мене докторката ми е супер. Кај нејзе сум 10тина години. Порано одев за контроли редовни, пап. Сега водам бременост, до пола сум. Докторката е супер. Ти објаснува, одговара што и да те имтересира. Коректна
Денес прв пат бев на преглед кај др. Никола Панчевски во Систина и јас сум презадоволна од односот и стручноста на докторот мн е разговорлив, достапен за прашања. Дефинитивно тука остануваме да ми ја следи бременоста и здравје за породување кај него.
Луѓе здраво, нова сум на форумов и не се снаоѓам баш, ама барем на “search” можам да најдам тоа што ми треба… Не знам ни дали пишувам на право место но ајде да пробаме. Гледам за д-р Ива Попова од Коруноски од поодамна имате пишувано читам коментари од 2020, па ме интересира некои понови мислења и искуства?
Хејј, од кога е оваа докторка, порано кога идев беше само Снежана. Може ли повеќе инфо, гледам да закажам и ми давам слободни само кај неа? Фала ти
Исто и мене само кај нејзе ми дава термини и заради тоа се распрашувам, а како што сфатив по коментариве некаде од 2020 е изгледа докторкава или пред тоа… а за Снежана јас колку што знам таа работи само прва смена и е во Аеродром а не во Центар кај што се другиве доктори позз
Здраво, кажете ми пап тест дали да правам на клиника или приватно, прв пат ми е па некоја ваша препорака
Прв пат ми е и осигурана сум. Денес Павлина Коруновска ми се стави како матична. За ХПВ тест кај нејзе ќе го правам а пап тестот ми даде упат за на клиника
Здраво девојки, ве молам мислење за Билјана Гиговска од Ложанковски. Јас сум во рана бременост и сакам да одам на преглед. Моментално матичен гинеколог ми е Снежана - Коруновски во Лисиче, но имам прочитано лоши искуства за неа во врска со водење бремености па би сакала да ја сменам, а и искрено јас не сум мн задоволна. Никогаш немаат термини се чека по 2 недели и докторката е мн ладна. Ви благодарам
јас ја водам бременоста кај Снежана и искрено не е ладна, туку нормална. Зависи што очекуваш уствари. Да се гушкате, да ти кажува лигави зборови ли? И јас така мислев за нејзе и така ка перцепирав пошо така зборат. На секое прашање ќе ти даде одговор, препорака. Топ е и не замара по сто саати ко други. Концизна е. Какви лоши искуства за водење брменост може да имаш кај матичен? Тоа е тоа, контролно ехо, упати, прегледи што се прават кај сите во мк ти се тие. А термини ќе си закажуваш секој втор понеделник и ќе си закажеш за кога сакаш. Ако имаш мака идеш без термин, мн нормално.
Билјана е жената поради која останав бремена, после неколку години. Достапна, другарка, доктор. Од мене имаш најтопла препорака.
Јас сум кај Билјана мн е ок достапна е внимателна е многу посветена си закажуваш он лине е сеа не мерат не водат мајчина книга тоа им е мана иначе друго се е ок мн позитивно искуство имам кај Биле и за двете бремености