Многу стереотипи владеат, страшно. Машко геј не секогаш е исфеминизиран и женско геј не секогаш е машкобањасто човече. Муабетот ми е дека сите вие што велите дека не ги поднесувате и не ги сакате во свое присуство, не сте ни свесни колку ги има околу вас па ете пак терате. Се ви е во главата. Имам најдобар другар геј, паметен дечко,факултетски образован, не се прави дека е различен, туку напротив докажува дека е ист како сите други,не оди по паради , го смета тоа за глупост исто како и јас. И погодете што ? Одлично е прифатен од средината,буквално од сите мажи,жени,старо,младо,бидејќи е тоа што е, без правење филмови и падање у несвест дека е различен.
Не би ми сметало да имам таков другар.Баш може да е забавно, заедно ќе си гледаме машки ќе си ги коментираме,ќе си даваме совети. Та педер та геј или хомосексуалец.Различен збор со исто значење.За мене не е навреда тоа, или пак лезбејка.Проститутка и курва ако ви е исто тогаш и ова може.Лаички кажано е, немора да се правиме поштени сега овде на форумов.Кој е покултурен.Да ви се спојат жичките сигурно нема да кажеш мрш Ром/Албанец еденБидете си свои малце немора маскирање овде.Никому не му е гајле како ќе се обратите на друг се дур не го навредите него.Бар за мене е вака
Да одиме по улица со мојот геј другар и тој да се врти по машки и да ми вика брат види го каков е... Заеби тоа.
Ќе дојде некој другар и ќе ти каже: Абе брат геј/хомо/педер сум како год, и што ќе му кажеш?Абе брат заеби другарство не сакам да се дружам со такви како тебе?Лесно е да пишуваш по форуми, оди направи го тоа.Замисли како ќе се осеќа он, како лепрозен да е.Не бидете апатични особењаци гледајте со поширок спектар кон светот не само до кај ви стига погледот преку носот аман.
Тоа што читам какви сценарија си правите (ќе се вртел по мажи на улица, знаел дека е изопачен, сите гејови несреќни биле, чудна аура имале) сè повеќе ме тера да мислам дека геј немате видено во животот.
Неее само не можеш да бидеш толку близок другар со некој со кој немате исти интереси. Ако се собереме машко друштво и збориме за пи*ки, што придонес ќе даде тој? Ќе ни кажува за дечко му?
И шо ако?Може и ти го тапацираш со бед теми па никому ништо.Пак те трпат у друштво.А еве гледам машко друштво а се собере збори за п**ки.Јаките п***ки што ги има во Скопјево па ќе ги зборите.И не ги зборите туку се фалите кој од вас повеќе легнал во една вечер.Подобро геј него сељак.
хахахаха која констатација еј . Добро бе какво ти е ова размислување ? Какво мерило за среќа употреби да донесеш таква процена ? Ако мислиш дека гејовите се несреќни, а стрејт по дифолт би требало да се среќни, не мораш подалеку , туку еве на форумов, отвори во темите врски,љубовни проблеми,да видиш како и на оваа страна не цветаат ружи.
За искуство знаеме дека ќе има повеќе, нормален човек не би посакал такво искуство. А знаење неможеш да кажеш дека ќе има повеќе бидејќи ниту еден геј не е именуван во дискусијава. Може да е геј и да е начитан до немајкаде ама џабе кога оди против природата и ја величи својата болест како да е нешто најнормално.
Мoже и стрејт дa е, aмa кoгa имa вaкви рaзмислувaњa, нaлет целa прирoдa и нoрмaлнoст штo јa пoседувa.
Немам геј пријатели, само познаници. Никогаш не сум ги осудувала луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација, затоа што секој си е различен и си го прави тоа што сака. Напротив, јас ги поддржувам хомосексуалците и баш би ми било мило да имам геј пријател. Отсекогаш ми биле интересни за дружба, не знам зошто. И морам да напоменам, во ред е едноставно да не сакаш да се дружиш со вакви луѓе, но крајно ниско и очајно е кога ќе слушнам коментари за тоа како некој може да биде хомосексуалец и дека е одвратно. Никогаш не се знае животот што носи. Можеби тој што коментирал утре ќе биде дел од нив.
А да, и во врска со јакиот фраерски муабет на Анон погоре да додадам... На секое интелигентно и не површно стрејт машко би му било подобро поминато времето со исто таков геј пријател, отколку со некој стрејт на којшто муабетот цело време му се врти околу п**ки (цитирам) и загледување во женски у стил „уфф што би ѝ правел на оваа“
Ja si imam gej prijateli i super se bas se fini i cesto znaeme da se zabavuvame i si pozejmuvame igracki i sl
И раскинала женската, па се решила да се врати на принцот, ама и тој дечко си фатил у меѓувреме па зела се направила статива. Чича-мича завршила прича. Врти-сучи не е нормална појава. Затоа се и несреќни,не сакаат да ја прифатат вистината дека тоа е болест. Кој алкохоличар рекол за себе дека е зависник? Или кој луд кажал за себе дека е луд? Така и со нив. Имам другарка лез и имам многууу пати разговарано, ни самата не сака што ете пати по женско 10год. зошто знае дека не е нормално, но не знае како да го реши. Значи и треба стручна помош. Како пријател е најсупер од сите околу мене, слободно можам да кажам, по фер лик немам сретнато. Мене не ме гледа со такви очи, нити па мене ми е чудна, жал ми е што не можам јас да помогнам.