Гејмерски дневник

Дискусија во 'Слободно време' започната од AziskaStrslenka, 3 декември 2014.

  1. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Не најдов слична тема,а за да ја отворам ме поттикна темата „Гејмери,компјутери и нивното влијание’’. Бев изненадена од тоа дека на форумов имало повеќе гејмери и гејмерки од што си мислев и од што очекував,па решив да создадам тема во која би можеле да дискутираме околу игрите кои што ги играме,да споделуваме искуства и да бараме совети, додека на некој начин темава може да биде и како гејмерско СДК. :)
    Гејмери,ве чекам :D
     
    На Dabria, Vitaly, omg92 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Машки
    Аирлија нека е!
    :clap:

    И те како има простор за дискусија во тема како оваа, се’ зависи само од учесниците, нАли. :D
    Може да се прашува за конкретни игри, за проблеми при играње/инсталации... Сум видел на многу други форуми нешто вакво, и функционира сосема солидно.
    Eво за почеток, ако има кандидат(и) за CS: GO (Steam) или SC II (Battlenet) нека се пријават, катадневно паѓаат јаки рунди. :D
     
    На ELIDavor, Nausicaa, Igrata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Одлична тема другарице! :*
    Фалеше една ваква на форумов! :D
    Ајде гејмери, искажете се! Немој да се срамувате!!! :!: :D
     
    На Nausicaa и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Машки
    Наградно прашање/ Игра ли некој/а тука WoW D?
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Одлична тема, јас ја имам CS:GO во Steam така да кога ќе се соберете пишете за некоја партија :DD
     
    На Nightwalker и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  6. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.563
    Пол:
    Женски
    Јас порано играв Counter Strike, го гледав брат ми како игра, па покрај него и мене ми стана интересно. Па понекогаш и преку сервер ли што беше тоа не знам, игравме од два различни компјутера, тој на вториот спрат, а јас долу, и многу се нервирав кога играше против мене :D.
    Сега се мислам пак да си ја најдам, ама ќе немам време да ја играм :P.

    Гејмери, поздрав!
     
    На Nausicaa, AziskaStrslenka и luci22 им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    16.731
    Одлична тема, браво за Азиска Стршленка :clap:

    Кратка гејмерска биографија - прва `озбилна` игра што ја свртев беше StarCraft, омилена игра ми е Dead Space, тешка носталгија ме фаќа по Diablo 2та a моментално ја довршувам Mass Effect 2.
     
    На ELIDavor, Sunshine.Sunshine, Dvolicen и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Paradox

    Paradox Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Ауууу колку се нарадував на темава не сте свесни :D
    Првиот допир со гејмање ми беше кога за нова година "Дедо Мраз" ми донесе NES (Nintendo) a некоја година подоцна и Супер Нинтендо. Тоа за мене беше и ќе остане the golden age of video games,
    Duck Hunt, Castelvania, MegaMan, Super Mario, The legend of Zelda, Contra, Adventure Man беа игрите кои ми ја всадија љубовта кон гејмингот.
    Sony Playstation поради слабата финансиска состојба никогаш не добив, но имав другарче што живееше во куќата спроти мене па секој ден после училиште се залепувавме пред телевизорот играјки Tomb Raider, Crash Bandicoot, Crash Team Racing, Tekken 3....
    Со компјутерски игрици започнав кога почнав да одам во локалната ми компјутерница, додека сите мои другарки дремеа на Piczo, јaс ги гледав дечките од маало како играат Conquer и за кратко време им се придружив. Не бев нешто премногу активна ниту пак трошев премногу време на играта, но сепак сместена ми е на посебно место во срцево затоа што ми беше првата mmorpg игра. Потоа ја почнав Talisman, па еден период играв Perfect World, потоа Battle of Immortals, па War of Immortals (Ова се mmorpg игрици што ги имам подолг период играно)
    Од компјутерски игри што ми оставиле најголем впечаток и што имаат посебно место во срцево мое се: Bioshock и Bioshock 2, Tomb Raider:Legend и Tomb Raider Anniversary, Telltale's The Walking Dead(колку солзи исплакав), Lego Harry Potter, и South Park Stick of Truth
    Од moba играм League of legends, aggressive support со Soraka, или АDС со Jinx и тоа тазе сум во моба гејмингов, почнав годинава и добро ми иде.
    Периодов играм најчесто LoL, Minecraft, Hearthstone и Sonic & All-Stars Racing Transformed a oд наредната недела ќе почнувам со Telltales's Game of Thrones.
    Пред некое време ја завршив и Chrono Trigger, на snes emulator ja играв и слободно можам да кажам дека е една од најдобрите игри создадени ever.

    Ако е некој некогаш за партија Лол, или Хартстоун само пишете па да се издоговориме :)
    Иначе моментално штедам пари за Сони 4че, зашто сум намерачена на милион игри, па со дечко ми штедиме да си зееме едно заедничко.

    И така, аирлија да ни е темава, да се дружиме и да си гејмаме уште долго :)
     
    На ELIDavor, Dabria, Marossa и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Машки
    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА КРОНО-ТРИГЕР, АУ!!!
    Инаку, јас сум „ветен“ фан на Нинтендо...
    Оттаму и јасно ти е зошто и како ја знам, и ја имам играно таа, како и многу други.
    За Хартстоун, пиши ми во ЛП твој Battlenet username и тоа е тоа.

    Риспект и за TR Anniversary... Прекрасна игра.
    Crash Team Racing? Ја опиша прва и втора година средно кај мене. :D

    И општо, браво за мислењево... Ги имаме сега сите информации за твојата гејминг кариера. (fingers)
     
    На kikkki, Dabria, Paradox и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SelinaKyle

    SelinaKyle Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    2.135
    Пол:
    Женски
    Jас играм 8)
    На молтен, ако играш на ист кажи ќе се најдеме.
     
    На Bokchee му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    88
    Некој кој игра LOTRO (Lord of the rings online) ???
     
  12. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Еее супер тема.. :D
    јас веќе 4-5 години играм кантер, пред една година мислев ова е глупост за мали деца и напраив пауза,но последниве 5 месеци играм без да станам од пц лелее мајкоо :worried:.. сакам да почнам да ја играм Лол и cs:go па ке видимее
    Позз гејмери :*
     
    На ELIDavor и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  13. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Ехеј,што убаво ми тргна темичкава,за мераци :D Повеќе ве имало од што очекував и тоа ме радува.
    Моја кратка гејмерска биографија - Порано ги играв The legend of Zelda,Tekken 3,Diablo 2,Dota и Dota 2,Minecraft и World Of Warcraft,а во моментов највеќе ја играм League Of Legendѕ.
    Во последно време малку си го имам запоставено гејмањето,од причина што имам многу обврски,Нинтендо веќе немам,а на Сони од време на време играм од кај еден другар,па одвај чекам да го оправам компјутерот и да почнам и со некои нови компјутерски игри,а и планирам да пробам некои кои што ги набројавте тука.
    Омилени игри дефинитивно ми се сите од The Elder Scrolls серијалот,а за мој вкус не постои подобра игра од Skyrim :D Се надевам дека ќе продолжиме да ја исполнуваме темава со повеќе мислења! Ве гушкам,гејмери :hug::*
     
    На ELIDavor, Dabria, Paradox и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    819
    Пол:
    Машки
    Абе да се собереме вака најубо ќе биде.
    Ми се игра маме32 :P
     
  15. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    2.509
    Пол:
    Женски
    Јас сум изрод не имам играно ништо освен комшија и една фабрика за бебиња хахаха
     
    На Sunshine.Sunshine и luci22 им се допаѓа ова.
  16. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Машки
    Јас имам играно Counter Strike, Red alert, Yuri's revenge, Generals, Dota I sega aktuelna mi e samo Dota 222222222 :P
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Женски
    Нели не сакаше да се дружиш со гејмери?

     
  18. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Абе ја често мењам мислење, сватив дека уствари сакам понекад да опалам некоја игра, нема ништо лошо во тоа да сакаш да играш, не вреди да се седи мн на фејсбук.

    Сега си ја ставив Craft The World, доста забавна е треба да ја пробате. Ќе ја упалам после и марио во емулатор..

    [​IMG]
     
    На BabyD0ll му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    4.443
    Пол:
    Машки
    Ајде и јас малку да си ја образложам моменталната состојба. :lol:
    Имам PC, Nintendo Wii и Nintendo 3DS.
    Сони 1 и 2 игри сум играл преку емулатори на PC, одлична алтернатива е.

    Онлајн периодов сум само со Starcraft II и Counterstrike: Global Offensive.

    Singleplayer, ја преигрувам по којзнае кој пат Serious Sam: The Second Encounter (целиот SS серијал ми е омилен FPS избор, особено на serious/mental тежина), а паралелно изделувам време и за Mario Galaxy, веројатно најјакиот Марио наслов ever.

    Кај и да е, ќе и’ се посветам на Skyrim: Legendary Edition. :)
     
    На Dabria, rose60, AziskaStrslenka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    304
    Пол:
    Машки
    Ја чекам новата Dragon Age Inquisition да изкочи со крак
     
    На omg92, Nightwalker и BabyD0ll им се допаѓа ова.