^ Не, сексуалната ориентација може скроз да е пречка во дружењето, затоа што еве јас не сфаќам зошто геј човек би сакал да се дружи со некој што е хомофобичен и мисли дека хомосексуалноста е болест. И не мислете дека вашите мислења се апсолутна вистина и важат за сите. Ниеден родител не сакал децата да му се дружат со геј луѓе?!?! Чудно ќе го гледале другите?! Многу ми е гајле како ме гледаат хомофобични луѓе, ниеден нормален лик не би рекол: еј види ја онаа има другарка лезбејка иу.
Како хомосексуалоноста да е појава само во другите држави па ние овде не треба да чувствуваме потреба да ги "браниме". Сопствен вкус е дали повеќе сакаш сладолед од чоколадо или ванила, не дали ке дискриминираш некого врз основа на сексуална ориентација.
А нешто што би можело рационално да ме убеди различно од ,,Бог така кажал" имаш да понудиш? Знам јас дека Бог ја смета хомосексуалноста за грев, ама да го повторам претходното прашање, зошто се смета за грев кога нема основа да биде поставено на морална дебата? Јас би го прашала лично Бог, бидејќи тој првично го кажал ова, ама од очигледни причини те прашувам тебе, како некој што наводно има insight во одлуките на Бог.
Не сум во план да влегувам во дискусија со личност која на хомосексуалноста гледа како да е нормална појава. Јасно е дека мажот и жената се создадени еден за друг, природа. Маж со маж и жена со жена се коси со природата и затоа никогаш не можам на такво нешто да гледам како нормално. Ајде поздрав.
Мило ми е што ова ти претставува најсилниот аргумент, кој веќе го побив на претходната страница. Поздрав и до тебе.
И христијаните биле долго време антисемити па на крајот сфатиле дека антисемитизмот не е во ред. Дури имало и погроми во Русија и ширум светот. Ама во ред е, немам ништо против ако некој не сака да биде пријател со хомосексуалци. Негов живот е тоа. Што се однесува до темава: немам ништо против тоа. И тие се луѓе а и познавам луѓе кои се хомосексуалци ама никогаш не биле наметливи и слично. Дури и голем дел ќе најдат разбирање ако се најдат во друштво на дечко и девојка на пример. Може и да има да речеме такви кои не би нашле разбирање ама едноставно е: ќе прекинеш контакт со тој човек и готово. Како што јас немам право да му наметнувам ставови така и тој мене нема право да ми наметнува ставови.
Ајдеее, на крај хипотетичката ситуација вашето дете да има геј пријатели ќе ја споредите со тоа како да влегло во мафија Трагикомични и одвратни ви се аргументиве, споредбава со наркомани и алкохоличари не ни заслужува внимание. Скроз се согласувам, како што пишав вчера во првото мислење – вакви луѓе не заслужуваат ни трошка почит од геј луѓето. Ама како што претпоставувам и забележувам, јакиве моралисти којзнае како глумат/би глумеле во реалноста у ситуација кога екшли директно познаваат личност со друга сексуална ориентација, додека во себе ја сметаат за „грешник“ и по форуми ја кажуваат како пример за изопаченост и ненормалност. Многу ниско... Btw, зошто бе нема теми Пријатели/познаници хомофоби, Како би се однесувале ако вашето дете се развива како хомофоб и слично...?
Реков, секој нека прави што сака во свој кревет, но одвратно е да се промовира по улици тоа, мене и на многу други тоа ни смета. Ако хомосексуалците ги приваќате зошто тогаш педофилите не? Нели тоа е слично, тие чувстввуваат привлечност кон деца, по ваша логика тоа така би изгледало. За мене сепак е неприродно, инаку да бев добар верник ќе ги сакав сите како што бог вели, но неможам, сепак поголемо влијание има идеолошката определба врз мене. Како и лавовите, нека се парат што сакаат нека прават меѓу себе, само ми смета што го величат тоа и рекламираат.
Стварно дечки, ако хомосексуалноста ви е нормална, како сериски убијци и силувачи не ви се? И тој чичкото што се соблекува пред девојчиња, и оние што мастурбираат во стар дел на парк, и тие ви се ненормални?! Е така звучите со споредбите за педофилија.
Кога е во прашање бирање другари и те како имам право да дискриминирам и тоа по било каков основ јас лично сакам. Дали би имала секс со транс личност? Ако не, зашто си трансфобична? Не дискриминирај.
Е не е исто гејовите не прават ништо лошо а педофилите,убијците прават лошо,педофилите силиваат мали деца,убијците убиваат како така споредуваш??
Има нешто полошо од хетеро хомофобија, се вика аутохомофобија. Луѓе, заглавени во ормарот, се лажат себе и другите дека не се хомосексуално определени или се затскриваат зад маската на бисексуалноста. Иако овие вториве (мажите бисекси) ми се фејворит. Да ги нема нив мене тежок би ми бил животот...
Мене многу работи на улица ми сметаат, ама знам дека не може бидејќи мене ми сметаат да се затворат тие луѓе во четири ѕида. На секој нешто му пречи, не е тоа доволно добра причина да ги избришеме тие работи од постоењето на земјата. А да не заборавиме дека преувеличувате, бидејќи геј парада во Македонија немало, дури и да има некогаш, тоа се само виножита... Не знам што друго подразбираш под промовирање сексуалност, јас геј на телевизија не сум видела, а во живо не се распознаваат меѓу другите (it's almost as if they're humans too). Никој не ти наметнува сексуалност. Ако некој ја наметнува, тоа се хомофобите кои тврдат дека само една сексуалност е правилна. Glad you asked. Хомосексуалноста е привлечност кон одреден пол, а педофилијата е привлечност кон лице од одредена возраст, без разлика на пол. Од старт овие работи очигледно немаат врска едно со друго. Педофилијата не е во ред од причина што повредува личност која не е свесна во што се впушта (дете). Исто така и зоофилијата и некрофилијата не се во ред. Од слични причини и убиството не е во ред. (Не ми се верува дека ја напишав оваа реченица.) Хомосексуалноста е едноставно љубов меѓу двајца луѓе кои имаат обострана согласност. Никој не е повреден, никој не е несвесен. Затоа нема причина да ви е одвратна.
Пак упорно се вртиме во круг. Јас го искажав својот став, залудно го губите времето да ми докажувате. Едноставно сметам дека така е најдобро за мене и крај.
@Srckata28 Не негирав дека аутомофобијата е производ од општествената стигматизација, така да не го разбирам твојот обид да ми реплицираш? Бисексуалноста по кои параметри е валидна? Ако ги изоставиме истражувањата на СЗО по страна, кажи ми реално колку бисексуалци познаваш во твојата околина кои се буквално и суштински еднакво заинтересирани за двата пола? Одговорот е ниту еден. Знаеш зошто е така? Луѓето кои се геј најчесто се декларираат како бисексуалци поради personal issues, односно поради некаков внатрешен конфликт кој е најчесто предизвикан од екстерен фактор. Пример, нема тој/таа да покаже интерес за спротивниот пол ако прво се определил/а за истиот, ама мама тато бато не мислат така, па сфаќа дека е многу полесно самостојно да манипулира со својата сексуалност кревајќи одбрамбен механизам и затскривајќи се зад маската што ја нуди бисексуалноста. Мислам, не осудувам јас напротив, може да има илјада и една причина за криење, не мора да бидат само надворешни фактори доведени во прашање, дури до некаде и разбирам кога тоа се случува во рамките на Балканот, ама не ми е јасно како тие успеваат да се уверат самите себе дека е тоа вистина, и тоа е всушност "права" аутохомофобија. Таквата постапка претставува типичен акт на поттиснување, па е само прашање на време колку далеку ќе оди. Институционално гледано бракот е параметар до кое ниво успеале да стигнат т.н бисексуалци. На пример ако маж кој претходно се "декларирал" (приватно, не јавно) како бисексуален и ожени жена во подоцнежните години, јасно е дека хетеронормативот успеал да ја одигра својата улога во најдобро можно светло со тоа што го иницирал онаму каде нѐ припаѓа. Терминoт како bi - curious и нему сличните се прагматични, но иронични, бидејќи не постои такво нешто. Бисекс си само ако не си се декларирал јавно во потполност, или уште полошо - пред себе дека си хомосексуалец. Не е ориентацијата пазар па да се ценкаш за неа, многу јасни формации ја определуваат, (иако не супстанцијални), најчесто почнувајќи од хромозомите, иако и тие според новите микробиолошки иследувања не се покажаа како сто процентно релевантни. Но, по пат на обсервација, без субјективизирање ова е реалноста. Ретко кога "бисексуалноста" е само пролазна фаза, иако и тоа се случува. Затоа и сведочиме на толкав број хомосексуалци кои влегуваат во неопстојувачки бракови.
За пријатели одбирам луѓе со кои делам заеднички интереси и остваруваме заемна корист, не ме засега дали геј или стрејт. Само што, набљудувајќи ја геј-заедницата, нивните размислувања и погледи, не се тоа луѓе од мој калибар. Тоа што се групираат врз основа на својата сексуалност, доволно кажува. Геј не е по дифолт „добар човек“, исто како што не се оние кои не ја прифаќаат хомосексуалноста по дифолт „лоши луѓе“. Тие декларирани хомосексуалци кои јас ги познавам, не знаат што сакаат. Слушам и такви признанија од хомосексуални мажи како имаат желба да се оженат, СО ЖЕНА, и да имаат семејство со неа. Ама ете, овде читам членови кои знаат подобро од самите нив.
^^ Со тоа дискриминираш и други сексуални ориентации како што е пансексуалноста, полисексуалноста и омнисексуалноста кои исто како бисексуалноста претставуваат атракција кон повеќе полови определености. Се вика ЛГБТ, Б не е таму за Боранија. Но, темава не е за дискусија на различни сексуалности, иако не е во ред да велиш дека да, геј луѓето се во ред но другиве не се. Инаку го избришав моето претходно мислење бидејќи погрешно го прочитав твоето за некои работи.
Не дискриминирам, само ти не сакаш да читаш што пишувам. Омни, пан и останатите споменати поими не влегуваат во LGBT декларација, а нема ни да се промени тоа, затоа што како што кажав се ново компонирани "сексуалности" пост - модернистички настанати и немаат допир со реалитетот на сексуалноста како дефиниција. Не ми вади зборови од контекст, никаде не реков дека не се океј "бисексуалците". Напротив, реков дека разбирам зошто е тоа така во многу наврати, иако е невалиден избор за нив самите, затоа што е одлика на поттиснување. И да, ретко кога од би се станува стрејт, иaко времето додека се било "геј" сега по ново се гледа како прелазна фаза. Ма да сигурно, ајде јас сега ќе се смувам со четири девојки и не сум лезбејка, туку сум bi - curious, затоа што бакнежот на девојките е многу поразличен од оној на момците и после ќе си бидам стрејташица првокласна.
Имам пријатели геј и воопшто не ми пречи тоа што се геј. Нивен живот, нивен избор. Некои од нив ми се обратиле за помош, сме разговарале, колку што сум можел сум им помогнал со разговори, совети. Двајца од нив сега се среќно оженети и имаат и деца. И една девојка исто така сега си е со дечко и се најнормално и тече врската. Имало и такви кои не го гледале тоа како проблем и не ни сакале да се менуваат и си продужиле со таков животен стил. Пак ќе кажам дека не ми сметале воопшто и си ги третирам како и секој друг, а и они мене. Не ја ни отварам таа тема за дискусија имајќи предвид дека ќе имаме спротиставени гледишта околу нормалноста и моралноста на хомосексуалноста. Ама тие најчесто ја отварале таа тема и тогаш без влакно на јазик си ги кажувам своите ставови, како и они нивните. И тука секако имаме несогласување, ама тоа е, не може па нонстоп, во се и со секого да се согласуваме