Имам пријатели за кои се сомневам дека се геј, ама не можам да бидам сигурна. Живееме на такво место што мислам дека никогаш не би признале, не на околината, ама дури и мене што сум им блиска. A немам предрасуди,баш напротив, но ете. A не е можно од толку луѓе околу мене, баш ни еден да не е геј, мислам, немогуче.
Зошто ми се многу познати постапкиве??? Ваљда не е истиот?хахахахаха...ако се двајца различни да ги споиме,ама го немам видено мојот подолго време.
^ Не! И да си сто посто сигурна дека немаат предрасуди,ќе се увериш во спротивното откако ќе му се отвориш и ќе му ја кажеш тајната.
Имам и нешто повеќе од пријател, меѓутоа не би да именувам сепак не сум анонимна на форумов. Другарка имав, меѓутоа бисексуалка, а моментално геј пријателка имам, меѓутоа не сме ништо блиски. Мене лично ниту малку не ми пречат, напротив. Она кое ми пречи е ставот на моите машки познаници и другари, да за лезбејките, не за педерите. Зошто велам? Because they are hot! Ја богати! Страшно многу ме иритира менталитетот на повеќето мои другари кој фрчи со предрасуди. Прво и основно хомосексуалноста не е болест, да расчистам тоа, затоа што сигурно ќе се најде некој паметен кој ќе нападне со тоа, а досадно ми е да го слушам истото од ново - на ново. А да беше, нема шанса до сега да немаше лек и науката да не беше свесна за тоа, па глејте колку сме напредни, клонизирање и што ти ја знам. Крајно, мене ми се многу симпатични на лик, се до моментот додека не ги замислам пенетрирани од страна на својот партнер или некоја направа. Тоа се уште не можам да го поднесам, ама го прифаќам дека постои и не се бунам против него. Прво и тие се луѓе, а постојат уште од антиката, па нели и нашиот Аце беше тоа? Сега него го сакаме, ама останатите не. Ок. Како и да е, постојат многу интелигентни, високо образовани гејови, исто како што постојат и кај хетеросексуалците. Заклучок? Нема потреба од стереотипи, препукување, забрана на паради, каменување. Let them live people!
Одлучив да се подржуам со нив како стрејт уште, па за понатаму ќе видам да не излезе нешто непланирано..
Мене она што ми е најглупаво и ме нервира на оваа тема се муабетите од типот "Се сомневам дека е". Како??? По однесувањето, облекувањето, интересите и начинот со кој комуницира со девојки/момчиња. Се е до карактерот и самиот човек. А ова не може да се знае освен ако дотичната особа сама не признае. А па тие глупи етикетирања е, не е
Премногу стереотипи, тоа е глупото во оваа држава. Многу луѓе се со закоравени мозочиња многу тешко данајдеш некој по либерален.
Баш така, сакам на 2 другарки да им кажам дека сум лезбејка, па сеа барам совети на форум што да правам. Бидејки девојчињата се полиберални.
ова геј пријатели ми е чисто помодарство и според мене е копирање на Кери и Стенфорд, Шарлот и тој нејзиниот и така натака. некојси холивудски хит. а за право другарство нема што е хит што не е . ја немам такви и искрено не ни сакам да имам. ако сакам муабет со женско ќе го правам со женско. ако сакам муабет со машко ќе го правам со машко. а со машко што се однесува како женско... прво одвратно ми е самото тоа лигавење, шмизлење итн. второ каков совет може да ми даде таков некој кога ја сум поголем маж од него. немам предрасуди за сексуални ориентации и се тоа, само не би можела да ги замислам во моето поблиско окружување. толку од мене за темава.
ваоо ти посакувам со среќа се надевам дека ќе те подрзат иначе имаш голема подршка од мене Ако имаш фб пиши ми по порака на форумов те адд иначе многу би сакала да имам пријател геј можби сега иама ама не сум сигурна еден другар е онака малку женствен оди малку цудно како на модна писта убаво се облекува и добар другар ми онака пријатели сме сии одлични ...
Не можам а да не се согласам целосно со тебе! Прочитав тука некаде разни стереотипи што врска немаат а им поттикнуваат сомневање на некои луге за сексуална ориентација на одредена личност.Муабетите како:знае многу за модата дури и повеке од некои женски,се облекува убаво,чувствителен е,знае да дава добри совети,знае да слуша,знае да ти даде критика за модна одлука се у краен случај без врска и никако не значи дека некој е Геј или не е. Дали значи ова дека сите што имаат некои од овие карактеристики ви се сомнителни? Глупости. И да не бидам офф топик,немам Геј пријатели,имам женски пријателки кои се би.дали некогаш сум сакал да имам Геј пријатели или пак плачам да ги имам? НЕ. едноставно не ги делам лугето по сексуална ориентација а и не се трудам претерано да размислувам дали некој е геј или пак ако е дали нешто би се променило после тоа. Не ги оправдувам повекето работи кои се позади геј фамата која еве и кај нас е стигната,мегутоа живееме во време во кое секој може да прави што сака па така и за нив. Геј паради-НЕ поджувам,Геј филозофија-НЕ свакам,и претерано потенцирање и наметнување на тoa како "ЈАС СУМ ГЕЈ" ми е глупо до бескрај.