Немам ваков пријател, но водејки се според тоа дека немам никакви предрасуди и воопшто не ги осудувам, немам апсолутно ништо против за ваквите пријатели. Баш напротив, мислам дека само со геј пријател би можела да градам женско-машко пријателство.
Ги имам. Никогаш сум немала предрасуди кон тоа,едноставно секој човек има свој живот и одлучува за него. Само тука во Македонија уште имаат луѓево предрасуди кон нив.
Хахха темава полн погоодк отсекогаш сакам да имам едно геј најдобро пријателче некако интересни ми се ... хах секогаш да се вртка околу мене и баш интересно ќе ти дава совети за облекување и други женски работи кои инаку и не можеме да ги добиеме од маж не знм дали ви текнува на тој педерот од Ugly Betty срцка дете
http://www.youtube.com/watch?v=UAzudh14VQM Сите кои имате предрасуди гледајте го филмов! Ем смешен ем интересен ќе се замислите малку за своите ставови! Искрено немам ништо против геј популацијата и жал ми е што ги дискриминираат! И ме нервира кога ги типизираат луѓето - ако машкото е геј тогаш мора да се разбира во мода шминки фризури и козметика а женското да не треба да знае колата да ти ја поправи? И втора работа што ме нервира што ја прочитав низ странициве на темава - КОЛКУ ЛУЃЕТО СЕ СЕБИЧНИ И КОРИСТОЉУБИВИ! Сакам геј другар за шопинг и за совети- алоо бре милениче или слуга да не ти е тој па да трчка по тебе???! - очигледно многу филмови гледање си го прават своето. Никаде не прочитав сакам таков другар затоа што во ова општество со очаен балкански менталитет би ми помогнала би му дала совети затоа што за нив е тешко овде не се прифатени и слично... ЗА СРАМОТА!
Имам геј пријател. И многу си го сакам. Тој ми е пријател од прво одд. и не сакам да го загубам. А иначе немам ништо против лучѓето што се геј.
Немам ништо против геј популацијата, и тие се суштества кои заслужуваат почит, без разлика што имаат поинаква сексуална определба. Јас имам 2 геј пријателчиња, абе да ти е мерак муабет да напраиш. Искрени и многу емотивни личности, кои се осудувани само затоа што се поинакви. Во Скопје се' повеќе луѓе јавно кажуваат дека се геј. Имам пријателка која работи во Центар и постојано кажува дека луѓето не се срамат да кажат дека се геј, а да не зборувам дека се се' поприфатени, што ми е мило. Го гледав и Парада филмот, тој дава јасна слика какви грозни суштества сме ние Балканците, со глупави предрасуди. Е сеа, се гадам од помислата на сексуалниот однос помеѓу геј паровите, ама тоа е нешто друго. И грозна ми е помислата дека сакаат да посвојуваат деца, а за останатото немам ништо против.
Немам , а баш ми сакала Немам ништо против нив секој си има право на свој избор и која сум јас па да осудувам некого за тоа ...
Многу, многу ама мнооогу сакам геј пријателче Баш се интересни, секогаш ке биде покрај тебе, ке си делите совети, па шопинг па ова она Интересно би ми било со него, теми на муабет милион, трачарења и сл
Имам колега, заедно сме во канцеларија. Не сме долго време, 2-3 месеци, ама станува се поинтересно, ептен е сонце! Какви заебанции паѓаат, особено ако ни се допадне ист дечко
A eдно прашање ми се врти во глава А колку проценти е можно од геј да стане "обичен"? Знаете на што мислам нели!? Да се заљуби во жена Инаку така си прашувам зошто се многу убави,згодни,насмеани... Интересно ќе биде одиш на шопинг со него и сите прашуваат, кај го најде ма овој дечко?
Не познавам баш некој што вика дека е геј. Сакам да имам некој геј пријател би било супер Па ако има тука некој слободно нека ми пише (ама да не е постар од 20-21 год.)
Немам, а нема причина зашто не би сакала да имам. Не сум таков тип да ги делам луѓето и да ги осудувам, секој има право на свој живот, а тоа мене не ме интересира. Сакам да имам пријател, близок, за да видам што го натерало на таков начин на живот, само размислувањето да го слушнам, да ме советува од машка гледна точка, да ми помогне при избор на гардероба. Сакам да разговарам со некој различен, како него/нив.
Имам геј пријателче и многу сум среќна. Најјаки заебанции паѓаат и плус најдобри се за на шопинг да си ги земеш !