Здраво девојки, минатата недела го изгубив моето бебе во 18та недела од тешка бременост на bed rest. Пробувам да се вратам на животните обврски и активно читам што се треба да спремам за наредното зачнување. Би сакала да ја сменам матичната и предлог од вас за посветен доктор кој ќе ми даде насоки за сите испитувања по ваква загуба. Со сопругот секако се договоривме да оставиме 6/7месеци простор за опоравување на организмот и психички и физички според препораките но во наредниот период сакам активно да истражам добар и посветен доктор во Скопје кој е запознаен со овој пат кој ќе треба да го изодиме. Сите препораки и искуства многу ќе ми значат!
јас сум се уште во потрага по добар гинеколог. Ми ја препорачаа Лидија Черепналковска од Промедика, има ли некој искуство со неа да сподели?
Не би ја препорачала. Јас имам лошо искуство со неа. Ми доцнеше циклусот, бев на преглед да видам што не е во ред за да добијам коментар "ти со ваков резултат на тироидна и да сакаш да забремениш, не можеш", што врска немаше, следен месец забременив. Знам и пример од другарка и препишувала хормонски таблети за полесно да забременела, а за скрос друг проблем била. Мислам има подобри. И јас сум во потрага, бидејќи не сум задоволна од мојата матична.
И јас слушнав повеќе поделени мислења, затоа се распрашувам сега, баш ми е жал што ти кажала таков невкусен коментар, јас не би сакала така да се чувствувам ама како што видов постара жена е така што… се ти кажува тоа
Филип Исјановски од Ултрамедика. Многу внимателен на зборови и посветен на работата. Бројот го имаш на страната на фб, ако не го најдеш пиши ми да ти го пратам во порака.
Да се надоврзам на ова, доколку има некој што може да ми препорача гинеколог од доверба, небитно дали е приватно или државно ве молам пишете ми тука или во ЛП. Имам активен проблем а не ми се допаѓа моменталниот гинеколог зошто никако не ми го решава проблемот.
Devojki zdravo sakam da prašam dali plajkate kaj vas matičen ginekolog dodeka ste bremeni.. u sk edna trudnica nisto ne plajka me interesira pozz
Плаќам, во Штип ова. Ја сменив претходната, ама и кај оваа се плаќа. Барем повеќе внимание обраќа, инаку секаде исто.
… So celo srce ti go preporacuvam Nikola Pancevski - Sistina, pogotovo za bilo kakvi problematiki! Bidi jaka❤️
Здраво девојки, дали некој има водено брменост или пак се порагала кај корнелија трајкова во систина ?
Здраво на сите, денес добив позитивен тест после 6-7 месеци обиди, ми треба добар и искусен матичен гинеколог (по можност жена) за водење на бременоста. Досега имам одено на преглед кај д-р Милена во Промедика и сум презадоволна, но таа работи само на приватно, па би ми требало матичен гинеколог кој работи со фондот. Ми ја препорачаа д-р Дубравка исто од Промедика, но читам по форумов дека била млада и неискусна, се двоумам дали да одам кај неа, ве молам искуства и мислење за истата докторка бидејќи сакам стручен матичен доктор кој ќе ја води бременоста добро и доколку постои проблем да знае да го реши. Ви благодарам многу