имам 2-3 познаници за кои што се шпекулира дека се хомосексуалци, меѓутоа не сме доволно блиски за да ми кажат, а да ги прашувам тоа па ич па не иде како и да e, ги почитувам како луѓе, затоа што и тие се луѓе иако некои забораваат на ова и веднаш започнуваат со осуда и предрасуди, бог да чува.. а искрено муабетов ми иде со момциве, и уживам во нивно друштво, биле или не биле геј нивно си е. иако лично јас би сакала да си имам еден геј бфф, може зашо и самата се осеќам како Grace па сум во една постојана потрага по Will-от во мојот живот
Немам ништо против хомосексуалците и мислам дека можат да бидат подобар пријател дури и од женско.Ако има некој шо не му треба,не го сака и тако далје да ми го прати на мене
имам еден пријател од ск и навистина е посебен..поразличен е некако ама во позитива..и сеа ми фали еии колку сме само далеку 1700км
Приметив дека многу ваму одите по стереотипиве. Ако си хомосексуалец (машко) не значи дека еднаш неделно ојш на маникир и педикир, или пак имаат некој висок глас и сакаат да настапуваат на Бродвеј! Исто така е со тие што се 'стрејт' - ако си хетеросексуалец (машко) не значи дека сакаш само фудбал и девојки! Познавам неколку хомосексуалци, но само од интернет, а не да можам да им ја чепнам кожата. Некои од нив ме навредувале, а некои биле души! Сум ЗА права на GLBT. Мислам дека се сите луѓе еднакви, и за разлика на некои од вас, јас мислам дека нема ништо лошо во тоа да те одгледуваат две жени или два мажи.
Гел пријатели немам фала богу. Ама затоа имам двајца школски педерчиња и доста ми се, и така едвај издржувам со нив секој ден по 7 часа.
Баш е интересно да имаш геј-пријател..Сигурно е подобро него била каква другарка...Јас досега не сум имала..но би сакала..и тие се луѓе и тие имаат право на живот..
Не сум човек со предрасуди. И да, имам геј пријатели ... и баш ми се кул ... кога не се заедно едниот што ми е повеќе другар ми е баш супер,фин е,дружељубив е,откачен е, има многу хумор во него ,паметен е и стварно се нај нај... ама кога се заедно единствено нешто што ми смета е кога се бакнуваат... незнам некако многу чудно ми е... и малце глупо да не кажам.Сум имала и бисексулаци пријатели. Немам ништо против педерите ни лезбејките ни па бисексуалците. Едноствно, тоа си е нивниот избор на живот. Чим сакаат така да си го поминат...нивна ствар.
имам едно пријателче и баш ми е кул онака, срцко ептен е пријатен, забавен, смешен, интересничко ми е баш со него
Имам двајца гел пријатели кои воедно и работат кај нас во кафичот и можам да кажам, сега откако ги запознав подобро и поминувам подолго време со нив се ептен кул, фини, пријатни, располежени секогаш, супер се, немам замерки
Немам предрасуди и никогаш не сум имала.. немам зошто да судам Имам мноооооогу геј пријатели и многу се дружам и воопшто не ми сметаат..
Gеј пријатели мислам дека немам и барем така знам дека немам. Iнаце немам ништо против нив,тоа е нивна работа.
Да! Имам геј пријатели и од нив сум добила многу подобри совети за разлика од другарки! Не зборувам само за совети од типот на шминка,фризура,маникир и сл. туку за посериозни ситуации во животот! Па со оглед на тоа не ми сметаат и не ги дискриминирам!
Имам доста геј другари и другарки. Луѓе како и сите нас, немам проблем со брак, посвојување деца, мислам дека треба да го имаат секое право.
Јас имав цимерка што е лезбејка, и немаше никаков проблем што ја имаше таа особина. Беше прифатена таква каква што е, никогаш никој и немаше ништо преречено за тоа. Сме спиеле у иста соба па не не изела. Не мора да значи дека ако некој е геј е непријатен и слично. Можда не ни е секојдневно и нормално да гледаме двајца од истиот пол како делат некоја интима, но тоа не мора ниту да не засега, тоа си е нивна работа...