Гибаница со сирење,јогурт и јајца Потребни состојки: -500 гр. кори -300-500 гр сирење (ова 300 до 500 грама по желба кој колку сака мастрав) -5 јајца + 2 - 1 филџан јогурт (200 мл) + 100 мл - 1 филџан масло - 1 филџан кисела вода Постапка: Изматете ги јајцата,јогуртот и киселата вода во подлабок сад и посолете (солта зависи од соленоста на сирењето). Во четвртаста тепсија намачкана со масло наредете една третина од корите (околу 5,зависи од дебелината) но секоја кора попрскајте ја со врело масло. Истурете половина од смесата со сирење додека да ги покриете корите,а потоа уште еднаш истата постапка со втората третина кори (кои пак засебно ги прскате зо врело масло),и повторно ги прекривате со втората половина смесата од јајца,сирење и јогурт. На крајот наредете ги останатите кори по истата постапка со врело масло и рамномерно исечете ја гибаницата на коцки со големина по желба. Останатите 2 јајца и 100 мл јогурт изматете ги до степен да немаат грутки и полијте ја гибаницата. Печете на загреана рерна од 180 степени 35 минути или зависи (секоја релна е различна) И на крај кркајте со јогурт и со сласт На здравје нека ви е,ние дома редовно ја правиме и совршена е...Добар апетит
Нема да згрешиш. Јас пред неколку години викав бфффф гибаницааа. И мајками едно сабајле направила пита(гибаница) и се пукнав од јадење кога ми кажа што е лелеле поголем мајстор немаше од мене и во јадење ,а еве неколку години подоцна и во правење баш на овој истиов рецепт,ем брз ем вкусен.
Јас гибаницата ја правам на следниов начин Во подлабок сад за матење ставам 4 јајца 250 грама урда или сирење, 250 милилитри јогурт, 200 милилитри кисела вода 100 милилитри масло за јадење и една лажичка пециво. Сето ова го матам со вилушка и кога ќе се соедини земам една по една кора , значи ја ставаш кората во садот во кој што матеше и ја наквасуваш цела, ја гужваш во топка (нормално со неправилен облик) и ја ставаш во тавче кое претходно е намрсено со масло или маргарин. Ја повторуваш постапката со секоја кора и на крај тоа што ќе ти остане од зајрето го потураш врз корите. се пече на 200 степени околу 25-30 минути. Гибаница за мерак искача
Корите од што тесто се? Дали можам сама да ги спремам? Или ако може да ми кажете кој ги произведува, да ги прогуглам па да барам некои слични готови.
^ Имелда јас ја правам истата пита со кори специјални за пита,паковани се во пакетче четвртасто и на него пиши Кори за пита и има цена-50ден Корите ти се исти како оние за баклава сама мала работа подебели,пошто нели за пита се Треба да ги има сегде,јас ги купив од локалната продавница,цената е иста сегде,втисната на кесичката,50 денари
Горниве рецепти се слични какомојов (денес правев, пак супер испадна) Состојки: - 3-4 јајца 2 филџани (средни) зејтин 4 филџани кисела вода 1 филџан јогурт 300-400 гр сирење 1 печиво кичевски кори (најубави се за гибаница, ги има во Тинекс и Тедико) Ги матите јајцата, па ставате зејтин, к. вода, јогурт, сирење (сечкано на парченца ситни), печиво. Тавата ја премачкувате со зејтин. Ставате 2 кори и оставете краеви на работ на тавата за на крај да покриете. Другите кори ги гужвате, ги ставте во смесата и зафаќате со рака и ги редите како топчиња во тавата. Оставете две кори за да покриете (ама онака растресено) и на крајот со рабовите од најдолните кори покријте. Издупчете ги горните кори за да не бидат суви. Печете околу половина час на 180 степени. Кога горните кори ќе добијат убава жолто-кафена боја, гибаницата е готова. Најдобро од се е што подготовката трае 15 минути. Бон апетит!!!