Гимнастика е спорт во кој се изведуваат физички вежби за кои е потребна комбинација на физичка сила, брзина и кондиција. Во модерната гимнастика се изведуваат вежби на разбој, греда, партер, коњ со рачки и без рачки (прескок), кругови и вратило. Гимнастиката се развивала врз основа на вежби кои се изведувале во античко време, како јавнување и симнување од коњ и циркуски вештини. Јас одам веќе на гимнастика скоро 2 месеци и многу брзо ги научив повеќето од вештините за разлика од другите што одат со мене! Дали некој се занимавал со овој спорт? ПС.Ако има ваква тема КЛУЧ!
На мама и е омилен спорт.Ама мене подалеку од очи подалеку од уши . На живци ми иди кога на школо ќе слушнам СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ГИМНАСТИКА .Ич не ја сакам,иако моите најверни другаки како мали вежбаа .А јас му велев ТЕШКО ВАС НА ПАМЕТО . Инаку секоја чест на оние кои се имаат искачено најгоре на топ листите и на оние кои со години се занимаваат со тој сорт
Абе вие идеја немате како јас и гимнастиката се керо мучо работата...абе ми велат колут(вака се велеше?) напред направи..јас стој на глава...ми велат ај назад,јас ко свиња прејадена накриво...ми велат скокај на јарецот...јас седнувам...смотаница невидена
Мојата „траума“ од забавиште направи да бегам од гимнастика како ѓавол од крст. Доста долго време си имав проблеми. Работата е во тоа што кога бевме во забавиште, секоја среда како стока не пренесуваа од училиштето до салата за да не учат гимнастика...На 6 години не тераа да правиме ѕвезда. Јас многу се плашел. Никогаш не направив ѕвезда, а и нема да направам како што тргнала работата. Како што реков, имав проблеми подоцна затоа што кога почнавме во училиште да вежбаме, јас се плашев дури и колут напред и назад да направам. А за јарецот подобро да не зборувам. Ми требаа две години за повторно да се навикнам на гимнастиката. Пред некој месец и ме пофали физичко, сум напреднала. Сепак мислам дека стравот во врска со ѕвездата никогаш нема да го надминам. Инаку, мислам дека е убав спорт, но кога треба јас да го правам,жалам, ама не, фала.
Ма ич не ја сакам! Сум вежбала ама од основно ја замразив,кога почнавме на фзо да правиме акробатски вештини.Тогаш,се изнамачив да научам колук назад,успеав,али затоа за колук напред поим немам. Инаку,не.Дефинитивно за мене овој спорт не е.Премногу страв во мене има.
И јас не го сакам овој спорт. Од една страна страв ми е да не се искршам од друга страна страв ми е да не паднам па да не се устрамам пред цело оделение, а да си кажам искрено немам талент за вакви работи И да.. денес едвај 3ка извадов за згрчка
спортска гимнастика или класична гимнастика е спорт со кој не можеш да почнеш да се бавиш на 12 години, туку кога си многу мал. Се до желбата, ако се бавиш со љубов и талент ќе напредуваш, ако не, нема. Јас се занимавав со ритмичко-спортсса гимнастика од мои 6 години, во некои дамнешни времниња и да, морам да кажам, сите од моја генерација сме тенки и слабички и се уште „згодни“,....аахахаххахахаха сепак, не би го препорачала на моите деца, за машки па ич. Каде се тренира класична гимнастика во Скопје, освен во Борис Трајковски? А има ли воопшто ритмичка гимнастика?
Јас почнав гимнастика на 12 години па еве веќе два ипол месеци одам и знам:машка и женска шпага,ѕвезда,мост,свеќа,згрчка и разношка на коњчето(јарецот),стој на раце,колут напред и назад.. и доста ви се.. Јас каде што одам повеќето се машки//
Двовисински ми беше наjголем предизвик,а при пад од греда се имам повредено на натпревар...болнп.Супер чим го сакаш спортот.
И ритмичка гимнастика има во Борис Трајковски,јас тренирам таму И прочитав некаде дека ќе се отворало и ритмичка гимнастика и во Јане Сандански
@tweety-tweety jas sakam da se zapisam na ritmicka gimnastika....no mi treba drustvo a gledam deka ti odis...
Кој предава гимнастика во Борис? Сузе плавата ли е? Од колку години се дозволува упис и одите ли на натпревари?
Даа,таа ни е наставничката Баш пред една недела имавме настап во Борис а како награди ни дадоа медал,диплома и еден бесплатен ден (подарок од директорот) во АКВА Паркот. А инаку во Ноември ќе одиме во Ниш,ама незнам до колку години може да се пријавуваат.
Јас гимнастика тренирам веќе 5 години,порано бев државен првак до 9 години.А иначе да ве прашам дали вие сте учеснички во ФГСМ и дали одите на државните натпревари,можеби се знаеме.зборувам за оние кои тренираат гимнастика.