Форумџика на годината

Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.043
    Допаѓања:
    18.325
    Пол:
    Женски
    сега е бесплатно само на 3години еднаш. Да ехо наплаќаат матичните од 350-500ден вака што сум слушала
     
  2. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас имам неколку матични доктори сменето, но сега кај што сум, сум најнајзадоволна.
    Сум била кај др Геровска, ординација Мама, не ми се допадна што ниеден термин не е во времето кога ти е закажаното, туку одиш и чекаш и чекаш и седиш и може и повеќе од саат време да фати. Друго е што не ми се допадна односот на докторката, некои муабети воопшто не поврзани со ситуацијата со мене со здравствената состојба или прегледот туку незнам … Неможам да кажам за стручноста и знаењето што го има , но мене не ми е ОК.
    Матична ми била и др Снежана од Коруновски што е во Аеродром. Многу добра докторка, стручна, директна, посветена, сконцентрирана, објаснува, но не ми одговараше што е сама во Ново Лисиче и кога ја нема (одмор или отсуство) кај замената во центар требаше да замолувам за упат хормони или за отворање/затварање боледување. За нешто обично што е папирологија ми велеа дека неможе зошто кај замената се оди само за хитно нешто а инаку да си ја чекам да се врати. Така знаеле да ми избегаат и два месеци да не начекам да немам упат за хормони и да одложувам. И сега, откако не ми е матична, сум отишла кај др Васо Коруновски на преглед во бременост, приватно, сум кажала дека сум им била некогаш пациентка матична ама дека сум се испишала.
    Сега сум кај др Дубравка во Промедика, и толку сум задоволна што неможам да ви објаснам. Ми иде да ка изгушкам некогаш. Терминот е термин во точно време и без да висам во чекална, сестрата е срце услужлива, докторката е препосветена, ми правела и ехо половина час го чекаше бебче да се сврти за да му измери параметар. Прецизна, објаснува се што гледа од ехо или што е по протокол. Уште пред да започне бременоста ми излезе во пресрет за документи што ми требаше. А сега како што ме знае дека сум со три ивф неуспешни, природна бременост исто неуспешна, со анемија, тромбофилија, хипотироидизам, мислам и чуствувам како и она да се грижи за оваа бременост да биде најуредна. Немам еден збор критика или лош. По башка имам контакт и од неа и од сестрата, за во било кое време да ги контактирам ако имам потреба. Секако тоа не го злоупотребувам. Не сум потплатена, стварно си ги сакам и сестрата и докторката.
     
    На bokace1, Mimmi39, Ladyme и 3 други им се допаѓа ова.
  3. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    403
    Јас бев еднаш кај др. Милена во промедика
    И тука помина др.Дубравка имаше веќе пациенти и си брзаше
    Ми остана впечаток дека штом имаше пациенти, инаку додека чекав прашуваа за неа
    А како си со хипо?
    Хипо -хаши си ?
    И јас сум со тромбофилија имам генетски мутации и со хипо-хаши
    Плус ниска тежина мн
     
  4. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    730
    Пол:
    Женски
    И мене Д-р. Дубравка ми ја водеше бременоста, внимателни и услужливи и она и сестрата и за документација и за се, докторката ти дава простор за прашања и не те брза. Ни јас не сум потплатена, како за млад гинеколог добро објаснува на секое ехо и ти одговара на прашањата.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    730
    Пол:
    Женски
    Некогаш брза ако има плус обврски ама на преглед обрнува внимание и секогаш детално следи да не пропушти нешто. Јас лично немав некои додатни проблеми но според тоа што гледам како ги врши прегледите сум задоволна, објаснува секое испитување за што се прави и како се прави, на што да се внимава.
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sally71

    Sally71 Нов член

    Се зачлени на:
    18 септември 2025
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво дали ќе може да ми кажете мислење за др Снежана Органџиска Мајсторова? Колку изнесува преглед и дали сте задоволни од докторката?
     
  7. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    3.975
    Пол:
    Женски
    Се согласувам за Мама. Пред 12 години ми водеше бременост и пропуст ми направи ниеднаш не ми измери цервикс.
     
  8. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со Ирена Гошева во Биотек за матичен гинеколог?
     
  9. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.195
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми кажеш колку зема Дубравка од преглед?
     
  10. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.630
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се согласам. Освен што чекав по саат саатипол на закажано, преглед 15 мин, уз пат си збори на тел/со сестрата и капак беше што ми рече дека со Пцос ќе морам со инвитро, шанси нема природно да зачнам. Тогаш последен пат се видовме.
     
  11. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Јас ја земав за матична пред година и нешто и прв пат отидов кај неа кога требаше да ми потврди бременост, со позитивен тест. Ми потврди дека сум бремена некои 5 недели и јас прашав некое прашање за бременоста ама за понатаму и она на тоа ми рече нешто во стилот “Чекај де да видиме прво, ако го задржиш” или “ако останеш бремена”, не се ни сеќавам на точните зборови. Ниту сум имала некакви проблеми, прва бременост, се уредно. Уште тогаш ми остави лош впечаток, за чекањето потврдувам, отидов уште еднаш два пати кај неа, бременост водев на приватно. Често зборува брзо и како на носот и некогаш неповрзани работи. Сега барам нов матичен гинеколог.
     
    На angel4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 88Bubace88

    88Bubace88 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2023
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас сум само хипо. Антителата сум ги испитувала неколку пати, и немам антоимуно. Само тсх ми е висок и заради тоа сум на еутирокс. Мутации исто испитував и заради нив сум на метилирани фолна и б-12. А и тромбофилија се покажа, тоа уште пред да го добијам резултатот имав претчувство дека ќе морам со клексани. Во фамилија мајка ми имала уште како млада попуштени и оперирани вени, таткото нејзин (дедо ми) имал нешто ко излив или така знам ми кажувале, а пак од кај татко ми страната сите ми се со некој удар, за чичко ми и за дедо ми бил и фатален а баба ми се измачи со три удари. Јас си носам од мала мигренозни главоболки, нели и тоа е заради стеснување на крвни садови…и знаев дека ќе излезам или хетеро или хомозигот за таа генетска предиспозиција. И така дојде клексанот.
     
  13. Peperutka17

    Peperutka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Preporaka za ginekolog gorce,Hrom karpos 4…vlae
     
  14. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Женички ќе ве замолам која има искуства да ми пише (можно е некоја девојка погоре да пишувала, ама не можам да најдам мислења), како сте поминале за прегледи, контроли и породувања за доктор Слободан Лазаревски (имам закажано преглед пред нова година и затоа ми е битно секое ваше искуство).
     
  15. Tete Capdevila

    Tete Capdevila Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2016
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Скоро некој да сподели искуство со Оливера, Деметра? Конкретно околу цената на цел пакет гинеколошки преглед ме интересира колку е
     
  16. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    105
    Дали матичниот гинеколог ви наплаќа?
    Мене да. Секое одење е 500 ден. Нели не се наплаќа?
    Не ми даваат фискална, не може со картичка.
    Ова е пречудно.
     
    На Bebence2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    38.311
    Пол:
    Женски
    Не сум трудна, ми наплаќа 500, ми дава фискална и може со картичка.
    Ко имав позитивна бета не ми наплати иако имав спонтан.
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gaia_25

    Gaia_25 Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2025
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    105
    Не, не општо прашувам.
    Каптизација зимаат.
    Матичен доктор ништо не наплаќа.
    Ве молам за препорака за добар матичен во Скопје, Центарски регион и блиски населби?
     
  19. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Извини ова кај Коруноски е? По описот така ми звучи.
     
  20. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Јас исто сакав да прашам, дали сѐ уште наплаќаат матичните гинеколози, со оглед дека имаа инспекции пред месец дена. Има некаква промена или пак по старо? Прашувам зошто не сум била одамна, а планирам и да го сменам конечно матичниот.
     
    На Gaia_25 му/ѝ се допаѓа ова.