Ќе може да ми ги пратиш кои вежби поточно треба да ги вежбам за рацете во инбокс? Извини вака, и за колку би успеала да го направам?
Гимнастика е убедливо најубав спорт за развојот на еден млад човек во здрава личност. Тренирав како помал, но многу бргу се откажав за жал.
Е баш не сум искусна, на нет нема соодветни слики и видеа за вежбање на рацете за да можеш да ги исправиш правејќи мост А вака незнам баш како да ти објаснам, вежбај ги лактовите најважно. А иначе за колку ќе успееш да го направиш, до тебе е и до твојата флексибилност, со вежбање ќе постигнеш.
Здраво девојки Знае ли некој дали има некаде часови по гимнастика ама за возрасни? Под возрасни мислам 20+.
Здраво, дали можеби некој има информација каде во Скопје може да се тренира гимнастика за деца? И од која возраст може да се почне?
Во "метрополата" Скопје само на едно место, најди на Фб Орце Николов Партизан, во Градски Парк се наоѓа, мислам над 5 години примаат. Другите клубови во Скопје се згаснати, во Прилип и Битола има по неколку клубови ама во Скопје само еден кој се бави со спортска гимнастика. Иначе оние корективни гимнастики што никнуваат на секој чекор не се гимнастика.