А си зборувала ли некогаш со нив на оваа тема? Имаат ли некакви предрасуди за хомосексуалците? Мислам дека ако ти се вистински другарки треба да те прифатат таква каква што си... Сепак твој е изборот дали и кога ќе им кажеш, ти ги познаваш какви се.
Да, се спомнуваа такви теми неколку пати и реакцијата им беше дека не треба да се има предрасуди спрема нас, и ние сме луѓе, се за легализирање на геј бракови. Затоа се мислам дали да им кажам или не.
Не можам а да не се согласам целосно со тебе! Прочитав тука некаде разни стереотипи што врска немаат а им поттикнуваат сомневање на некои луге за сексуална ориентација на одредена личност.Муабетите како:знае многу за модата дури и повеке од некои женски,се облекува убаво,чувствителен е,знае да дава добри совети,знае да слуша,знае да ти даде критика за модна одлука се у краен случај без врска и никако не значи дека некој е Геј или не е. Дали значи ова дека сите што имаат некои од овие карактеристики ви се сомнителни? Глупости. И да не бидам офф топик,немам Геј пријатели,имам женски пријателки кои се би.дали некогаш сум сакал да имам Геј пријатели или пак плачам да ги имам? НЕ. едноставно не ги делам лугето по сексуална ориентација а и не се трудам претерано да размислувам дали некој е геј или пак ако е дали нешто би се променило после тоа. Не ги оправдувам повекето работи кои се позади геј фамата која еве и кај нас е стигната,мегутоа живееме во време во кое секој може да прави што сака па така и за нив. Геј паради-НЕ поджувам,Геј филозофија-НЕ свакам,и претерано потенцирање и наметнување на тoa како "ЈАС СУМ ГЕЈ" ми е глупо до бескрај хммм девојки не мислам јас баш така!! За децата не се сложувам да зимаат геј паровите ама мислам дека не сте во право добро ама сепак секој си има право на свое мисленје иначе мислам дека треба да им дадеме на таквите луѓе подршка зошто тие сепак се луѓе како нас не се чудовишта на нив им е потешко отколку што можете да замислите тие незнаат на кого да се обратат им требаа нечиее мисленје некои кје ги прекинат другарствата со нив само заради тоа но ако им се вистински дургари засекогасш кје останат до нив као што вели народната поговорка ПРИЈАТЕЛИТЕ СИ ПОМАГААТ И ВО ДОБРО И ВО ЗЛОО!!! позз
Таквите луѓе? Луѓето си се луѓе, нема такви или онакви. stefigirl конечно некое мислење кое е барем малку поврзано со темата. Форумов и темава не се место за размена на фб и барање геј пријатели.
фала мн сепхора само јас си го кажав своте мисленје ништо повеке извини не сум го цитирала иначе моето е од хммм девојки поззз
Тоа ти е меч со две острици. И ти самата си свесна за ризиците нели? Мислам дека од нив не би требало да криеш, сепак ти се другарки. Ваљда не мислиш да се криеш цел живот, па што ако да речеме утре си во врска со некоја девојка и сето тоа го дознаат од некој друг? Нели е тоа полошо?
Индиферентна сум по прашањево, немам геј пријатели (или барем така мислам), ниту ми пречат, ниту пак ревносно ги поддржувам. Не ми е грозно кога гледам двајца како се бакнуваат, си искажуваат љубов побогу, ниту пак имам што да замислувам како си пенетрираат еден во друг. Какви се не грозотии и фетиши има на светов, одеднаш хомосексуалниот акт испадна најгрозоморен... види богати. Како и по секое друго прашање, се додека некој не ми се мешка во мојот живот, нема јас што за изигрувам зачинка во туѓи манџи. Кога некој од блиските би ми признал дека е геј, или би, не верувам дека нешто драстично би се сменило. Би била само љубопитна како, кога и поради што се случил пресвртот, или отсекогаш си бил таков. Ако сака да сподели де, ако не, пак никому ништо. Луѓето се ценат по други работи, не по сексуалната ориентација, и крајно време е да престанеме со глупави стереотипи. Балканштино, grow up !
Тоа никако, ако се кријам како ќе дојдам до девојка и слично... мора малку поотворено. И второто е полошо, имаш право. Планирам да им кажам, само треба да смислам како да го зиведам тоа да не изгледа како attention whore.
Се е тоа ок а со тое паради само сакаат да покажат дека постојат барајки ги своите права, толеранција и не дискриминација. Некој мора да се избори за тоа. А ако тоа го бараат значи е нешто што не секаде го имаат.
crazyinlove19 kako што рече ти тешко е да го чувач тоа цел живот иначе ЛГБТ мислам дека што порано толку подобро е да им кажеш на своите родители поззз
Јас не се согласувам со тоа дека треба уште од сега да им кажува на родителите. Тоа би било преголем шок за нив. Мислам дека треба да почека барем додека не направи 18 години, кога ќе биде своја, независна личност.
па добро секој си има право на свое мисленје иначе кога тогаш рано или покасно кје мора да им каже нели е така?
Во средина каде што секој кој отскокнува од нормалното, што и да се дефинира како „нормално“ е навистина многу тешко да кажеш гласно и јасно - дека имаш поинаква сексуална ориентација од мнозинството. Дури и тврдам дека има многу такви кои сеуште се борат самите со себеси и не можат ниту на себеси да си признаат дека ете, сексуално ги привлекува истиот пол. И тоа е навистина многу тешко. ЛГБТ постепено ќе ти дојде тој момент кога ќе си кажеш, и другар ми долго време не ми признаваше, јас не го потпрашував, и еднаш пиевме заедно и така спонтано дојде моментот кога се опуштивме и конечно ми призна, а притоа сме навистина блиски, а јас тип на човек пред кој да речеш дека ти е фетиш најдевијантната работа нема око да ми трепне - а сепак ете тој не сакаше да признае. Не е заради мене, туку пред се мислам дека самиот пред себеси немаше решено и разјаснето - геј сум или не. Инаку со секоја почит до оние кои пишуваат на темава како се стриктно против до степен да истепаат некој - секоја чест Не мора да ги сакате, ниту да ги акцептирате, ама до степен да развивате високо непријателски и агресивни чуства према некој кој е пред се човек, е тоа нема да го разберам. И нека ви биде јасно, можеби вие имате некој чуден сексуален фетиш со кој не мора да се согласи мнозинството, можеби сакате да примате во анусот кугли од билијард или имате зоофилни нагони, на никој друг не треба да му биде гајле, се додека тоа е дел од вашата приватност. Поентата се надевам ми е сфатена А да, се согласувам, има геј кои премногу имаат потреба да ја нагласуваат својата сексуална ориентација и нив нема да ги разберам исто како што нема да ги разберам прекумерните фалбаџии. Ама тоа е веќе прашање на психологија и на човек со ниска самодоверба кој посакува да се докаже себеси со гласно афирмирање на сопствената личност.
Еве јас да ти одговорам, зошто се сомневам. Не дека се однесуваат на некој конкретен начин, или се облекуваат поинаку, или начинот на кој комуницираат. Tуку, најчесто започнуваат муабети на оваа тема, како да сакаат да го испитаат теренот на нас од страна, какво мислење имаме за таквите луѓе и најчесто тие само ја започнуваат темата, а после не се вмешуваат во дискусија,само слушаат и анализираат. A некогаш се случува и да пробаат да ми признаат, ама на крај ќе излезе дека се тоа било само шала, никогаш не отишле до крај.
За да кажам на родителите би почекала малку повеќе - да имам работа и стан и целосно да не зависам од нив. За секој случај. Инаку Пирамид не зборувам јас пред сите да се кажам и на оглас да ставам ЈАС СУМ ЛЕЗБЕЈКА. Зборувам само за 2 девојчиња, тие да ме знаат. Теми јас не почнувам, туку спонтано ако дојдат (претходниот пат правевме муабет за How I met your mother серијата па стана збор за Барни Стинсон). Инаку ако им кажам тоа би било во стилот: не ме привлекуваат машки сите тие симпатии за жал се измислени за да се најдам на муабет што не можам да го молчам бидејки си ја имам мувата на капата и од страв ги измислувам, извинете. Мојата сексуална ориентација не планирам да ја коментирам ниту пак да ми е во уста на секоја втора реченица.. такво нешто.
Знам де! Што мислиш зошто ја направив споредбата со мојот најдобар пријател? А гледаш - и на него му одеше тешко признавањето...ништо со сила. Вистинскиот момент ќе си дојде сам по себе.
Јас сама на себе си признав, дали се прифаќам баш и не, но ќе дојде и тоа со врме битно сум свесна за мојата состојба, и тоа е некој чекор.
Чекај малце... Јас никаде не реков дека не ги прифаќам. Напротив,верувам дека секој има право на свој избор,и дека секој може да биде што сака. Значи,пребрзо донесе заклучок! Велам дека никогаш не треба да му веруваш на некој потполно,освен ако не си сигурна,сигурна дека е добра личност и нема да го издаде тоа што ќе му го кажеш. Немам геј пријатели колку што знам јас,освен еден дечко од Германија со кој секојдневно се допишувам на Фејсбук. Типот е интелигентен,весел,има добар карактер... И не гледам зошто би го мразел само затоа што е геј. Безсмислено и глупо ми е.
Која има другар геј што не го сака нека ми го даде мене. Сериозна сум! Немам за жал ниту еден геј пријател, ка. Секој си има право да одлучува кон кој пол сексуално ќе се ориентира, се дур не ме закача мене.