И јас истото сакав да прашам дали е кај Коруновски? Пале одкога дозна дека инсеминација сум правела на ГАК а не кај нив , многу го промени однесувањето, не сакаше да ми даде потврда за примени клексани , бидејќи за неа клексаните биле " глупост" а јас со генетски мутации на тромбофилија и извештај од кај Д-р. Јани, исто еднаш ми се погоди Васо и ќе го цитирам "фала Богу и они да имаат една успешна инсеминација, хаха". Тоа беше последен пат што бев кај нив ..
Да. Порано бев претолерантна зошто имаа и пристап. Ама сега веќе ми надминуваат секакви граници на толеранција, па ради тоа ми стало и до тоа колку и како им плаќам. Изгубија на квалитет. Бев пред нова година и мислам да ги сменам. Никаков однос, понашање, дрскост. Тие девојчурките на шалтер безобразни. Еднаш оговараа пациентки, друг пат д-р Павлина. Никаква љубезност. Они прават инсеминации????
Добро девојки, дајте препорака за друг матичен тогаш. Стварно не мислам да богатам некого, а да нема однос никаков. Им давам шанса долго. А да не кажан дека ме чинеа и пари од нивните глупости. Од што е прегледот како на автобуска станица.
Јас уште си плаќам по 500 денари преглеф. И мене ми смени однос кога направив скрининг на гак Господ да чува и да брани страшно..
Уште неможам да сфатам, зошто на матичниве гинеколози, им е болна точна, ако скрининг не се прави кај нив.
Ама некако неспоредливо ми е стручноста на Пале и било кој специјалист на гак. Конкретно ќе го земам Кочоски за пример. Мене првата бременост цела ми ја водеше тој,прегледи,скрининзи па се до породување. И сега само за Пале да не се налути јас ќе оставам врвен специјалист како Кочоски за таа да ми направи скрининг,мислам нема смисла. И едноставно секој си има право на свој избор,сака гак,сака чаир секој има право на слободна волја.
Јас кај Ложанковски кај Билјана сум. Од старт знаеше дека паралелно ме гледа и докторка на Гак и не ми правеше проблем. Дури и сама ми викаше оди таму, да не плаќаш тука. Е кај други пациенти сами си правеле скрининг и им наплаќале, без да прашаат. Јас денар не би им платила.
Скоро сите матични наплаќаат по 500-600 денари за преглед, не само кај Коруноски. На форумов нема некоја што кажала дека НЕ и наплатиле, за обратно речиси сите.
Лелее страшно.. Јас кај Коруноски сум одамна и јатрва ми се префрли кај нив зашто докторкава нејзина стварно беше незаинтересирана,жената се породи предвреме во 24та недела и пукна воденикот додека стигна на гинекологија веќе 5 прсти беше отворена. Се префрли што се префрли Васо ја ошури бре женава,ај спиралата и ја наплати 200€ што ја аплицираше ама секое одење она по 1000 денари преглед плаќа. А се уредно пријавена се води како нивен пациент значи матичен и е.
Од ракав ги вадат цените изгледа. И јас одам кај коруноски мене по 500 денари ми наплаќа од преглед (нормално без фискална без ништо...), за брисеви не ми зема пари. Едино скрининзите дел ги правев кај д-р. Павлина а дел паралелно на ГАК/Систина. Не знам кој доктор колку стручен бил од сите тие кајшто бев, ама кај другиве повеќе од 5-10 мин никогаш не се задржував. Кај Павлина минимум 40-50 минути а некогаш и повеќе ако го чека да се сврти. Не знам што се гледаат и колку им треба за да го видат и измерат, ама по извештајот што ми го дава после од неколку страни некако невозможно ми е сите параметри да бидат измерени за 5-10 минути дури и да ја имаш таа среќа бебето да биде свртено баш онака како што треба цело време за сите мерења. Затоа и не се откажав од скрининзите таму (кои патем ми ги наплаќаа по 2000 денари). Што се однесува до културата на девојките на шалтер, има една што е катастрофа, прво кога ќе дојдеш на шалтер те гледа чудно како да си и дошол дома, и плус изгубена е малку - кога и да појдам таму се вртка не знае што да прави, и кажуваат другите сестри. Другите две се океј - и пофини и очигледно повеќе разбираат.
Еве по женскиве групи на фб исто читам многу критики. Тој некој нов пациентка влегла, тој нозе на маса. Моето искуство д-р Васо е одлично. Ама тоа е многу одамна. Тој виде се што Пале не видела пред тоа. Кога и предочив како да се посрами, па налути. Таа пренашминката на пулт, одма треба нова работа да си бара. Таа не е за работа со луѓе, таа треба да работи како архиварка и ништо друго. Безобразна е. Не ми е убаво кога и да одам. Време е да се разделиме.
Ve molam za oreporaka za maticen posle vonmatericna bremenost, sakam strucen dr sto kje me vodi za zdravje Boze sleden pat koga ke planirame da znaeme sto treba da de ispituva so vreme, bidejki minatiot pat kaj gorenavedenite ne mi ja otkrija i zavrsiv na operacija..
Јас од тука го дознав Исјановски и не ми има наплатено преглед. Но односот, простотилукот на мајка му не се мери со ниедни пари. Сега во последно време, не знам дали почнал да наплаќа, од ко е таму мамичка ми имаат наплатено преглед и тоа во бременост. Очекував дека ќе има промена после инспекциите, ама секое чудо за три дена ко и за сѐ останато.
Наплаќаат сите матични, они се оперирани од срам, мојот земаше по 500 сега накачил 600 ни фискални даваат ни ништо