Знаеш дека женењето и мажењето не се знак за "премин" на стрејт страната туку потврда колку се (во твојот случај другарите) аутохомофобични. Битно изгубив буквално пола саат да објаснам дека сексуалната флуидност се случува исклучиво поради интерперсонални бариери, а не поради лична желба и потреба за на крај да испаднам нетолерантен дискриминатор. ..Вториов дел не се однесуваше на тебе Ев Ангелос, само се надополнувам.
Имам геј пријатели и имам посебна љубов за нив. За нив не постои табу тема и можам да им кажам буквално се шо сакам и да не сум осудувана.. имам преголема поддршка од нив и не ги гледам како геј, не ги замислувам во ни една сексуална поза.. не дека не сакам и дека ми смета помислата на тоа, туку едноставно со мене се луѓе а тоа ми е побитно од нивната сексуална определба
Мојот најдобар пријател е геј. Ние буквално заедно израснавме, се познаваме уште од 5-6 годинки и цело време константно сме заедно, се дружиме. Секоја моја случка, буквално за се му кажувам. Не го ниту гледам како геј, едноставно секогаш ме сфаќа, ме сослушува, ме теши и се се се.. Многу е интелигентен и прати многу мода, ревии и такви работи (дури и ме нервира колку ме замара како Донатела направила прекрасна колекција ). Уште мал кога беше тој, некако беше различен. Заедно се игравме со кукли, зимавме шминки на мајка ми но верувајте никогаш не добив сомнеж дека е ГЕЈ се додека самиот не ми призна. Не знам толку ли сум глупа да не сфатам а се дружиме цел живот. Вака физички, вооопшто не изгледа како геј. Се дотерува но не е феминизиран, нема женски покрети итн.. Кога имавме 16 или 17 год. така некако, тогаш ми призна дека е геј. Искрена да бидам, бев многу шокирана Јас подржувам LGBT но од мојот најдобар пријател навистина не очекував тоа. Но, не се смени ништо многу многу и после тоа откако дознав за неговата сексуална ориентација. На почетокот, ми беше чудно да, но после се бидна во ред. Заедно плачевме, тагувавме, славевме се. Дури и тој подобри и поубави дечковци од мене имаше. Сега студира во Италија и многу поретко се гледаме, но пак некако одржуваме конакт. Тој таму живее со дечко му и некако многуу многу ми е мило. Само не сфатив зошто никогаш не ми текна дека можеби е геј.. тој никогаш/многу ретко збореше за девојчиња, но си викав прибирлив е многу.. Како и да е, многу си го сакам и никогаш нема да најдам подобар пријател.
Се зачленив бидејќи постојано читам мислења за обични дискусии а за син ми случајно открив кога го отворив лаптопот не беше исклучен му стаса порака се фрапирав
Никако. Ако му кажеш дека знаеш само ќе го истрауматизираш за цел живот. Процесирај ја прво ситуацијата, за да не направиш скандал ако одлучи сам да ти каже некогаш.
Исто како што до сега постапуваше. Нормално. Кога ќе ти каже, ќе му кажеш дека веќе си знаела и тоа не е никаков проблем.
Биди му пријател за да почувствува дека можи да ти верува. Кога ќе ти кажи, прифати го со сите доблести и маани, а сексуалноста е само дел од него. Кажи му дека го сакаш и дека и покрај се ти е син.
Мм има другар геј Јас се фрапирав кога ми кажа. Момчево воопшто не е феминизиран, нема такви покрети. Му бил цимер една година на студии, јас секогаш го зезам мм дека делеле иста соба Супер е дечкото. Сега живее надвор со дечко му....Океј ми се. Само ми пречи геј парада, зш ние што сме стрејт не прајме парада кај шо се бакнуваме, допираме. Ако си биди си, или напрај нормална парада кај шо ќе се бориш за твоите права
Ама не онаква парада како нивната... Според мене е погрешен концепт некако зато не ги сфаќаат сериозно. @Toki voki сега те прочитав, со мм многу пати заради другаров коментираме, и јас секогаш велам дека нашите деца треба да ги прифатиме со сите маани и доблести. Тие се дел од нашето тело и душа. Маживе потешко го прифаќаат тоа некако, ама ние, жениве мислам дека побрзо прифаќаме. Најнормално прифати го и поддржи го.
Точно е дека не е како нивната, пошто голема е шансата ако денес по улица помине геј пар фатени за рака, до вечер некој да ги прекрши од ќотек. Тебе со маж ти, нема никогаш такво нешто да ви се случи, бидејќи сте стрејт пар.
Да тоа сега ми текна, само веќе го испратив мислењето. Ама може на пример да организираат, не знам, едукативни настани зошто, што, како, кои се нивните цели и сл.
Едукативни настани организираат, ама на такви не присуствува никој освен тесен круг на заинтересирани. Парадата е за општата народна маса направена. Да се 'привикнат' на идејата дека е ок да се шетаат и тие за рака и некогаш да се бакнат во јавност.
Да, Вајлд. Разбирам. Ама ми е неугодно за око, и да ѝ објаснам на ќерка ми во иднина, зошто овие две тетки се облечени вака, и шетаат вака. Или овие двајца чичковци, се натегнале во латекси и сл. (не значи дека и јас нема да се натегнам, ама тоа е зад вратата на нашата спална).Полесно ќе ми биде да ѝ објаснам кога ќе виде дека се бакнуваат и се облечени нормално како и нас. Некако ми се руши врскава, не знам, не можам вака со пишење да објаснам Дури бевме мали со брат ми, немавме видено Геј Парада, ама мајка ми, селска жена, домаќинка, без факултет, ама начитана, нѐ седна и ни објасни дека покрај различнополови има и истополови врски, и дека тоа е нешто нормално и не е лошо. Затоа и јас и брат ми ги прифативме луѓево кои се геј и немаме ништо против нив. Јас на факс влегов во дискусија, сама против 50 души, дека е подобро напуштено дете да биде одгледано од Геј пар, отколку да биде оставено во дом, на милост и немилост на општеството.
Исто како што би и' објаснала зошто чичко и тетка се шетаат за рака, а тетката е во лакован минич и штикли од 20 см