Геј пријатели

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MalataNena, 9 октомври 2011.

  1. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    180
    Пребарав...мислам дека ваква тема нема...сеедно...
    Дали вие имате геј пријатели и дали би сакале да имате? Познавате ли некој што е одговара на описот на стереотипен геј?
    Добив инспирација прееска....кога си праев муабет со еден од нив...јас ги имам повеќе и баш ми е забавно...немам ништо против нив (освен идеата за посвојување на деца"тоа не ми се свиѓа") јас мислам дека и они се луѓе и кога ќе ги слушам малце подолго ми доаѓаат солзи на очите...незнам зашто ама мислам дека се многу по емотивни...не баш би рекла дека се работи за емотивна манипулација иако сум многу сентиментала...сепак имам силен став дека во нив нема ништо лошо...да знам повеќето од вас сметаат дека тоа не е природно...ама реално не се природни други 10000 работи и ние пак ги прифаќаме како секојдневие...што мислите вие за тоа? :rofl:
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.442
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Немам такви пријатели, освен ако имам а незнам :) мислам дека познавам некои но, не сум сигурна дали се геј. Иначе немам ништо против, не се они криви шо се такви, треба да се прифатат значи они се нормални луѓе како сите останати. Исто и јас сум смо против за деца, значи според мене греотка е дете да расте со двајца татковци или како и да е. Нека ги признаат се геј бракови и таму со треба ама за деца не бива.
     
  3. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Имав порано таков другар и долго се познававме,и баш ми одговараат за муабет искрено да кажам.И да те насмеат знаат,и озбилен муабет,и совет да ти дадат и критика и се...немам стереотипи околу тоа,кој како сака нека живее и нека се чувствува,секој е одговорен за себе, и сам пред себе и пред Господ ;)
    повеќето мислам дека се добри,фини,културни,инспиративни,иновативни,имаат имагинација и знаат да бидат покрај тебе кога ти е тешко.Баш сакам да имам повеќе такви другари,незнам зашто ама многу ми се пријателски настроени и искрени бре :) а тоа го ценам.Долго време веќе го немам тој пријател,изгубивме контакт,он е во друг град.Имав и познаници 2ца али тие беа онака пролазни во еден период од мојот живот.И по серии кога гледам таков лик ептен ми е интересен,и сакам да имам најдобар другар геј.Ќе го косултирам за се,за мода,за шминка,за проблеми,баш за се...имаат интелегенција.
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.259
    Јас синоќа помогнав да настане еден геј пар :) па проценете колку ми сметаат :lol:
     
    На MajklMK, MaggieTatum, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Ги имам повеќемина од кои двајца навистина блиски пријатели, и тоа ептен блиски.

    Не знам што повеќе да се каже на темава? Јас одамна не ги рачунам како да се некако поинакви од околината освен во моментот кога ќе почнат да се бакнуваат со дечкото или ќе ми речат - еј Станко ме растури вчера :D
    И јас тогаш си велам - упс, е некои детали не ми се потребни.

    Во глобала ми се сосема ок, дури и се работи за натпросечно интелигентни, уникатни суштества, но не заради тоа дека се геј туку веројатно онака, природно си се такви.
    Иако да се бориш со една средина која не те прифаќа онаков каков што си, бара малку поинаков начин на размислување и тоа е речиси вистинска борба со реалноста околу тебе.

    Ма супер ми се, поготово овие блискиве другарчиња си ги обожавам, прекрасни личности се.
    Некогаш се напорни за карање, бетер него жени се еј, ама фино е да можам пред нив да прошетам во долна облека после туширање без устручавање и без да си мислам - еј сега овој ќе си мисли дека го заведувам :angel:
    Се шегувам, навистина ги почитувам премногу како другари и ги сакам. И како што реков - речиси и да заборавам дека се геј.
     
    На anabel-a, srcekrsacka, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    Јас шо толку мразам пе*ери и ме казни Господ другар мој да стане геј. Не баш да ги знае сите модни случувања и нови фризури, ама сепак знае повеќе од одтснатите.

    Откако јавно кажа дека е геј веке нема ни еден другар сите избегаа. Му велеле ако се дружам со тебе треба да те натепам. Јас па го заебавам викам од страв ти избегале другарите. Има многу зафрканции на негова сметка. Новиот тип шо му е ептен е убав, му викам како бе не ти е срам да ни ги зимаш на нас девојките најубавите мажи и да се е*еш со нив а ние да спиеме тука со овие со стомак и бубулици. МИ смета неговата сесуална ориентација жестоки расправии сме имале на таа тема, одвратен ми е дури да го гледам, секогаш кога го гледам го замислувам напред наместен на доги стајл (не знам дали во геј сексот тоа е догги). Ама ете сепак ми е другар па се дружиме. Предноста е што ниеден мој дечко не ми забранил да излегувам со него на кафе.
     
  7. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.953
    Допаѓања:
    24.310
    Јас не би можел да имам геј пријатели ,и еве ке преставам 2 сцени зашто е тоа така


    1 сцена
    Фудбал , сите машки праиме по саати и два и три и четири муабет за фудбал а колку што знам оф форуми и филмови ниеден Геј маж не прави муабет за такви работи и сега знам дека ке биде глупо
    седиме сите кај мене дома и прашува човекот
    - "што ке гледаме" , јас одговарам фудбал
    - "Aма јас негледам фудбал" .......... GET OUT OF MY HOUSE

    2сцена
    се знае што машките најчесто прават муабет , со него неќе можеме тоа ... или пак ситуација
    шетаме некаде поминува згодна девојка ... и јас викам леле ама е убаво девојчето а он ми вика
    -"Леле ама е убав оној дечкото ".... Remove yourself in the area next to me, thank you


    Затоа не дека ги мразам ама едноставно неможам повеке од 10 мин муабет со нив да направам никако ... ( и не ми кажувајте исто ко со женско да збориш ... НЕ Е ИСТО го нема шмекот и срамот ... )

    а сега ако се Геј од понежниот пол
    тогаш би се дружел оти знам дека срцето мое ке ми биде исполнето со радост срека и малце надеж ....

    ( А што да некое машко ке одговори поразлично ???!?!? НЕМА ! ) ....
     
    На Maxymous и antilla им се допаѓа ова.
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.775
    Аааа Јипман се лажеш! Гледаат фудбал - од истите причини од кои што гледам и јас, море и бетер :D Јас колку толку пратам игра и голови, а не само sixpacks и згодни г’зиња.

    Другар ми си ги има на десктоп на лаптопот сите фудбалери од Интер Милан - мислам дека они направија за Армани слика во долна облека нели? :D

    А за геј од спротивниот пол, не знам баш. Не ги мешај девојките од оние срамотните филмови со геј девојките, се сфаќаме нели? ;)
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.188
    Hемам геј другари, а можеби и имам а не знам, и не ми пречат, која сум па јас да им судам што да прават во животот!
    нит ги мразам, нит им се грозам, имам видено еднаш во мојот живот, како се лапаат 2ца гушнати, и не ми се згади, и тие се луѓе господе боже, не можеме сите стрејт да бидеме
    Kој како сака нека си го жиее животот, многу мразам луѓе што си го бутаат носот кај што не треба бре, леле педери, леле за на бесилка се, леле леле |(
    Aјде бре, ти си за на бесилка со овие комунистички размислувања
    пре би мразела вакви луѓе полни со предрасуди, отколку геј!
    сите не сме исти- а да бевме светот немаше да биде интересно место за живеење :)
     
    На srcekrsacka, pufi-cufi, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.824
    Допаѓања:
    75.633
    Пол:
    Женски
    Немам геј пријатели и не би сакала да имам! Неможам да ги сватам тие луѓе што имаат х. врска :puke:
    Кога ке видам како се држат за рака , се бакнуваат итн. ми иде да :puke: искрено :x
    Премногу сум против ваквите `врски` и никогаш не би се дружела со такви луѓе. :envy: :worried: :x Се извинувам ако навредив некој ама ова е мое мислење.
     
  11. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.422
    Немам геј пријатели, односно може имам но не знам. Не ми сметаат воопшто геј паровите. Имам видено геј пар како се лапа и не се згрозив, го почитувам секој избор. Секој си има право да си ја определи сексуалната потреба, дали ќе биде со некој од спротивен или ист пол.
     
    На srcekrsacka и LGBT им се допаѓа ова.
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.099
    Имам геј пријатели да. Некогаш заборавам и дека се геј.
    Не ги гледам како нешто посебно, или нешто загрозено за човештвото како повеќето или постарите еве.
    Не ми сметаат воопшто, нивни живот, нивни избор. Верувам дека секој има право овој живот да го живее до макс како што самиот сака и му годи, така да која сум јас или па некој друг да им суди.
    Не ми сметаат, ич.
    Само use condoms.

    И еве,

    http://9gag.com/gag/334309?ref=fb-share
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    133.812
    Немам, ама сакам да имам ;) .
    Добро би дошло да имам еден таков пријател за шопинг. Велат дека се незаменливи ;) .

    Немам ништо против нив, па и тие се луѓе.
    Се додека тој мене ми е другар, мене воопшто не ми смета дали е геј, дали е проститутка или било што.
    Луѓето не ги делам според нивниот сексуален живот.
     
  14. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    197
    јас лугето ги гледам во оЧите, и и ја гледам душата, а не гледам во тоа што се и како се, секој Човек има право да бира што сака и што го прави среќен, голем противник сум на дискриминацијата гоолем.
     
    На Janina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.770
    Допаѓања:
    107.929
    Имам и го обожавам.Не само што изгледа добро,не само што танцува одлучно,туку е прекрасен пријател,препаметен,образован и работи во една светски позната компанија која е во топ 10 во светот (си го пофалив сега :D ).
    Предрасуди?! Немам! Дали го разбирам секогаш?! Па,не баш,ама се трудам.Дали тој мене?! Секогаш! Дали има дечко?! Има! И ако ви кажам што работи,ќе се прашате е како може таков човек да биде геј?! Е може! :D
    Тчао!
     
    На anabel-a, La.Reina.Del.Sur, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.899
    Ко прво, искрено можам да речам дека повеќе ми се гади од ограничени личности кои велат : „Леле педери, како може да се лапаат, леле гадно ми е да ги гледам како се држат за рака, леле ова , леле она.“, отколку од геј личности. Озбичлно? До кога вака бе? Прво се збори како треба да се биде свој и уникатен, а откако ќе сфатат дека не си стрејт него геј или бисексуалец одма почнуваат со дискриминација и предрасуди. Аман! Дајте бидете малку open minded. Со мајка ми дома маки си мачам да објаснам дека нема ништо лошо во тоа да бидеш поинаков од другите, нема ништо лошо во тоа да се разликуваш и да бидеш геј! Нивен живот - нивно право!

    Ко второ, мислам дека има настанато некоја забуна меѓу гејови и феминизирани гејови. Не значи дека сите машки што се геј мора да знаат се околу модата, да се облекуваат во последна мода и да обожаваат шопинг. Тоа важи за оние кои се пофеминизирани. И не значи дека ако се геј не гледаат фудбал или некој друг спорт, туку само Fashion TV и дека освен муабет за мода со нив асален муабет не можеш да направиш. Ама ајде да не забегувам многу од темата.

    Имам еден другар (не многу близок) од клас кој е геј. До сега не сум го видела со машко, но имам другарка која го видела, плус со самите негови изјави и потези можеш да видиш дека е повеќе заинтересиран за машки отколку за женски. Не ми се гади од него, напротив многу мила личност е, иако некогаш знае да ме изнервира и да биде досаден. Сакам да имам геј пријател, ама не феминизиран. Ги сакам бидејќи се многу мили и чувствителни и знаат да се сослушаат и кога и да ти е потребна помош ќе ти излезат во пресрет. И никогаш не би дозволила дечко или некој друг да ми забранува да се дружам со геј пријател. Искрено се надевам дека кога ќе пораснам ќе имам најдобар пријател кој ќе биде геј.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Oва а? 8)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    Д&Г+италијанска репрезентација= совршенство 8) Па ги сваќам како да не ги гледаат :lol:

    Некој ептен близок геј пријател немам, а немам ништо против, освен да не претерува во искажување нежности.
    А геј момци познавам, имам познаниче, кога сум искачала со него жени му се лепат ко магнет е. Сепак последниве години си ја дефинира сексуалната ориентација, претходно си одеше со девојки и тоа список на прекрасни девојки си има. Лепотанче е, премногу интелегентно, шармерче, никад нема да приметиш дека е геј.
    А друг ми е колега. Ептен е фин, супер е, одличен контакт си има со сите колеги, не се изјаснува како геј нормално, но сите тоа го знаеме и си молчиме, супер колега е.

    Баш кога го гледам Стенфорд другарчето на Кери Бредшо викам дека сакам таков пријател. А дечко ми баш ми вика слободно најди си и дружи си се, само мене не ме мешај со него во исто друштво :lol:
    Муживе се потапа кога станува збор за геј пријатели, ги игнорираат, повеќето жени немаат против очигледно. Која жена не би сакала геј пријател за шопинг, нели? :)
     
    На srcekrsacka и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.341
    Јас искрено кога сме гледале по филмови, и кога се занесувале другаркиве дека сакале геј другар, секогаш сум мрчела дека не се америка, дека се Македонија, и многу да не изведуваат. И Јас сама сум си велела што другарство е тоа, за нас неприродно, да не знаеш како да се однесуваш. Другарка си е другарка.
    И така си бев скептик, се додека не се најдов во период секој ден да ги слушам речениците "Мори Феарлес лакот излупен ти е алоо!!", "Има преубави шарпи во тој и тој бутик, ај да ги видиме", "Мајками што си купи еден лосион за тело, абе преубав е" и мириса цел на него, аха мајкати си купи. :D

    Оваа душа од човек, со мене има ист роденден, и кога го запознав, по 10 минути се осетив како да ми е брат, и дека го знам 100 години. Ми го збогати животот со тоа што е една прекрасна личност. Никогаш немам зборувано за неговата сексуална ориентација, оти сме имале многу поарни теми за разговор, и двајцата сме како валајци, и се поттепнувавме кој да престани, за да зборува другиот.
    Најубавата форма на веѓи ми ја направи бе. КОнстантен потсетник ко ке почнат бркчиња да ми растат ми беше.
    Имаше еден парфем, ни се бендиса дотука бидува, јас си го зедов, и сеа му викам јас море срце ајде 8ми март иди, за мајкати подарок, оти му беше непријатно, и кевови беше си го купи. Другарками еднаш од Америка ми донесе Викторија Сикрет, и ко ке дојдеше кај нас нон стоп, "Феар не седнувам непрснат од Викторијата".
    Колку ми недостига да ми рече "испрај се", или пред излегување "мислиш наочари ако ставиш за сонце пудра дека не треба??" или "алоо, кај одиш ко џупка со то патиките валкани, не можам да те гледам" :D а тој среден стакло.
    Во моментов е во Хрватска и работи таму, и ретко се слушаме а многу ми недостига :(
    Како личност пред се, за се да си направам муабет. Сега е многу поопуштен сега, порано од што му беше непријатно одевме со мислењето дека е сингл, и не го чепавме повеќе. И му посакувам се најдобро, зошто е преискрена и предобра личност, без разлика на неговата ориентација.

    И не ми сметаат, ни под разно.
    Симпатични ми се, пред се луѓе да се, после што им прави кеф на душа тоа нека си прават.
     
    На mazikeen, anabel-a, La.Reina.Del.Sur и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    37.076
    не е баш геј и со машки и со женски може :lol:
    иначе сака да се шмикна се облекува така женкасто ида кај мене на кафе и си праиме муабет за машки али не ми смета мене бач подобар испаднал од многу женски другарки :)
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Немам, ама не би ми пречело да имам. Напротив, сакам да имам.
    Сакам да си имам едно геј пријателче, кое секогаш ќе може да ги сфати женските маки без предрасуди, кое секогаш е спремно да дојде со мене на шопинг, да пие кафе со мене, некој со кој можам да зборувам отворено за машкиот пол, некој кој ќе ме разбере...
    Велат дека геј луѓето биле фини како пријатели, така сум чула... Ама би сакала и да се уверам во тоа.
    Зошто да не?!