Гимназија или стручно средно училиште?

Дискусија во 'Образование' започната од TheLovelyGirl, 14 ноември 2017.

?

Гимназија или стручно средно образование?

  1. Гимназија

    33 глас(а)
    38,4%
  2. Стручно

    53 глас(а)
    61,6%
  1. TheLovelyGirl

    TheLovelyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    (Не најдов ваква тема на форумов но ако има слободно избришете ја..)Што мислите вие дали е подобро да одиш во гимназија или стручно средно образование?Некои ваши предлози и искуства..
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Blonde Girl

    Blonde Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш зацртано дека сакаш да бидеш доктор во иднина секако најдобро е медицина за секоја друга професија подобро е гимназија затоа што во гимназија се стекнуваш со знаење од секоја област :)
     
    На TheLovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Без да ги земам во предвид желбите на поединецот, кажувам дека стручно е многу подобро од гимназија.
    Стручно барем имаш некоја струка, занает. Ќе стекнеш знаења од одредена област и ќе ја изучуваш детално.
    Гимназијата се бира во случај ако незнаеш што сакаш. Но овде немаш стручност и неопходно е да се продолжи образованието.
    Секако неможеш да се запишуваш стручно а да си го одбрал туку така, мора да те влечи, не бидува на пола да сватиш дека сепак тоа не е за тебе и да не учиш.
     
    На TheLovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DAIMONDSare4EVER

    DAIMONDSare4EVER Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Гимназија е подобар избор затоа што има некои предмети и интраперсонална комуникација и дружба која те изоштрува за идните искуства на факултет. Е сега само со гимназија ако се останува потешко е за наоѓање работа. Сепак гимназијалците според мене се покваитетен материјал за иден интелектуалец кој се запотил да ја заслужи таа титула.
     
    На Someonespecial, crimson и TheLovelyGirl им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.298
    Пол:
    Женски
    Стручно е многу подобро. Поготово медицина, одма можеш после средно да најдеш работа. А со гимназија си обврзан да продолжиш факултет. Сепак се зависи од желбите на поединецот, ако ниедно стручно училиште не му се допаѓа и нема желба за ништо, гимназија е добар избор, па во тие 4 години да се пронајде и да одбере што би бил понатака. :)
     
    На cresa-jagoda, Mrs.Brain и TheLovelyGirl им се допаѓа ова.
  6. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Стручно ако имаш некоја идеа каде би се насочила во иднина. Ќе стекнеш и подобра основа за на факултет а може и со време ќе сфатиш дека не е тоа што го сакаш па веќе на 18 можеш да менуваш место на 20+ :)
     
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    20.890
    Пол:
    Женски
    Најбитно е да знаеш што сакаш па според тоа ќе видиш дали гимназија или стручно. Но од искуство еве ти кажувам ученици од средно медицинско НЕ беа примени оваа година на медицина така да, фактот што си завршила стручно медицина нема да ти биде некој голем фактор при упис а за основа можда и ќе имаш за разлика од ПМБ гимназија. Наспроти тоа, стручно средно за електро што е нема никаква основа за разлика од гимназија ПМА. Така да ако планираш да студираш ФЕИТ/ФИНКИ ти препорачувам да одиш ПМА.

    За да не се навреди некој член ако завшрил стручно електро и смета дека има супер основа, ова го кажав гледано од мојата генерација што е на ФЕИТ.
     
    На TheLovelyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheLovelyGirl

    TheLovelyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Сеуште незнам што сакам..се двоумам бидејќи сакам да завршам или правен или филолошки факултет..
     
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    На 14-15 години не баш многу деца знаат со сигурност што планираат во врска со својата професионална ориентација. Стручните средни мислам дека се најправилен избор само за оние кои имаат јасна желба за некоја струка, талент за уметност или склоност кон занает (за музичко/уметничко, фризерско итн).
    Плус тоа, мислам дека реално гимназијата си има своја предност во општото знаење по различни предмети од кое барем основата останува за општа култура, а и со истата може да избереш понатаму кој било факултет.
     
    На oblace1, Gosh, Mrs.Brain и 4 други им се допаѓа ова.
  10. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Јас бев гимназија и убаво си поминав.. не се каам воопшто. Тоа зависи и од желбата на детето, а тешко дека ќе знае во тие години. Во Македонија гимназија или стучно сепак сеедно е.
     
    На TheLovelyGirl и DAIMONDSare4EVER им се допаѓа ова.
  11. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.860
    Пол:
    Женски
    Завршив стручно економско иако сакав да се запишам гимназија/ликовно.
    Не изгубив ништо, новите стручни предмети кои ги имав го проширија моето знаење во областа на економијата, бизнисот и сл. иако од никогаш не се гледав сама себе како иден економист на економски факултет.
    Ми дадоа основа и знаење што денес може да се искористи во секојдневниот живот.
    Стручно или гимназија, ништо не губиш.
    Средното е задолжително какво и да е битно е да го завршиш со одличен успех ако си во план да одиш на факултет потоа.
    Веќе на факултет имаш повеќе избор и бираш нешто што планираш да ти е идна професија,а со средно денес... Општ работник.
    Само доколку повеќе си ориентирана кон медицината за тоа веќе треба основа барем според мене уште и во средно.
     
    На Nigredo Odor и TheLovelyGirl им се допаѓа ова.
  12. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Јас завршив средно стручно образование сепак нема да кажам точно што, не е ни битно.
    И јас сум повеќе за стручно, барем понатаму во животот ќе си имаш некоја струка.
    На 15 години децата се несигурни во себе и скоро никој не размислува што ќе прави понатаму во иднината и ниту е сигурен што навистина би сакал да биде.
    Девојче ако си несигурна подобро запиши се гимназија па за тие 4 години ќе си размислиш на кој факултет сакаш да учиш.
     
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    37.448
    Ако детето нема некоја посебна желба и афинитет, тогаш гимназија, а ако знае што сака, тогаш стручна школа.

    Ако не сака или знае дека ќе нема средства за на факултет, тогаш исто така стручно е подобро, ќе си има занает.

    Сепак, во нашава држава сеедно е дали гимназија или стручно, и со двете примаат на било кој факултет.

    Јас завршив право, и до ден денес жалам што немаше дизајн на алишта у мое време, или пак што не се запишав у Влахов, за шминка. Сеа ќе бев пуна ко брод, и тоа само со средно.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    31.072
    Пол:
    Женски
    Ако ученикот е определен и сигурен во однос на идната професија тогаш стручно образование. Ако се двоуми и не е сигурен тогаш гимназија. Не дека е проблем за примање на било кој факултет туку полесно е кога е и средното соодветно. Не дека не може, ама не гледам логика во тоа некој со средно медицинско пример да се запише на градежен. Или од средно градежно на медицина. Сепак и во стручното средно се стекнуваат знаења барем околу основите на идната струка и ако ништо друго на соодветен факултет веќе многу поими се познати. Разбирам дека дете на таа возраст е тешко да одлучи за својата професија ама затоа пак тука се и неговите да го посоветуваат.
     
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    53.574
    Пол:
    Женски
    Мислам дека стручно е поубаво оти повеќе навлегуваш во проблематиката на определена област за разлика од гимназија која дава општо знаење од се но не длабоко навлегување во работите. Јас завршив гимназија бидејќи кога се запишував поим немав што сакам да бидам во иднина, така да стручното се оди ако знаеш што би сакал да работиш во иднина. Продолжив на економски факултет но сега си велам да можев да бирам средно некое би одбрала стручно школо (што може но немора да е економско, повеќе друго ме влечи бидејќи никогаш не се гледав како економист но сепак продолжив на економски покрај многуте опции од други причини) но тоа е тоа не размислував многу сериозно за иднината тогаш. :)
     
  16. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Јас учев стручно економија ама подобро ти е гимназија бидеќи можиш да бираш кај сакаш можиш да учиш ке имаш повеќе знаење од сите области.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    157.205
    Пол:
    Женски
    Ако знаеш кој ти е интерес и/ли не сакаш да продолжиш со факултет би препорачала средно. Се има ваква или таква основа.
    Доколку си амбициозен, неопределен ученик, би рекла основно.
     
  18. Kkk21kkk

    Kkk21kkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам нешто. Јас сум 9-то одд и оваа година почнав да размислувам за средно. Јас сакам медицина, но моите родители повеќе сакаат да одам во гимназија. Ме интересира..ако одам во медицина и решам дека не сакам да се запишам на факултет по медицина даки може тоа да го направам? И ако некој оди тука во средно медицинско може да ми кажете како е од прилика и што предмети има..и дали е важна математиката многу? Зашто мене тој предмет воопшто не ми оди.. фала однапред и ако може вратете ми
     
    На MikiTass му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mimis

    Mimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Според мене гимназија затоа што на 14-15 години не си сигурна што сакаш да работиш и можеш да смениш мислење до 3та година, а тогаш ќе бидеш зрела личност со став и карактер и ќе знаеш што сакаш и сигурно поправилно и пореално ќе размислуваш во трета отколку во деветто одделение.
     
  20. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Според мене најубаво ти е стручно образование бидејќи пак имаш нешо што ќе те насочи и што ке можеш полесно да најдеш работа..
    Гимназија ти е ништо реално ако не продолжиш на факс.. заврштив тоа и сеа вондредно земам медицинско образование бидејќи имам повеќе шанси за работа како и странство.. така да најдобро ти си знаеш.. :)

    Али криво ми е што не сум завршила стручно образование..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.