1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Геј пријатели

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MalataNena, 9 октомври 2011.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа не е можно бидејќи нивното движење вели дека тие така се раѓаат, што не е точно. Ако е така не би требало да се промовира хомосексуалноста. Не е одвратно да си геј туку е неприродно, а одвратно е да го промовираш тоа како што тоа го прават по парадите, дури и во книги за мали дечиња почнаа да ги пишуваат. Секој нека прави што сака во својот кревет, но во јавност тоа треба да се ограничи.
    Мене лично не ми се интересни за дружба, минатата година ми се закачи еден, пристапи културно ама после ми рече ајде бе што само еднаш.
     
  2. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Немам ама сакам да имам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски

    Види, веќе напоменав дека секој си е различен. Јас не гледам зошто да бидеш геј е неприродно, исто како што не гледам причина зошто е одвратно да се промовира по паради. Тоа е природна појава која е присутна и кај луѓето и кај животните. Нема ништо чудно во тоа да се пишува за хомосексуалноста во книги за мали дечиња. Тие мали дечиња утре треба да станат луѓе кои ќе придонесат нешто добро за општеството. Треба уште од мали нозе да бидат свесни дека нема ништо страшно или чудно во ова, а не да се развијат во хемафродити кои ќе ги осудуваат тие што не се стрејт.
    Би било многу апсурдно да тврдам дека хомосексуалноста е болест или нешто неприродно, кога истата е тргната од листата на болести уште во 1990 година, ако не се лажам.
    Ако ова е твоето размислување, во ред. Јас останувам на мојот став дека секогаш ќе ги поддржувам хомосексуалците и дека е одвратно да се коментира за нив.
    А ова претпоставувам е само мал сегмент од цела приказна, така да не би судела или коментирала залудно.
     
    Последна измена: 4 март 2018
    На crimson, Ketchup, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Абе не дај Боже детето да ви е хомо или лезбејка ќе го лежите у затвор а?Они се гниди,гнаси,вештачки а гледам ние што сме стрејт цвеќе за мирисање сме.Дали мислиш дека они сакаат да се такви?Секој од нас во себе има таков ген од раѓање само што кај некој е по истакнато кај некој не.Сакал ти или не ете ти ја вистината.Ако еден ден се заљубиш во машко мислам срцето да си го дадеш на распродажба.
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ако имам деца ќе се трудам да ги воспитам како на начин на кој јас и нивната мајка ќе мисли дека е добро.
    Јас сум запознаен дека тоа не е природно и не е убаво, така ќе ги воспитам и моите деца. Се надевам дека ќе ги израснам во таква средина каде што нема опкружување кое труби на глава само за таквите работи.
    Хахахахахах не би се заљубил во маж, Бог ме створил прав, здрав, мислам и кога би полудел не би се случило тоа. Од каде ви е сега ова нели тие такви се раѓаа? Ги менувате ставовите зависно од потребите секогаш.
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Сфаќаш дека не е до воспитувањето?Што ќе му кажеш?Слушај сине немој да бидеш педер ти треба да си глава на куќата, кога ќе лупнеш на маса да се тресе се?До срцето и до гените.Мислиш на нив им држат часови по хомосексуалност по дома а?Вие машките со вакви мислења мислите дека сте алфа мажјаци и дека сте привлечни ама не сте.Кажав погоре боље геј него сељак.Па ти реков дека такви се раѓаат, само некои подоцна или порано го откриваат тоа.Имав другарка идеше со машки и се тоа и на крај сфати дека и се сфиѓаат женски, и шо да и правам сега?Да ја мавам со каиш или да и кажам ,,абе брат може ќе ме засфиѓаш заеби ти дружење".Алоо прст на чело ставете каде ви е совеста луѓе.
     
    На Yowannty, crimson и Lella им се допаѓа ова.
  7. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Неее далеку од тоа да се замислувам алфа мажјак... Туку ме буни тоа што еднаш велите дека хомосексуалците такви се раѓаат а другпат не. Не е до воспитувањето, не се раѓаат така, епа до што е?
    Ми велиш ќе сум се заљубел во машко, епа како може кога тие такви се раѓаат а јас не сум се родил таков?
    Мене свеста кај што треба ми е. Се изјаснив, нивен кревет-нивен живот, се држам подалеку од такви, тоа е мојот став.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Кај сум рекла ЈАС дека не се раѓаат такви?Гајле ми е што рекле другите ти на мојот збор се контраш.Најди ми дел кај што јас лично сум рекла дека они не се такви од раѓање и ќе ти речам во право си.Одамна знам дека сите имаме такво нешто во себе од раѓање и нема да млатам празна слама без везе овде поготово не докажувајќи нешто некому што сака да остане назаден и прост.И искрено гајле ми е што мислиш ти, а и на нив им е гајле исто.Тераат ќеф и живеат живот без моето твоето и сечие друго мислење.А те цитирам пошто не си во право не пошто ми е гајле.
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Мој став, мое мислење. Оставиме да си бидам прост и назаден, битно мене да ми е убаво. Кога тоа би било нормално не би можеле да се размножуваме, ете до толку е прост одговорот кој кажува што е нормално а што не.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Стерилноста е исто така природна и нормална појава. Ракот е исто така природна и нормална појава. Канибализмот исто така, силувањето...
    Дали тоа ги прави добри? Не, треба да имаме други критериуми за тоа дали нешто е во ред или не, а не природноста.
    Хомосексуалноста, исто како стерилитетот и ракот се јавува во природата, што значи дека е природна, но тоа не значи по дифолт дека е добра.

    Во суштина, се работи за привлечност или љубов кон некој од ист пол. Љубов кон друго човечко суштество исто како љубовта која стрејт луѓе ја чувствуваат кон различен пол. Нема зошто да гледаме со одвратност кон хомосексуалноста, кога не повредува никој и во суштина е само љубов. Како можете со одвратност да гледате кон љубов?

    Еве, јас би можела да дадам низа причини зошто стерилноста, ракот или канибализмот (па и педофилијата, некрофилијата и зоофилијата) не се во ред, сигурна сум дека можеш и ти. Ама можеш ли да дадеш слична причина зошто хомосексуалноста не е во ред, освен, нели, дека лично тебе не ти се допаѓа?
     
    На Fauhxy, Gosh, Lolo5 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    52.559
    Пол:
    Женски
    Гледам секогаш ги помешувате работите како врска и секс со потомство. Значи не мора тоа да значи потомство. И кај нормалните стрејт луѓе. Има многу такви што се заедно а не сакаат деца никогаш. Луѓето што сакаат партнер од ист пол не се болни, не дека така избрале, туку така се родени. И замисли, тие ако сакаат деца ги посвојуваат бидејќи најчесто нивните биолошки стрејт родители не ги сакале.
    Не е оваа појава присутна само кај човекот, прогуглај ќе видиш колку е присутна кај животните. Особено лавовите. Мажјаците многу често се парат меѓу себе. Значи сепак хомосексуалноста не е неприродна појава.
    Друго имам приметено колку што читам по темите, сите вие die hard верници многу повеќе ги делите луѓето и ги мразите одредени групи за разлика од невернициве. Оти нели, религијата треба да биде љубов и прифаќање. Без навреда, ама така е.
     
    На Gosh, Lolo5, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Бог ги сака грешниците но го мрази гревот. Така прават и т.н. die hard верници. :)
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Темава... како геј луѓето да се чудо некое (facepalm)
    Следна тема: Пријатели со сини очи, ако не?
     
    На Gosh, alexa_dimoska, kim.k и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Кога веќе го начнавме ова, имам едно прашање.
    Кога зборуваме за грев, мислиме прекршување на некое морално правило, така? Во случајов моралното правило би било бидувањето хетеросексуалец.

    Само, има една дупка овде. За да можеме да судиме нешто дали е морално или не, прво истото треба да помине низ два критериума: прво, дали е свесен избор на оној што го прави тоа, и секако, дали чинот нарушува нечија туѓа благосостојба т.е. дали повредува некој.

    Дотука веројатно се сложуваме. Ако ја разгледаме хомосексуалноста сфаќаме дека не е избор на поединецот (во спротивно немаше да постојат хомосексуалци во хомофобични средини), а исто така и не повредува никого сама по себе.

    Значи, не исполнува ниту еден од критериумите. Дури и само еден да не исполнуваше, пак немаше да има основа да се стави на морална дебата, дали е погрешна или не.
    Бидејќи, нели, не можеш да го осудуваш несвесниот месечар, кој не по свој избор би повредил некој кога се наоѓа во несвесна состојба, а исто така не можеш да осудуваш ни ако некој едноставно свесно си ја подигне раката, не повредува некој друг.
    Хомосексуалноста, ниту е свесна одлука, ниту повредува некој. Па од каде доаѓа основата дека е грев?
     
    На Gosh, Amellie13, lovestonedd и 6 други им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Тема за хомосексуализам има на форумот, оваа тема е стриктно за геј пријатели и редно е сите да се држиме за тоа прашање и одговорите да не идат во други насоки.

    Вакви теми може да отвориме, на пр.дали имате пријатели наркомани, алкохоличари, коцкари...се се тоа болести нели, но колку сакаме со нив да се дружиме е исто колку што сакаме некој да не гледа во друштво со педери или лезбејка...ниту пак сакам мојот син да има пријатели педери...не треба да се образложува ова, секој родител сака неговото дете да се дружи со здрави луѓе.

    Звучи сурово, болно и нехумано, но живееме во таа вистина на жалост
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Кaжи живееме вo Мaкедoнијa. :lol:
     
    На Sanjichka007, Lolo5, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Вистината е насекаде во свет истата, само наметнатите закони се разликуваат од држава во држава.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Вo други држaви имaaт пoпaметнa рaбoтa oд тoa дa се зaнимaвaaт сo нечијa сексуaлнa oпределенoст. Зaтoa и се гoдини пoнaпред. Нa пoвеќетo мaкедoнци, aмбицијa им oди дo тoa дa имaaт децa и внуци. Тoлку. Oстaнaтoтo слoбoднo време е пoминaтo зaмaрaјќи се сo сoсемa небитни рaбoти. Акo ти си сигурен декa си гo изрaснaл свoетo дете вo стaбилнa личнoст, немa дa ти биде грижa дaли се дружел сo кoцкaри, нaркoмaни и сличнo.
     
    На Gosh, sparklie, dc15 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто многу филозофирате на темава. Многу е едноставно во суштина.

    Ако гејовите си имаат право да се ебат со кого сакаат и тоа е нивен живот и ние немаме право да се мешаме, тогаш јас имам право да се дружам со кого сакам јас. И тоа е мое право и никој не може да ми се меша и да суди. Ствар на вкус крај краева.
    Нема тука никаква хомофобија пошто сите очигледно сте светски луѓе некако чудно заглавени/залутани во Македонија па осеќате потреба да ги браните гејовите.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    @Lella

    Бог ги предаде на срамни страсти: жените нивни природните потреби ги заменија со противприродни;
    и мажите исто така; оставајќи го природното зближувањсе со женскиот пол, се распалија со желби еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи отплата каква што одговараше на нивната заблуда. (Рим.1;26-27)

    Не легнувај со маж, како со жена: тоа е одвратност. ( Мојсеј, Левит 18;22)

    Ако некој легне со маж како со жена, и обајцата извршиле гнасно дело: да бидат убиени, виновни се. (Мојсеј, Левит, 20;13)

    На темава, немам такви пријатели. Не затоа што ги одбегнувам туку затоа што нема таков во моја околина, во моја генерација. Сексуалната ориентација не би требало да биде пречка во пријателството, освен ако не станува збор за имање тотално различни погледи на животот.
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.