Сите резултати од упут треба да ги вратиш кај матичниот тоа е правило . Не знам дали некој за тоа ти кажал . Љупчо не е нешто многу стручен затоа си одиш кај Кристинка. Конкретно Славчо за експерт е супер нема збор но моја пријателка на кој и беше матичен и цело време си одеше во плоднос само ојде кај него да и констатира бременост и кога свати дека неоди ја отпиша без таа да знај и ја зафркна со породилно после ја пиша љупчо и одма си зеде. Јас мислам дека нема никој да те прими иако не смеат да прават така сите викаат дека се полни. Оди во фондот прашај си ама мислам нема да имаш проблем со породилното и остани
Јас сум кај Емилија за сега ми е супер а за наплаќање како ќе и текни некогаш ми зема за ехо 300 некогаш 400 за бреви за 4ри една 1000 после 500 неможам крај да и фатам
Знам за тоа јас резултатите од крвна слика, уринокултура и брисеви се се кај него се му носам ама незнам зошто тие не си пополниле во картон виде празен исто и мајчината и ми се развика мене викам се донесов вика од плодност треба а таму немам ништо посебно јас знаеш она што го даваат само ливчето и дека си платил, а до пред тоа ништо такво не ми спомна дека треба да однесам затоа многу се изнервирав. Ќе одам утре пак кај Љупчо да му го однесам од денес резултатот па ќе видам што ќе кажи денес беше многу нервозен. Фала ти
Deka naplakaat site e fakt uzasen a za toa sme golem del i nie krivi zosto im davame pari, jas taka zbuneta dadov 2 pati i poveke ne, si znaat i tie deka po 10 min inspekcija ke im cukni na vrata pa neka mi pobaraat. I 300 i 600 e sramota i rezil. Treba ednas da sfatime tie zavisat od nas ne nie od niv. Slavco dolgo nesakase za Plodnost da cue, pa lani go vidov niz hodnicite tamu vo mantil, se spogodile nekako pa sega omeknal ko kiflicka )) cirkus se site a nie igrame kako svirat. Jas ne gi vrakam kaj Lili rezultatite vo papka se kaj mene, taa site info vo majcina gi zapisuva
Jas najdobri komentari citam za dr Drakulevski od Acibadem Sistina, nekolku pati sum bila na pregled kaj nego i sum prezadovolna. Iskusen, strucen, prijaten, ubavo objasnuva, prav prijatel so pacientite.
Мене лани ми викаше Таше да го пишам него за матичен за да не плаќам кај него за брисеви толку скапо,ама ве читам дека не е баш како што треба. Башка ако е така лош,јас сакам да знам дали е добар како гинеколог за да знам дали да го пишам за матичен или др да барам
И мене од плодност ми го препорачаа за да неплаќам за некој работи и искрено незнам каков е како доктор зошто не правам прегледи кај него чисто за упат и еднаш за брисеви малку ми е така како изгубен и еднаш ми се развика без причина пред сите така некој чуден однос мислам има, јас имам таков впечаток за други незнам.
Jas odam kaj Emilija i sum prezadovolna,dve godini izgubiv kaj Mirjana.Za eho mi naplaka 400denari,a brisevite gi nosam vo medicina na trudot.
Има некој кај Надица што оди? Како што гледам сеуште наплаќа ехо - 300 ден, а колку што знам соработува со фондот
Јас имам допис од министерство за здравство кај што пишува со големи букви дека секој преглед кај матичниот гинеколог е бесплатен за трудници а они си залепиле некој допис кој не се однесува на таа мерка за што треба, плус си допишале дека тоа важело само за секундарно и терциерно ниво, во болнички услови, што нема врска. Туку, бидејќи никаде нема податок на кого и за што наплаќаат, мислам дека паралелно со тоа што си наплаќаат тие сигурно си побаруваат и надоместок за трудниците. Ама сите си викаме ај кој ќе се замара сега кога треба да уживам, демек јас ќе сменам нешто и така си оставаме. Туку, сите ли имате мајчини книшки, ви ги дава матичниот или сами купувате? Мене матичната ми вика немале, не ги ни печателе веќе демек а мене ми треба како доказ и евиденција. Кај има да се купат?
По правило треба матичниот гинеколог да ти даде,мене и за 2 бремености ми даде книшка,пред 5год и сега пред скоро година
Да @Cka и јас го имав постирано одамна истиов допис, само што они не го закачиле тој допис, туку извадок од веста на веб страната на министерство кај што не го пишуваше тоа за матичниот, па уште и ќе ми објаснуваат што е секундарно а што терциерно ниво. Мислат ние нафта пиеме. Ама бременоста е период кога не сакаш да се замараш и да си создаваш непотребни стресови, сите матични исто прават.
Јас пред еден месец се породив, мајчината книшка празна остана, освен притисок и тежина ништо друго никој не ми запиша ни матичната, ни сестрата, ниту пак на скрининзите на клиника! А фала богу па и никој не ми ја побара, така остана во документацијата како успомен