Матичните прават скрининзи само ако се обучени за тоа, инаку скринингот треба да го изврши доктор којшто е специјализиран за тоа. И да, скрининзите и сè што е на државно за трудници е апсолутно бесплатно.
Снежана Коруновски исто наплаќа за обично ехо во бременост - 300 ден беше лани. Исто и за брисеви наплаќаше, се е уредно со фискална.
Баш кај нејзе на почетна бременост ми се фати 3 пати во неделата да одам она така ми викаше абе секој преглед по 300 денари. Еден да намалеше или да не го наплатеше
И јас во Ложанковски си плаќам такви големи симболични суми. Јас ја мислев приватна ординација, а гледам соопштение дека работат со ФЗО. Фискална никогаш не ми дава, а се понуди за упат да ми даде. Приватна е или не?
Приватна во соработка со фзом. Што значи дека они земаат пари од фзом за пациентите, но можат да наплаќаат некој процент али не и како 500,800,1000 денари како што и прават.
Ама поштено си наплаќаат. Јас цела бременост ја истерав таму и секој еден преглед си го платив. А да не зборам па тоа сестрите што се отров! Таква аверзија ми направија некако што сега треба да одам на регулар контрола не ми се јавува да закажам
Те разбирам и јас сум фрустрирана од тоа особено што наплаќаат и скрининзи демек се ептен стручни за тоа. И да ги пријавиш нема да затворат ама ќе плаќаат па казни. Имаш право ако не ти издаде фискална да не ни платиш и доколку на фискалната пишува дека си правела ехо, а само брисеви ти земал ќе и побараш друга каде што го има наведено тоа што си го правела ако не не плаќај. Ако платиш пушти во дпи фискална секако има опција за анонимно.
Јас од инает плаќав со картичка, одеа на горниот спрат да ја поминат на терминал, вајда кај докторот зошто он е приватно, ама ми даваа само слип од картица без фискална. Лошото е нема избор на гинеколози и трпиме се и сешто
Плус до хистолаб да ги пушти примероците, отприлика нормален преглед некои 3000 и повеќе ме фаќа Сестрата како со снајпер да и влегуваш се понаша. Главата надолу, не се јавува на телефон, не одговара на прашања.... Не дека на фризер идеш па да биде џагор, ама односот им е катастрофа ко за приватно. Па да проверам како се цени за гинеколошки прегледи, во ремедика, систина, тие се пофини , помеки на муабет И плус за некој денар поскапи Ова со неплаќање ќе им го направам и јас во Ложанковски, ако не ми дадат фискална. Секако не ми е незгодно пред таа тмурна да направам сцена Инаку апаратчето им е во ординацијата карши, а не на друг спрат
Нема таква, бар за мене. Кај Виолета Ефтимова сум јас, ама не сум задоволна нешто посебно. И таа како и сите други, набрзина, ако прашаш ќе ти каже, не се замара, вагинално ехо 1мин 400денари... Не знам за пап колку ќе земе, ама сите се исти, а нема кај да се пожалеме, кој што и може... тоа е. Приватно одам кај Органџиски, таму сум задоволна.
Јас дигнав раце од матичната зашто си наплаќа без фискална на трудница. Кога веќе плаќам ќе одам кај Хаџи Лега во ЊуБорн,барем знам дека сум кај перфектен лекар со долгогодишно искуство. Матичната ми служи само за упат и рецепта и толку
Исто искуство имам и јас....2 пати нема да наплати,а после...прв скрининг избегнав пошто имам друг доктор за тоа....после втор скрининг ајде и кај него да направам 3500 ден,па мало беше за срце за некоја недела и ми наплати ехо на срце ,да се чуди човек,сега гарант и за трет ќе каже па и за цтг,незз што да кажам не ми е за парите ама на преглед без пари никакво внимание не обрнува...
Дали некој знае на млечен позади кафе Ли имало некоја сега тазе нова ординација која е точно и кои доктори се ?
Случано ми излезе темава во листа, би сакала да споделам мое негативно искуство со докторн Нисо, гиниколог во кумановската болница (слуснав дека заминал сега во штип во новата гиниколошка болница). Патем имав некој интимен проблем за кој барав подолго време решение па од лекар на лекар од терапија на терапија и сите додека велеа дека тоа мора хирушки господинов Нисо ми предложи метода на која јас секако се согласив и така еден месец старецот се ситесе на мене со таа си негова метода за која му дадов поголема сума на пари на црно секако за да се набавиле тие некој инекции од незнам каде а што тој имал човек и на крај за да завршам пак со хирушки зафат во систина за да се реши проблемот.