Мене ми е матична, не сум задоволна. Сакам да ја сменам. Не ми зема денар цела бременост, што е ретко, ама односот последно кога ја видов.. не сакаш да ти кажам што ми кажа.
Ја знам идам од работа, све трча све е во брзање, многу е гужва, сака да скрати да откачи. Има знаење не е да речам некоја мутава. Ама подобра е опција од Лолита таа ептен е изгубена.
порано како девојка одев кај Лолита додека беше уште кај Ложанковски … тогаш ми беше пречудна и ја сменив …. Некои муабети неповрзани жената шознам јас не би ја предложила за доктор за ваква битна работа @StelA13
Буквално е таква. Цело време касни… малку без осет е коа кажува нешто.. не знам стварно. Па и не враќа на вибер некогаш.
Нема не сум запознала нормален гинеколог.. Све е забегано све некоја жичка им фали и мојов е специфичен викам биполарен како ќе стане, сестрами знаеше да ја расплаче она па му се притресуваше... Јас па дека го знам и поинаку ме гледа 7 години работиме и му зборам не ќутам важно има знаење се одеќам сигурно.
Мене во 34та недела ми виде намалена плодова вода и итно ме прати на ГАК, со тоа дека она би ми ставила за зреење инекции и неделата би ме породила… и нормално со плачење отидов на ГАК, за и таму да ми потврдат исто и ме викнаа утрето да ме пораѓаат. И се јавив пошо ми рече да и се јавам што сум направила… и ми рече дека сама сум била крива за тоа… бидејќи првиот преглед сум била уплашена… со страв сум си ја почнала бременоста и ете сама сум си донела вака од толку плашење…. Е тоа ми рече… Фала му на бога за Ќаев, во 38+2 ме породи. Здраво, право и живо дете.
Забегуваат страшно будала тешка е значи, овој мојот и рекол на сестрами има хематом и она прв пат слуша.. економист е врска нема ништо. Рекла што е тоа. И рекол е што е ќе прокрвариш и рекол ти реков без односи.. Сестрами му рекла не бе докторе немам односи.. И ми се јавува плаче имам нешто ќе прокрварам.. Еее викам дебил ја извадил од памет она беше на патолошка исто на гак само глупости и тресеа. И од тука на приватен и ништо се ресорбира тоа се среди издржа до 37+ 4 па се породи царски Ремедика. На гак и викале во 30 нед да стават инекции за зреење и царски да ја породат.
фала ти за укажувањето и на @Ladyme Бев прв пат кај неа крај на декември и ми правеше муабети чудни, чаршиски - кој каква орданација имал од тие шо сум одела претходно на приватно а за прегледот не ми коментираше ништо едно прашање поставував по 3 4 пати и пак без одговор ама си мислев ај одма да не си правам филмови ама очигледно не било до мене. Имате ли предлог за друг матичен да ја сменам, дали да одам кај Ложанковски читам добри коментари кај некоја од двете докторки и дали примаат таму уште за матичен
Јас топло ти ја препорачувам Билјана од Ложанковски. И кај Марија бев еднаш итно и она ми остави одличен впечаток. Јави се прашај. Одлични се двете.
Katastofa!! ne posvetuva vnimanie ima premnogu pacientki neznae da Dade sodvetna terapija mnogu loso iskustvo golem NE
и јас уште неам запознаено нормален матичен сто сменив, сеа имам една само за упати и брисеви и одам на приватно, сите се кој од кој страшно