Блазе си ви ако мислите дека капитација од 100тина денари е доволна да покрие трошоци. Исто ко што мислите дека 60 денари по глава на пациент за стоматолози им ги покриваат пломбите и лекувањето на забите. Искрено, не мислам дека не сум во право. Нека не наплаќаат на бремени, и тоа е сосема во ред, ама генерално треба да си ги наплатат услугите оти се ПЗУ, а не ЈЗУ, без разлика што склучиле договор со фондот. Или нека станат ЈЗУ, па тогаш нека се плаќа некоја симболична партиципација како за државните клиники и амбуланти. Верувајте во што сакате, ама капитацијата не е доволна за трошоците што ги имаат. Да не правам муабет за одговорноста. Мене ми е ова болна точка, и јас поради тоа прекинав и да работам во струка поради недоволно средства оти цените се минимални, капитацијата е минимална, и не се издржува притисокот околу трошоците и давачките кон државата. Затоа и се намалува бројот на лекари што работат со фонд.
За тоа дека не се доволни се сложувам. Докторите треба да ни бидат најмногу платени во државата за да можат да се усовршуваат во својата професија и да имаат желба да обезбедат најдобра услуга. Ама не се сложувам тоа да не биде според закон. Кога не е според закон секој си наплаќа како сака и кога сака. А тоа целосно не е во ред.
Како не им се исплаќа во текот на годината освен за некој упат кај матичен апсолутно за ништо не се оди, а може и ниту еднаш , земаат секој месец пари за секој пациент, јас кај мојот општ матичен не знам од кога не сум била, а кај маричните генеколози се наплаќаат освен во бременост кога во најголем дел од случаите даваат само упати, брисеви и некои прават прв скриниг, за се друго те праќаат на клиника или по приватните болници, еве од кога сум бремена освен 4 стапчиња за брис и 2 пати на ехо не знам каков трошок имаше матичната
Па оти не им се исплати да прават се', затоа препраќаат. Настрана нестручните гинеколози. А што мислиш, тие пари им се чисти на сметка? Од тие пари треба да плати струја, вода, греење, да исплати пристојни плати и придонеси, па и купува материјали за во ординацијата, да не ги спомнувам непланираните трошоци, па и тоа што секој месец што треба да плаќаш одредени суми на министерството за здравство. Тие пари уште пред да легнат на сметка се потрошени. Јас од прва рака го зборам тоа, оти сум поминала низ тие премрежја, знам како е, затоа и се откажав од борба со ветерници. Голем влог има, а добивка нула, барем првите години, за после не знам, не останав доволно долго за да знам. А работиш со секакви, и на глава ти се качуваат, па сакаат и надвор од работно време да им бидеш достапен, пошто како доктор немаш приватен живот. Особено ако работиш приватно.
Може да ми предложите добар гинеколог за прво ехо во бременост? Немора да е систина/ремедика може и приватна ординација.
Здраво предлог гинеколог за водење бременост во Систина, после 20 недела со голем миом Сакав кај Петровска ама поради скрининзите што ги прави се задржува по 20 мин со пациентка, и да се измести редот еден да закасни окапав у чекална 1 саат а таму е секогаш гужва ... Некој што е задоволен и од доктор за царски...Може и Гак и Чаир само покомплицирана е работата кај мене па ми треба некој добар што ќе знае што прави
Хеј хеј. Сакам да слушнам искуства за матични гинеколози од Биотек Капиштец, Коруновски и Кокоромановска. Сите ми се препорака од различни места, никој не знам Тенкс.
Негативно мислење за Коруновски , бев кај нив , на почетокот на оваа бременост ги сменив, со испитани генетски мутации и препорака од Др. Јани со потврдена бременост да примам клексани они ми рекоа дека тоа било глупост и застарено и уште неколку други коментари имаше.
Оки, прифаќам. Пошо планирам бременост здравје некогаш, па ова ми е битно да не ми се понашаат. Кај кој си сега?
Јас водев цела бременост кај Бојаџиев, и два пати имав царски кај него. Втората бременост цела ми ја водеше, ми беше многу ризична ама со негови препораки се одлично помина. Супер поминав и на двата царски. Посветен, смирен, одговорен. Топла препорака за него.
Jas sum ama bas istata situacija od korunovski katasttofa nevidena po 2 spontani ne me ni pratija na ispiyuvanja vidov dekq ne se ok I otidov Kaj loznkovski ispadna deka imam mutacii I eve Sega zdravje planiram pak se mislam Dali da prdolozam Kaj dr marija Kaj loznakovski ?
NE ako ti e porizicna bremenost ne iskustvo ima pred se mnogu pacienti nemoze da posveti vnimanie I neznae da Dade sodvetna tetapija I da mn e drska !
Da, mene mi ja vodese cela bremenost, i super ispadna se na kraj. Jas bev epten rizicna. Ako imas nekoi konkretni prasanja slobodno pisi mi.
Добра е Марија за водење бременост, многу е посветена, двете бремености кај нејзе ги терав. Сега откако не сум бремена, а имам проблем не ми се свиѓа пристапот и незамарањето ама за трудници е топ.
Здраво, Дали има некоја од вас што се има породено др. Ирена Шуплиновска од Систина? Ме интересира дали доаѓа на повик, како сте задоволни ако ви ја водела бременоста...дали ве форсирала за породување со индукција или царски...? До кога ве чекаше за породување?...
Немам искуство за водење на бременост, но она му асистираше на мојот доктор за време на царскиот пораѓај, она и ме шиеше на крај. Ептен беше фина а и резов ми е само една линија тенка сосема неприметлива.