат како е нормално. И јас би сакал девојка која е гејмер искрено. Секако ми треба Support во дота
Треба да прочиташ за систем на вредности. Фејкер е човек што зима вредности од нешто што му одговара до онаа мера за да се накити го туѓите перија, а не ја живее до крај таа вредност. Иначе за ајварот. Ако девојче гласа за вмро, иде навива за македонија на баскет и работи државно, и те како треба да има дечко што прави ајвар, иначе фејка. Бидејќи тоа е контекстот на нејзиниот живот и животни вредности. ВМРО = себичност МК Баскет = ниско IQ работа државна = ограниченост ====== Ајвар
^ Или во превод,зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано? Оддење офф-топик левел: Спомнување ВМРО во тема за гејмери. GG WP
Еве од минатите 2 финалиња на League of legends , некој игри како оваа се прогласени како спорт во некои држави Све бронза играчи тука гледам
Абе каква LoL, повели Starcraft II, сине. Е сега, дали и тие што одат да ги гледаат дечкиве по дифолт се пропалици? Хммм...
Морав да гуглам што значи GG WP, некој од тие вашите гејмерски дум или ред алерт термини, али топ ^ Иначе супер се сликите горе, сигурно тие во публика се мн кул луѓе, штом со толкава интроверција пак нашле друштво и другарки
^ И ти сигурно си многу кул човек,штом со гуглање повторно не си дознал што значи терминот,па дури ни дека не е ред алерт термин
Ако ти имаш мерак да одиш и ужуваш во концерти, фудбалски натпревари па и кино не знам ти што ги има многу работи, некои луѓе уживаат во овие натпревари. Доста со дискриминација различни луѓе разни чуда. Секој со својот мерак.
Нели... Кога наместо тоа, можеле да дојдат на џенцки форум и да им се позлати од прва покрај толку моми, не? Тогаш еволуцијата не само што ќе ја победеле, ами ќе ја усовршеле за неколку левели наеднаш... Пази, реков левели... уште еден гејмерски термин, mind you.