Лично немам некој посебен став. Секој за себе и сите овци на број. Сега за сега немам некој пријател/ка кој се изјаснил како геј а ако тоа се случи не би имала некоја посебна реакција. Лична работа е со кого ќе спиеш, кого ќе бакнуваш, со кого ќе гледаш филмови и не знам уште што. Меѓутоа реакција од типот Леле грозно!, Како може некој! и Бог да чува! ми иде на живци. Во една прилика седевме друшвто во кафич и имаше две девојки кои си разменуваа нежности а другар мој изреагира од овој тип. Ич не можам да сфатам зошто, па кој те тера за почеток да ги зјапаш како да имаат по три раце. Балканот и се е можно. И да како и 90% од женските што ги знам си го имам оној Вил и Грејс фетиш, сакам геј другарче за шопинг. Ете и јас сум глупава.
А бе велиме ние Балканци глупи сме заостанати ова она ама и на Западот во многу земји не се прифатени од околината. Тоа си зависи од човекот сепак. Да дојде најдобрата другарка да ми каже дека е лезбејка нема да го сменам односот спрема неа а за некој друг сепак ке ми треба време да го прифатам како таков. За ова прашање конзервативна сум многу (во себе ке ми иде да го задавам) ама сепак ке ми остане пријател како што ми бил отсекогаш.
Воопшто не гаам предрасуди кон геј луѓето.. За мене, тие се луѓе пред се, како што сум јас и сите ние.. Тоа што некој одбрал животен сопатник од ист пол не ми дава мене право јас да му судам или да го навредувам.. Секој си одлучува за својот живот и никој не смее да се меша.. Далеку повеќе ме нервираат луѓе кои лажат, се лицемерни отколку некој хомосексуалец.. Жал ми е за нив бидејќи наидуваат на проблеми и несогласувања со околината која не ги прифаќа такви какви што се.. Нема геј другарче, но кога би имала не би го понижувала туку би правела да се осеќа добро во мое присуство.. И тие се луѓе, побогу...
Дискриминација или предрасуда незнам како да ја наречам мојата одбивност кон педерите конкретно. За тоа кој што сака нека си прави во животот, мене не ме засега, но не ги сакам во моја близина. Неможам да трпам лигав тип на машко, ниту сакам да ми ги раскажува неговите фантазии, ни неговата интима. Најмалку па сакам да ми биде личен стилист. Сето тоа ми е многу настрано, не, не ги сакам во близина, незнам што би можела да направам, евентуално би му удрила ќотек затоа што страшно ме нервираат. Ова на некој начин и стана некој тренд, машкиве да се феминизираат, колку фаци околу мене има што се дотеруваат и средуваат повеќе од девојчиња, што се сликаат у Солун со кеса страдивариус, што позираат ко жени Да, мразам педери, нека си прават што сакаат се додека се подалеку од мене. Додека пак за лезбејките не ми изгледа толку настрано, би можела да го поднесам нивното друштво се додека не ми се нафрлаат и мене
Аууу па колку сакам да си имам некое исфеминизирано пријателче што ке ме шминка со ке ме пегла фенира витка бла бла за излегување и што ке трачари со мене хехехехе.имав еден таков колега на факс,имаше женски манири ама не знаеше да шминка сеуште сме пријатели многу си го сакам и јасно е изјаснат дека сака жени додека друг колега беше во недоумица дали повеке сака машки или пак женски .машки дефинитивно сигурна сум . а пак во мојот град постои едно дете што цел град знае дека е геј ама на никој тоа не му смета .и го прашувам дај бе кажи ми кој ти е дечко рече нема да ти кажам зошто ако проговорам кој се е геј во градов ке се чудиш .пробував да извлечам некоја информација ама тешко абе срцлести ми се многу гејчињава
Немам геј пријатели, иако морам да признаам сакам да имам. Ама не сакам да ги гледам заедно, туку би сакала да имам едно геј пријателче кое ќе доаѓа со мене во шопинг, ке ми кажува што ми стои, што не и кој ке ми ги кажува последните модни трендови. Мене тоа ми е баш забавно Замислете влегувате во некоја продавница и двајцата се затрчувате по исто парче облека или ташна
Немам но би сакала да имам.Тој би ти давал поискрени совети од твоите себични другарки.Познавам едни такви деца,пријатели се момче и девојче,момчево е геј и по цел ден се заедно.Тој е висок а таа ниска колку се слатки заедно што им завидувам.Штета што момчево е геј!
Досега сум немала Геј пријател, а воопшто и не би ми сметало да имам. Би реагирала и би остварувала пријателство исто како и со останатион дел од моите пријатели. Најнормално. Немам ништо против геј популацијата, нивно право на живот, нивна определба. Секој сам си одлучува што ќе прави со животот, тие се одлучиле за тоа што ќе ги прави среќни. Темава баш ме заинтиригра и баш би сакала да имам и јас геј пригателчиња Според коментарите, ми изгледа сосем интересно едно вакво пријателство
Јас имам геј пријател , многу е искрен со мене , си делиме совети , ме поштова едноставно многу си го сакам [како другар of course] , спрема другите машки другари ; геј другарите се по искрени и поотворени .
не ми пречи и напротив ми се одлични ... пријатели/ пријателки ме мачи само што нашето општество право глобализација и секако става „ТИТУЛИ“ на луѓе... Спојлер така ако се дружиш со некој кој е такво мора да си и ти со исти идеологии мисламм ХЕЛЛЛЛО
Геј пријателите не се исфеминизирани типчиња што се разбираат во мода, пеглање коси и шминкање. Тоа се изфеминизирани машки за кои не се знае дали се геј или не се. Геј пријели се НАЈНОРМАЛНИ машки пријатели, кои се заебаваат, искачаат со женски, пијат, се дружат..единствена разлика помеѓу хетеро пријател и геј е што едниот сака мажи а другиот жени.
Би сакала да имам повеќе. Само еден имам. А тој не зборува за тоа, ама баш би сакала. Би биле најдобри другарки.
Оууу колку си ги сакам до бескрај, знам дека се ќе сторат за мене, и јас за нив.. Често ми се случувало да им кажам во 03 наутро доаѓам кај вас, и секогаш ми ја отвораат вратата. Не го гледам како инвалидитет тоа, сосема ми е прифатливо, доколку се тие среќни и јас сум, немам ништо против геј луѓе. Кога и да сме заедно се смееме ко неарни, готвиме. Ма си ги сакам бре многу многу.. и ме нервира некои што ги дикриминираат, еве сега имав статија и сликав геј овде во Лунд, која отвореност ми ја даде, и кога ми го опиша самиот чин како сфатил, незнам ама мене ми е сосема океј..
Имам геј пријател и горда сум на него. Неговата сексуална определба не ми менува ништо, си го сакам исто како и пред да ми каже за својата определба
Блиски пријатели не познавам, меѓутоа имам познаници, кои ги запознав летово, и многу ми беа интересни - кошулката да одговара со чорапчињата, каишот со ташничката... Се изнамуабетив со нив, плус ми дадоа супер совети, како да ги уредам дома цвеќињата. И да, во брак беа
Ептен,значи ептен сакам да имам некој таков пријател.И не гледам зошто ги дискриминираат.Заостанати ми се мене тие таквите кои дискриминираат,бог да чува,како во 5 век да живееме,а не во 21
Познавам неколку, но немам близок пријател. Не сакам да осудувам никого, секој нека си тера свој живот, ама двајца мажи да одгледуваат деца, тоа ми е несфатливо, лошо,
Би сакала да имам геј пријателче.. сепак би поразговарала поотворено одколку со некоја другарка, пошто општо е познато дека машките знаат да чуваат тајни и никогаш не издаваат.. и барем тоа ке имам да разговарам со некој повеќе за модата, да ми дава совети... оти сите другарки што ги имам или се незаинтересирани за тоа или немаат време :/ Сепак.. геј френдс рулз