Најголема желба ми е да имам геј другар. Мислам дека се многу искрени и добри пријатели, плус никогаш нема да те гледа на друг начин.
Не можам да го доловам објаснувањево со пишење. Океј да тоа е така, ама овие 2цава чичковци се океј, се сакаат и почитуваат, ама на око не ми се вприемливи... Спојлер: геј двојка овие двајца ми се понормални за објаснување отколку овие двајца
Ќе ти кажам за со ќерка ми како е. На интернет среќава се' и сешто. Има видено секакви парови, и тоа, ги гледа откако знае да вклучи интернет. Никогаш не ме прашала: Зошто овие двајца се држат за рака, или зошто овие двајца се вака облечени, ни за хетеро, ни за хомо луѓе. Научи дека постојат различни сексуални ориентациии и родови припадности, со самото тоа што и' беа достапни да ги гледа. А и за твоето дете ќе се достапни. Пред 2-3 недели, не знам шо паднавме на муабет и и' кажав дека во Македонија се забранети истополови парови да склопат брак. Нејзе тоа и' беше исклучително чудно и не можеше да сфати зошто би било забрането. Бидејќи знае дека веќе има луѓе од ист пол, кои се во љубовни врски. Затоа, не им бранете на децата да го видат светот во сите светла. Тоа само по себе ќе биде објаснување. Ако им браниш да гледаат и слушаат за геј парови, ако се нагласува дека: Ете тие се геј пар- ко да е нереално колку цврста маса да е Јупитер, тогаш ќе и тие ќе гледаат со такви очи на хомосексуалните парови
Никогаш нема да ѝ забранам, таман работа. Само јас како родител, се мислам како таа тоа ќе го прифати, и јас како родител како ќе ѝ објаснам најдобро и најточно што можам... Ама ај можеби ќе легализираат за 15ина години, па полесно ќе ни биде да кажиме што и како...
Нема да мора воопшто да објаснуваш. Тоа ти кажувам. Ако го запознае тој свет, а ќе го запознае со интеренетот, сакала-или не... нема да и' е чуден, пошто со самото експонирање на истиот ќе стане дел од нејзината/неговата реалност.
Ништо немам против тие што се геј, има геј другари. Само ми смета тоа што нивната сексуална ориентација мора да е секад главна тема во нивниот живот. Сваќам дека сакаат права и се борат за нормализирање, ама не значи дека 100% го дефинира нивното постоење.