Здраво, сакам да ми препорачате некој добар доктор/ка во Плодност-Битола. Каде што ќе можам да разговарам за проблематиката, да е посветен/а, и се разбира за во иднина да можам и бременост да водам кај нив...
Ако има некоја проблематика се разбира ке го бараш др.таше тој е експертот за во плодност но и др.обедниковски е доказан ти посакувам што побрзо да го решиш проблемот
Др Кристинка Пајаковска, водам бременост кај неа и сум презадоволна. За проблематиката можеби ќе треба да разговараш и со доктор Таше. Среќно за кој и да се одлучиш
Проблематика па имав 3 спонтани, и за некои искитување и секако бременост да си водам оти од државниве се виде колку.. Фала ви многу
Нема за што, закажи си и разговарај со докторката таа ќе ти каже што и како понатаму, со лесно и побрзо решавање на проблемот.
Ако немаш доктор за врска, тогаш сестра или акушер не е доволно за да дојде специјално за тебе ако не е на смена. Цвета мито и корупција.
Vo drzavna direktorkata hagji lega mislam dovolan e neli. Ama pa od druga strana slusam pozitivni komentari za cair, neznam
Види мила, сите тие што работат на државно сакаат пари за да дојдат баш во тој момент кога ќе треба да се породиш, освен ако се на смена во моментот. За Чаир што да ти кажам освен дека и јас имам супер искуство, имав врска само една сестра за поситна помош, но не и за бирање доктор, така што отидов со позитивна мисла дека ќе биде све како што треба без разлика кој доктор ќе биде. Во принцип сите доктори си ја работат супер работата, тоа да не се плашиш, сестрите и акушерките се тие што знаат да бидат "незгодни" со чуден однос према пацинетките Со лесно, каде и да одбереш
Ординација Коруноски, дали ќе го одбереш докторот или една од докторките сеедно, сите се професионалци во работата. Др. Снежана Миленкова е моја матична.
Да за таму читав многу ги фалат али и многу гужва имало. Значи со книшката да одам не треба да се најавувам така?
Да, гужва е, ама си закажуваш термин (две недели однапред) и немаш гајле. Јас мислам најубаво да им се јавиш пред да отидеш. Бројот им е 02/ 3 222 123 Јас од документи однесов здравствена книшка и картон со одјава (од претходниот матичен)
Здраво женски! Во рана бременост сум и неодамна го земав др. Личоски од поликлиника Сандански за матичен (нели мора да се има матичен во бременост). Дали некоја од вас има искуство кај него?
Dobro sto e so onaa Nadica Geroska, ima nekoja sto isto vaka nezadovolna? ok bese dodeka nemase mn pacienti, a sega kaj nea e gz preku glava. Pred mesec ipol pap pravev, mi rekoa kje ti se javime za mesec za rezultati i ne se javija. Vcera se javuvam i taa sto raboti kaj nea celata izgubena i ona neznae sto zbori, mi vika nema rezultati i nema da ima, doktorkata se iskarala na klinika i ne gi zemala rezultatite, kako moze taka? Sto bese fina taa prethodno sto rabotese, ovaa koga i da otidam dreme na viber i sto i da ja prasam nisto neznae.