Кој број го имаш? 023222123 ако е овој тој е бројот не е сменет јас се јавив да прашам за упат пред некој ден. *Имам број и од др Пале нејзин личен ако ти треба пиши ми лп.
Девојки здраво дали некој од Вас има искуство со водење на бременост од страна на др. Никола Личоски од Јане Сандански? Ви благодарам однапред.
Јас ја водев кај него бременоста. 1ва бременост ми беше и презадоволна сум од докторот. Има време за пациентите, не гледа на брза рака да те испрати туку темелно ти одговара на сите прашања. Не дозволува ехо ти кога сакаш, туку 1наш месечно или ако има потреба. Не е паничар и знае да те смири, праќа само на потребни испитувања и гледа да ти заштеди пари на испитувања што не ти требаат, но сепак ќе ти објасни детално што како ако сама инсистираш на одредено испитување. На сите прегледи бев со сопругот, и и него му ги одговараше сите прашања. Доста е стручен, има во Чаир работено порано. Во Јане ординацијата му е прилочно средена за дежавна ординација. Едино незнам како е достапен на телефон, јас комуницирав само со сестрата на телефон ама нормална бременост имав и немав потреба од нешто итно.
Цела бременост ја водев кај него, матичен ми е и сум презадоволна. Уште 10 пати да сум трудна се кај него би идела, стручен, професионален, трпелив и искрен. Како што и ти кажа членката погоре не исполнува желби за ехо, 3д, 4д туку само по потреба те гледа амаа никад не се десило да ми земе пари за нешто непотребно или да ми форсира лекови, доктори и сл.
Не сум водела бременост кај него ама ми беше матичен со години и јас не сум задоволна. Божем стручен, а секогаш сум одела на редовни прегледи и пак не ми виде многу очигледна аномалија на матката.
Дали доктор Личоски во Јане Сандански прима пациенти за матичен? Доколку не прима колку му се прегледите на приватно? Сакам да ја сменам мојата матична и читам добри коментари за докторот. А ми треба доста стручен доктор за мојата дијагноза.
Dokolku sakas na privatno moj sovet e da otides kaj Dr. Kosta Vasilevski. Jas odam kaj nego na privatno i sum prezadovolna. Vo odnos na Dr. Lichoski bi trebalo da prima pacienti. Najdobro e da go iskontaktiras. Ova e brojot od negovata ambulanta 078 700 449.
Здраво девојки! Сакам да го споделам моето искуство со Надица Геровска од гинеколошката ординација МАМА. Претходната недела бев 7ма недела бремена и ми излезе хематом. Поради тоа имав отворено боледување и морав да мирувам. После две недели отидов да го затворам боледувањето и секако Надица да ме прегледа. Ми правеше ехо и покрај хематомот "виде" некакво си меурче на местото каде што треба да се формира 'рбетот на плодот. Видно испаничена почна да објаснува дека е многу рано сега за да знае што е тоа и дека може да е проблем, ја прашав дали треба да бидам загрижена, ми рече да и дека нема што да правам освен да дојдам за две недели кога ќе може појасно да види за што се работи. Ја прашав дали е ова ретка појава, ми рече дека можеле да се појават такви меурчиња па да ги снема, ама може да е и сериозен проблем и сподели пример за друга пациентка каде што поради тахикардија на плодот (сосема не поврзано со мојата ситуација) и ја прекинале бременоста. Секако дека се вознемирив и и се јавив на докторката која што првично ме прегледуваше во Ремедика. Ми закажа преглед со скриничар, гинеколог - акушер иако е рано, за секој случај да се провери дали нешто не е во ред. Докторката во Ремедика беше многу фина, ме прегледуваше подолго време и ми кажа дека базирано на гестациската недела се е во ред и се развива се како што треба. Единтвено "меурче" е делот каде треба да се формира мозочето за што во оваа недела е премногу рано и затоа изгледа како црна празнина. Веднаш ја сменив Надица, но сакав ова да го споделам за не дај боже утре некој нема слично искуство, да знае да оди на второ, трето мислење. И откако го споделив ова со другарки/колешки слушнав слични ситуации со неа.
Жал ми е што те испаничила за безвезе, но искрено не си единствена, а нема ни да бидеш со погрешна дијагноза од нејзина страна. На познаничка моја не и видела дека плодот касни 2 недели се породи едвај преживеа бебето во 7ми месец почеток со фатена инфекција зошто веќе пливало во мекониум(првата столица на бебето од кога ќе се роди). Има достапропусти на доста пациенти направено.
И јас имав негативно искуство со неа. Случајно на форумов дознав дека треба да се мери цервикс и на преглед во 20та недела и побарав да ми го измери.(таа претходно не го ни спомнала,не пак да мери) Кога фати да се дере ,што мислам јас со таа должина,матката нема да издржи,одма оди во систина! Видно испаничена отидов во Систина ме смирија и ми дадоа терапија. Надица до крај на бременоста мислеше дека имам конец(серклаж) На последниот преглед во 34та недела ми мери цервикс и вика готово ти уште недела две ќе издржиш и се пораѓаш. Се породив 39+1. Годинава родив уште едно бебе без никаков проблем во 39+2 Жената е цела хаотична и невиден паничар. Можеби е стручна,но и се потиснува стручноста поради паниката.
Не е стручна, туку е обична сељанка. Неспособната ми направи стресови кои цел живот ќе ги памтам. Патем, мерење цервикс цела бременост не ми спомнала
Замисли мене кој стрес ми беше. 9 месеци неуспешни обиди,потоа биохемиска,потоа конечно останав бремена и си течеше се како што треба...додека не ми се испоразвика! Ми се сруши светот пред очи. Одма си отидов после пораѓај