Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.182
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Jас чекав резултати 2 недели.
    Ако ги носат на приватно треба да се побрзо готови резултатите.
     
    На *Ива му/ѝ се допаѓа ова.
  2. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    433
    Пол:
    Женски
    И јас исто чекав.
    Пак ќе кажам и стојам на тоа, не смее кај матичен гинеколог да плаќаме по 3000 денари за преглед па после сакале свесноста да се крене, свест има ама забегани се со цените.
    На крај краева за тие пари повеќе ми се исплати да одам во приватна клиника одколку да трпам надрндани сестри и превртување со очи на секое прашање или не дај боже барање на упат
     
    На Ladyme и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    4.963
    јас последно чекав три дена за типизација и 5 за пап приватно, 3.000 денари за преглед како преглед не ми било наплатено, за ехо, пап, типизација и брисеви да 3.000 платив, ама па тоа го правам еднаш на три години, после тоа си правам пап на државно само. така да мене искрено дури и еднаш годишно не ми е проблем да ги дадам, а во приватна клиника ќе те кошта ова многу повеќе него 3.000 денари
     
  4. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Најискрено да ви кажам еднаш реков на државно пап да носат и после 3месеци ми се јавува ми вика ќе треба брисеви од ново најдени се бенигни промени .. и хпв типизација - се стресов целата на телефон! Среќа искочи негативен. Премногу се спори на државно хистолаб за една недела мирна глава /1000-1200ден нешто така беше. Ниедни пари не ми го купуваат мирот!
     
    На Mimmi39, Rozevata, Aschenputtel и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    А зошто не пријавиш во фонд ако ти наплаќа матичен гинеколог?
    Јас откако ги пријавив, ми немаат наплатено, освен ако сакам нешто на приватно.
    До сега правев пап на државно, во декември прв пат направив приватно во Хистолаб, платив 1200 ден, резултати за 5 дена, зашто имаше поминато година ипол од послениот пап. За државно ништо не плаќав, резултати за 1 месец имав.
     
    На Ladyme и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  6. Butterflyyellow

    Butterflyyellow Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Да, сеуште е. Јас одам на прегледи кај неа.
     
  7. Jadranka@98

    Jadranka@98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Како си задоволна? Дали ти е фатена преку врски ?
     
  8. Butterflyyellow

    Butterflyyellow Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски


    Не, не. 4Д преглед ми правеше докторката и бев мн задоволна од прегледот, па уште еднаш после тоа бев да ме прегледа. Еве сега од 36та недела сум пак кај неа до крај се надевам.

    Ептен е стручна и баш посветена во работата.
     
  9. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Ме интересира кој гинеколог би ми го препорачале: Котларова Ремедика или Димчев Систина
    Моментално сум кај Димчев ама некако премногу релаксиран, имав крварење после серклаж што ми предузвика слаѓ а тој на сето ова има баш релаксиран пристап.
    Од друга страна никокап не сум била кај Котларова па ме интересира дали е посветена, стручна и достапна за водење поризични бремености. Фала ви!
     
  10. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Мене последно двете ми беа на скрининг со Др Афродита, све помина додека нешто збореа за некое предавање за срце и мислам срцето на бебушка од сите агли го изанализира, и јас малку ги напнав ама слаѓот што беше претходниот пат и ме гледаше и двете рекоа ништо страшно изгубено е нема више еве и баш загледав не се гледаше нешто да лебди или кога мрдаше да се помери. Првиот пат имаше баш така парталчиња две поголеми лебдеа. Не пиев терапија за слаѓот, за кандида само вагиналетки. Двете мн зборат и објаснуваат на скрининг, незнам како е димчев ама го зборат добар доктор. Сепак следи грло на матка нека ти мери матичен пак за две недели , прави црп од време на време и седиментација. Јас сега сум вторник пак на преглед ќе направам една крвна слика последно правев 13 јануари. Да не ми е мисла. Сега сум пак дома, првиот пат слаѓот кога се појави бев два месеци дома лежење.
     
  11. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Кај матичен одам само за упати. Искрено тој па воошто не се замара и според него е се ок.
    Заради тоа бременоста сакам да ја водам на приватно.
    Димчев е стручен за скрининзи- тоа дефинитивно. Кај него и првиот и вториот го правев. Но за видење бременост оние некои рутински работи некако ми е премногу лежерен.
    Слаѓот е минимален кај мене, верувам ќе исчезне.
    Јас правев серклаж кај него заради полип на грло. Откако го направив читав дека од самиот зафат може инфекција да настане. Му викав да направам брисеви, ми вика нема потреба.
    Сукрвица имав цел месец, вика дека е од полипот.
    Грлото ми е 3.3 и е скроз затворено. Постелка химогена, опв уредна се друго уредно.
    Ми вика дека цело време сум лежела од тоа ми паднал имунитетот. И упорен е дека јас не треба да лежам.
    Среќа токо релакс форте пијам од сам старт, сега на втор скрининг кога го виде слаѓот вика: можеш да ги земеш овие како се викаа ај ти подобро знаеш. Викам: ферона. Вика ее тие.
    Викам а магндзиум нешто повеќе да додадам: вика нема потреба.
    Некако имам чувство дека голем дел од работите препушта на случајност.
    И цело време вика: ти си голем паничар.
    Ми идеше да му речам: да не треба да се радувам на црвениов исцедок
     
  12. Didi***

    Didi*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    1.988
    Пол:
    Женски
    Попосветена докторка од Котларова нема да најдете. Буквално сѐ до детал што гледа го кажува и објаснува. Препосветена, стручна, љубезна, во секое време достапна, не ги остава пациентките што им ја водела бременоста друг да ги пораѓа. Мене две бремености целосно ми ги водеше она и ниту еднаш не почувствував потреба да одам кај матичен или друг доктор за некакво си второ мислење. За мене е докторка број 1.
     
    На Ani93, Baby Girl123 и Ladyme им се допаѓа ова.
  13. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам што го сподели искуството. За мене посветеноста е многу битна. Пробав да закажам кај неа ама се е зафатено. Ќе видам деновиве пак
     
    На Didi*** му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Ти како се осеќаш вака, болки нешто осеќаш? Јас додека лежев искрено триста работи осеќав, почнав доста да движам и ми летнаа деновите ама еве грлото се намали. Сега пак до крај со лежење мирување и мн појачано прогестерон и одма пак појако исцедок, дури како водичка... ау вчера се преплашив викам некако мн секојдневната преплавена а сат време како ја сменив и на гаќите мокри не исцедок онака кругче вода. Ама се истуширав и се избришав скроз сува да бидам да видам дали пак тече вода... тест сама правам викам да не паничам луѓе. Немаше сува беше хартијата скоро 10- 15 минути, тоа недај боже да тече викам од водењак нешто нема да е вака. Ова у 2сат навечер мм спие... сама ка будала се трипам викам иди спиј ај... стаев пак циклогест и легнав.

    Тоа што интуиција ти вика направи ако мислиш не губиш ништо преглед еден немора ехо консултација со др Симонида или Афродита нема да згрешиш мн се детални па ќе те ѕирне ќе ти каже што брис или терапија за слаѓот или крвна сликс тако даље.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Фала му на Господ немам болки.
    Откако почнав со терапијата црвениот исцедок се намали скоро па скроз. Јас мислам дека исцедокот ми е заради инфекција која настанала од церклажот.
    Др не ми даде прогестерон. На мое инсистирање 1 утерогестан пијам само.
    Јас веќе 5 ти месец како сум дома цело време. Од вчера почнав по 15 мин да се раздвижувам во двор пошто др инсистира дека треба да се движам.
    Не знам и јас сум на 2 ума. Можеби движењето ќе ги подобри работите ама ми е страв да не ги влоши.
    Мислам дека течен исцедок може да имаш од вагиналетата а и како што читам повеќето од членките како напредува бременоста имаат како доста течен исцедок.
    Јас пак се плашам дека навечер не ја ставам дивилни длабоко вагиналетата. Ми препиша др полигинакс ама прилично се големи и с плашам да не направам беља со серклажот ако ги ставам подлабоко. Наутро гледам дека имам малку исфрлено на влошката ама вајда тоа е нормално. Не може се да се впие внатре
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Да да таа на телесна температура почнува деградира, и има време пример за еден сат се искористува активна супстанца и после останува подлогата на која била врзана. Тешки се вагиналните таблети (пр. канестен) ама вагиналетките се меки на маснаа база нема што да направат проблем со церклажот така да не се плаши барем пример со показалецот да ја вметнеш во длабина. Добро е барем 15 мин 20 да станеш. Јас пример станувам кафе, јадам, до тоалет, машина може да пуштам, да се истуширам. Не сум цело време во кревет ич да не мрдам. Ама па не возам кола, не пешачам, не седам долго, не клекни стани.. тоа све на работа правев. Сега само нормални кратки работи и пак во хоризонтала. Да издржиме да поминат месециве
     
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Искрено откако го ставив серклажот седнато немам, клекнато немам и се немам наведнато. Ова не е на препорака на др. Тој уште од сам старт ми рече да се движам ама од тоа што читам по форумов дека повеќето лежеле цело време викам можеби и јас треба. Или стојам некои 10 мин за да јадам или во кревет јадам. Не знам зошто ама седењето најмногу ме плаши. Мислам најголем притиск на цервикс прави.
    Мора малку рњздвижување по дома. Не само за физичка туку и за ментална кондиција. Посебно сега кога ќе видам сонце. Ама си викам имаме црл живот за движење после, само сега се да биде во ред со бебушките ❤️
     
    На Veci@123, Baby warrior и Ladyme им се допаѓа ова.
  18. Baby Girl123

    Baby Girl123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2024
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Женски
    Успеав да закажам кај др. Котларова конечно. Ми одговори на пораката во рок од 15 мин :) Дефинитивно ќе се префрлам кај неа. Се гледа дека е ептен посветена на работата.
     
    На Didi*** и Ladyme им се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Одлично, ќе видиш ќе бидеш презадоволна, све прашај си што те интересира❤️
     
    На Baby Girl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ivonasss

    ivonasss Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    поздрав,дали некој има искуство со др Љупчо Петревски во Жан Митрев,ме интересира за породување