Не велам дека е конструктивно или продуктивно. И јас најчесто играм поради истите причини, односно слични. И нормално дека никој не влегол во NBA или Реал поради тоа што играл. Тоа што го кажав е само пример и се применува во одредени ситуации. Само велам дека тоа што некој имал различно искуство со гејмер/гејмерка не кажува дека сите се исти и џаболебари. Исто како и се останато во животот
Ја читам темава и најискрено се чудам на некои мислења.Не знам зошто имате таквa слика за гејмерите во глава, напротив не сметам дека се лузери кои немаат живот и се опседнати само со играње.Или кога коментираат дека си го трошеле залудно времето на игри, а чекајте малку, другиве машки што дремат на фејсбук, гледаат серии/филмови, дремат по кладилници, гледаат спорт... прават нешто поинакво од овие што играат игри? Имање на хоби е нешто нормално, и секако во зависност од карактерот и интересите на личноста секој ќе си одбере што сака.За некои луѓе играњето игри им претставува голема сатисфакција, исто како што за некој преставува гледање филмови. За дечко, не сум имала дечко гејмер, ама имам голем број на познаници кои се гејмери.Да, играат игри одреден дел од денот, но имаат и нормален живот, излегуваат, се социјализираат, имаат врски, едноставно нормално функционираат.Секако има одредени случаеви кои губат граница со реалноста, каде што хобито преминува во опсесија, но тоа не е случај кај сите.Имам другарка која има долга врска со тип кој е гејмер, па сосема нормално им функционира врската, он секако наоѓа време за нејзе и за играње, и за дружби со другари.Едноставно си има нормален живот
ako si zensko na poveketo maski nema da im smeta duri i ako imas nekoj poseriozni debilitantni osobini pak ke se najde nekoj
Како дипломиран nerd мислам дека зимава конечно ќе може да ги баталиме компјутериве Не знам дали сте го виделе ова ама го начекав на ФБ а и глеам веќе некој отворил тема
Многу е лошо, особено кога тој тепа у играта. Ама направивме компромис, ќе играме повеќе од доволно летово за до септември да го тепам. Многу се нервирам кога губам и му се лутам некогаш.
Бев во брак со гејмер и верувајте ми лошо е. Познавам и релативно стабилен брак, со остварено потомство, ама мое мислење од страна - лошо е. Ваквите луѓе патат од целоста апатија кон остатокот од светот. Имаат непрофитно и неверојатно скапо хоби на кое го посветуваат целото слободно време и внимание, секогаш е на врв на приоритетна листа. Патат од лоша зависност која ги спречива да се остварат на останатите полиња во животот. Тоа е она кога ќе премине во хроничка параноја, деноноќно неспиење, запоставување луѓе, меѓучовечки односи и обрски заради истото. Човечка смрт не е трагична колку смрт на карактерот во играта.Те тера по втор пат да се замислиш за компромисот во кој влегуваш заедно со врската со него, не секој е спремен да биде така игнориран и препуштен сам на себе. Заради ваквото нивно однесување трпат врските, трпи семејството,трпи и работата и здравјето. Се во умерени граници е во ред, но гејмерите се друга категорија. Да, имам генерално лошо мислење за мене. Нивната работа што гледаат во тоа, јас не се гледам со нив. Голем турн оф е ако дознаам за некој со кој би се гледала дека е гејмер, ако изопшто го дознаам тоа во меѓусебна интеракција, ако излезе од дома и дојде на дејт.
Искрено, не верувам да се променам самиот себе дали во брак или во врска, ама мислам дека не е точно ова. Сето е индивидуално на личноста колку сака да посвети внимание, односно што става на прво место. Јас сум љубител на игри имам учествувано на многу турнири, ама кога се има поважни работи во животот, еве да речем според мене партнерката или евентуално работа или било што нормално дека нема да ми е на прво место гејмањето освен ако не сум професионалец и правам од тоа пари.
Брат на моја другарка буквално доживеа срцев удар на 19 години. И да го сметам играњето на компјутер како фактор. Затоа што се случуваше и по две недели да не излезе од собата. Се изолира од семејството, од пријателите, од сите. Не го продолжи образованието. Јадеше и пиеше сам ако му донесат во соба. Сончева светлина ни свеж воздух немаше почувствувано подолго време, нередовно спиење, изгубен контакт со реалноста. Го фаќаше параноја ако мораше да излезе, а при тоа да нема пристап до интернет и да ги обави неопходните ажурирања, фајтови, не знам што не. Секако дека е хоби, секако дека се сложувам дека постојат луѓе кои тоа не го злоупотребиле. Меѓутоа сум децидна дека треба да се третира како зависност кај луѓе кои патат од неа. Од лични искуства сум развила лоши предрасуди за гејмерите. но не судам избрзано. Имам драг пријател, кој е апсолутно непотребно многу опседнат гејмер. Има семејство, децата му израснаа во целосно негово отсуство. физички тука, ама моментално отсутен. Голем дел од семејниот буџет го инвестира во компјутерот и скапи додатоци, автомобилот кој го вози е поефтин од куќиштето ! Не би коментарала туѓ буџет и лични избори ама мислам дека е греота како со три деца живееа до пред извесно време во изнајмен дом, од денес за утре со неплатени сметки. Освен струја и интернет, приоритетот. Јас лично, како партнер - не би го трпела. И кога одам на гости со свртен грб еднаш до два пати дофрлува од пред комјутер дури псуе некултурно кочијашки во сечие присуство заради играта. Не спие со денови, за после со денови да спие.
Сепак како што реков е до индивидуата, не мора да генерализираме и сите да ги ставаме во ист кош. Јас пример ем играв по 10 саати дневно, ми се имаше случено со бивша девојка да играме до 8 саати без престан. Пак имав време да излезам надвор, да вежбам во теретана, изиграм фудбал и се видам со другарите. Исто така тукушто завршив факултет.
@XstrongerX Стронги, ти со описов и примериве зборуваш за зависност од видео игри, и тоа тешки зависници - а не за гејминг и гејмери општо. Мислам, сфатливо е поради негативното искуство, ама сигурно и ти сама си осеќаш дека ова ти е стереотип. Исто како да кажеш дека ти е turn off ако некој на пример се декларира како bookworm, филмоман и сл, па дури и редовен форумџија или твитерџија на пример. Секое хоби (игри, филмови, серии, книги, цртање, стрипови...) е валиден дел од личноста кој ја прави интересна и своја, секако - сѐ додека не се преминат границите.
, Апсолутно согласна, смешно е можеби ама мислам дека сепак вредеше некој да изнесе факти и последици од зависноста кај оние кај кои прераснало во зависност. Инаку има луѓе кои професионално го работат ова и секоја почит за нив. А има и такви кои го прават умерено од хоби и тоа е во ред.
Исто како на некој што му е зависност да скита излегува нон стоп да биде надвор без разлика какви му е хоби-то надвор од дома, така јас дома седев и сега понекогаш гејмам и уживам во тоа. Тоа умерено, пример кај тебе се едни граници, а кај гејмерот дечко/сопруг да речеме се други. Со компромис очекувам да се најде една средина што одговара на двајцата ако е веќе дојдено доттука.
Дм е гејмер после работа право на компјутер. Викенди не е на работа цели викенди ги поминува во гејмање ,со другарите кога се собира исто гејмаат и воопшто не ми пречи затоа што никогаш не ме запоставува поради игра. Мене ми се допаѓа тоа и не го гледам како ништо лошо јас никогаш не би била со некој што дреме во кладилница или пак кафана .
Јас сум 18 годишен и голем дел од животот го поминав со гејминг, јутуб, редит,memes и јапонско аниме. Немам многу пријатели, а тие што ги имам се гледам со нив само во школо. Работата кај мене е тоа што ме фаќа депресија дека никогаш нема ништо да успеам во животот. Причината за тоа што сум во ваква ситуација е поради bullying уште од мал и... daddy issues. Би сакал да се сменам но не верувам дека ќе можам, I'm hopeless ;_; Сакам барем да имам повеќе пријатели/ки, но и тоа тешко. Се осеќам дека јас сум единствен ваков во Македонија. Убаво ми е кога сум на само но и свесен сум дека е лошо. Стварно незнам што да правам.
@AntiSocialWeeb Најлошо е да се самосожалуваш. Верувај, проблемите се решаваат од самиот извор, т.е од самите нас, односно ако ние најпрво не си помогнеме, нема никој. Разговарај со некој близок за малтретирањето, мораш. Верувај јас кога споделив со блиските дека страдам од социјална анксиозност пред неколку години, после разговорот се чувствував како не камен, карпа да ми паднала од гради Што се однесува до социјалниот живот, штом имаш желба да се дружиш, во Македонија има доста гејмери, можеш да се поврзеш со нив, да се здружиш и така да развиваш пријателства. Полека но сигурно, почни од некаде Ти посакувам многу среќа
@Animali Фала за овие зборови. Веќе немам проблеми со него не се секирај за тоа. (The damage has been done though ) Незнам, јас ги гледам игрите како нешто да си ги отргнам мислите од мојот моментален живот и би сакал да прекинам, ама од друга страна добра идеа е да се здружувам со други гејмери. Не бива вака работа како што е, коментаров ми дава надеж иако мислам дека го имам испуштено возот