1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    И кај мене наплаќаат во ложанковски и на нерви ми идат. Секое ехо 500 денари, последниот пат одам и гледам 1000ка. Викам од кај сега ова? И ја прашувам докторката, епа дека доплерот го пуштив уште 500 денари ми вика. 2 секунди доплерот. Страшно. Исто и за прв скрининг ме заеба си имав закажано обичен ехо преглед и намерно и напоменав дека ќе правам прв скрининг во Ремедика и на гак. И пак излагам 2000 или 2500 не ми текнува. Викам зашто толку скапо? Епа докторката прв скрининг ти правела во тие недели си. Викам јас немав тоа закажано и потенцирав. Ама ај кој ќе се расправа. И затоа сакам да ги сменам. И заборавив да напоменам сметка ни на повидок, парите во фиока
     
    На Aschenputtel, Лалина и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Мила јас за обичен преглед плаќам 2000 а пак првиот скрининг беше 4500 ден...Се нека е в ред само...
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    Па толку да треба да плаќам во Ремедика ќе си одам кај Котларова барем раат главата ќе ми биде. Се помалку трпение имам искрено, само да е се добро и си барам друга.
     
    На Aschenputtel, Anyshka и xxx-ba им се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    7.939
    Пол:
    Женски
    И мене ми наплаќаа кога бев трудна со првото, т.е. почнаа на прво ехо. Барав фискална, се испокарав со сестра Емина.
    Ги пријавив во фонд со име и презиме, им кажале ваљда и сега имам црвена ѕвездичка на картонот, 4 години денар ми немат земено, и трудна и не трудна.
     
    На Ladyme, Лалина, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    Е браво убаво си направила и јас се мислев едно време ама ми беше страв од третманот кој би го добила
     
    На eliesaab и Tea SK им се допаѓа ова.
  6. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    644
    Пол:
    Женски
    Плодност помалку плаќам...Треба да имаш матична за боледувања за породилното инаку нема ни јас да појдам
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Кронди

    Кронди Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2024
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Јас и само од Ива сум задоволна,за кратко и ги мењам...
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    16.640
    Пол:
    Женски
    Следна бременост денар не оставам. Ова што наплаќаат е се под диригенција на др.Ложанковски. Нека наплатат денар ќе ги пријавам и не им плаќам. Апсолутно не ми може ништо. И така повеќе си бев на Гак, отколку кај нив.
     
    На Dodo1, Tea SK и baguf4e им се допаѓа ова.
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Мене многу пати докторката ме има викнато без термин, ќе ме пикне демек кратка консултација за да избегнам да платам. Не е до Марија и Билјана, до главниот доктор е, он им диригира. Сега по ново и со картичка не прифаќаат веќе, а имаат активен пос терминал, викаат не ни работи демек.
    Стварно сум супер задоволна од Биле, по нејзина заслуга останав трудна и достапна ми е за се, секој преглед се смееме и убаво си проаѓам, ама на 2 недели ехо по 500 денари е навистина претеризам. Не е само тоа, како трудници купуваме и фолна, многу од нас утрогестан и клексани, вакви такви витамини. Барем од прегледи да сме ослободени како што треба и како што налага законот за здравствена заштита. Не сум пријавила нигде само поради мојата докторка.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    16.640
    Пол:
    Женски
    Само поради Бици сум таму. Од иста причина како тебе, од збор до збор.
    Ама, ќе пријавам и одговорност нека си носи газдата, Ложанковски.
    А пази, горе кај него се наплаќа со картичка.
    Пап не се наплаќаше така? Еднаш годишно или како и да е сега. А ќе чекам да ми кажат за наплата и ќе нудам картичка. Ако немаат, не плаќам.
     
    На ani23 и baguf4e им се допаѓа ова.
  11. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    8.463
    Пол:
    Женски
    Порано сум плаќала горе кај него со картичка, сега по ново нигде не прифаќаат - ни горе ни доле со изговор “не може со картичка”. Отидов еден ден со болки јаки па ме ставија на цтг горе позади, заприметив дека си има пос терминал, си свети и работи нормално, а сестрите се подучени да викаат немаме или не работи.
    Инаку папот го направија од фзом еднаш на три години за жал, порано беше еднаш годишно. И за тоа ми наплаќале услуга земање примерок, исто и за брисеви 250 денари за земање на брис иако сама ги носам на микро.
    Ај да не сме трудни ок, ама клиника што работи со фзом си наплаќа од фзом за секој пациент, тоа што како трудни сме ослободени, фзом си го носи како трошок и им надокнадува на здравствените институции за таа партиципација (што пак ние солидарно си го плаќаме преку придонеси од плата нели). Се што наплаќа плус од ова е за него и не смее. Ако не се буниме, не значи дека сме глупи или несвесни.
    Се наапав од муабетов сега, следна бременост и јас денар не им давам.
     
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    34.431
    Пол:
    Женски
    Исто и јас сум кај Ложанковски, кај др. Биљана, вагинално ехо и пап 2.500.
    Инаку задоволна сум од докторката.
     
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    16.640
    Пол:
    Женски
    Горе пред мене жени плаќале. Баш беше тоа пред да се породам.
    А богами и папот ми е првпат кај нив и нема да платам. И ќе и кажам на Биле.
    Планирам наредна недела да идам на комплет преглед, плус ехо на дојка.
     
  14. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    И за ехо на гради ќе те изгорат да знаеш, јас бев. Нов им бил апаратот трт прт не ми текнува колку платив ама не беше евтино
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    34.431
    Пол:
    Женски
    1.500 платив јас летоска.
     
  16. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    16.640
    Пол:
    Женски
    Ааа важи. Ќе си барам кај др. што идев порано.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    Оди ли некој кај Коруноски во Аеродром? Сакам да си закажам кај др. Снежана Миленкова зошто читав многу пофални зборови за неа, сакам да си ја ставам и како матичен, и да направам ехо и брисеви. Ако има некоја членка да сподели искуство супер би било.
     
  18. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    745
    Јас сум кај неа. Искрено порано повеќе ми се допаѓаше, подетална беше некако.
    Сега ми ја води бременоста, достапна е на вибер за било што одговара. Прегледите траат многу кратко, ако не ја потпрашуваш не ти дава многу информации (можеби затоа што се е ок, не знам) ама во главно е ок. Мила, љубезна, фина и смирена жена што лично мене ми е битно.
    Термин се закажува понеделник сабајле за наредна недела, бидејки веднаш ги зафаќаат, има многу пациенти. Но ако има нешто инцидентно, те вика веднаш на контрола без термини. На три недели одам на контрола, ехо наплаќа 300 денари.
     
    На bookslover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.186
    Пол:
    Женски
    Јасно, фала ти многу за информацијата и искуството. Ќе си закажам и јас па ќе видам како ќе е. Сакам како матична да ја ставам
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    709
    Допаѓања:
    840
    Пол:
    Женски
    I jas bev tamu,samo eden den e vtora e toa zakazuvanjeto e mnogu glupo samo ednas vo nedela i toa mora bas ponedelnik.Sto ako toagas ne mozam,zaboravam,ili dobijam porano na den za pregled?Te pregleduva zA 15 minuti i tolku,nema termin koga bi ti iskocilo nesto vonredno pa da ides itno.Zarem mora da si bremena pa ako imas nesto itno da prasas i da ne go cekas toj FAMOZEN PONEDELNIK,i onaka moze da se utepas od vrtenje pa nisto.Smenata e radi se ova.