Дечки приметив дека ја нема на форумов серијата Winners and losers или како што Fox си ја преведе Гимназиски трауми. Станува збор за животот на четири најдобри другарки од средно, т.н губитници во средно. Серијата започнува со нивната 10 годишнина од матура на која тие се поканети од девојката која ги малтертирала во средно. Тие таа вечер ќе уплатат лото и тоа ќе ги смени нивните животи.... Серија која вреди да се погледне, бидејќи има непредвидливи настани. Јас сум до почетокот на третата сезона и секоја епизода ја чекам со нетрпение. Дали некој од вас ја гледал оваа серија? Одлична серија, комбинација од комедија и драма која вреди да се погледне.
Серијава ја обожавам, само во последно време ја немам забележано на Fox, ама еве сега @Pocahontas. ме потсети ќе си ја побарам, и ќе си ја гледам на интернет, од прва епизода
До крај на втора сезона ја даваа на Fox и сега не ја даваат веќе. И јас си ја гледам на интернет не можам да чекам пак да ја даваат
Софи односно Melanie Vallejo Многу ми е убава Најпрвин ми беше убава, и ја засакав (кога почна серијата), потоа видов дека има добар стил на облекување, сличен на мојт и кога првата сезона вејќе беше на пола ги знаев сите глумиц каков карактер имаат (во серијата) и најмногу ми се допадна од Софи, а и имавме скоро исти гледишта на животот, и во скоро сите ситуации исто мислење. Тебе? Инаку и јас не можам да дочекам да ја даваат пак на Fox, затоа што сепак кога гледаш без да бараш и плус на телевизор сепак е подобро.
И мене ми е таа омилена Ми се допаѓа како размислува, има природна убавина и многу е хумана (ќе видиш во втора сезона).