Јуле,мислам дека Дракулевски беше од Систина.На нивната страна ги има докторите и за секој пишуваше одделно,мислам дека под Дракулевски пишуваше патолошка бременост.А за него имам слушнато се најдобро.Провери си пак да не те излажам .
^да се адоврзам на муабетот за Радмила Бојчевска од Др. Ложанковски, и мене ми е матична, жената е екстра, комуникативна искрена отворена, во било кое време достапна на мобилен за совет за било што....сега за сега се најдобри зборови имам за неа.
Тест за бременост Zenski daj te be dobar ginokolog za da mi vodi bremenost i sve da ispitam za da ne trckaram po drzavna za rezultati na mikro,za krv i tn.
Тест за бременост Јас ја препорачувам Др. Радица Бојчевска, во ординација Ложанкоски. Првиот преглед мора да ви е приватно, по првиот преглед ќе си потполните картонче за дека сакате да ви е матична (сестрата се ќе ви објасни) И потоа, цените нема да ви се водат на приватно како на првиот преглед. Многу е хигиенско, точни, секогаш достапни - во буквална смисла 24/7, колку пати на телефон/мобилен сум звонела или кај сестрата или кај докторката иако не е на работа. Самиот нивни пристапме воодушевува.
Тест за бременост Во Центар, Карши Гимназијата Јосип Броз Тито, нели е домот за градежници, веднаш зад домот на градежници, има долгнавеста зграда, и влез, одма на приземјето од десна страна е ординацијата. Инаку на влезот на зградата има табла Ординација Ложанкоски.
Тест за бременост Потпис за Радица, и мене ми е матична. Сестрата Билјана има најлесна рака на свет за боцкање, закон се и двете. Едино може да се начекате некогаш од падобранци, ама па не одбиваат икогаш, јас кога прокрварев ме примија за 5 минути. Најдобра докторка без конкуренција!
Тест за бременост Значи, одиме на исто место. Само што јас одам кај докторот. Еднаш бев и кај докторката. Многу е фина.
Тест за бременост ^очигледно, а ете и елена.мак оди таму....и баш ми е мило што другите го делат истото мислење
Тест за бременост и јас се запишав кај нив од скоро, немав матичен а ми требаше хитно упат и ми завршија работа за 15 мин. незнам која ми ја ставија за матичен колку за упатот и ми рекоа за прегледи кој сакам од ординацијата тој може да ме прегледува.
Тест за бременост Точно е тоа дека кој сакаш може да те прегледува. Во 9-ти месец 2 од брисевите ми беа позитивни и бидејќи докторот беше на одмор, докторката ми препиша терапија. Таа ми даде и упат за породување. Цените со плави каротни се: за ехо - 500 денари, за вагинално ехо - 250 денари и за ПАП-тест - 250 денари.
Тест за бременост Ете веќе пишале дека работат со плави картони а и цените ви ги пишале, инаку ти нудат и за резултати нешто ако треба за они да носат +200ден. и ќе ти јават по мобилен. Скринингот е 2000ден, со ЦД снимка е 2500. Инаку и мене ми се има слошено во смена не беше мојата докторка, т.е. не беше воопто во Скопје, а сестрата беше др. по телефон на секои пола саат ми звонеше да ме прашува како ми се движи сега притисокот. Навистина се мн.грижливи и одговорни.
Тест за бременост Исто и мене, ноќта два пати ми ѕвонеа да ме прашаат дали сум примила терапија бидејќи на дежурен требаше да одам. Во споредба со претходните две матични, се осеќам како во рајот кај Радица и откачената сестра Билјана. Ај доста збориме за нив, како реклама некоја ќе дојде во погрешна тема... Срам да ни е!
Тест за бременост ^тек тоа да не спомнувам што смеење удираме со сестра Биле...и зезанција за генерација. Богами после ваки слатки зборови, едно гратис ехо да ни дадат
Тест за бременост Еххх морам уште ова,....Радица е срцка, муабетџика невидена, на ехо знае и по 20/30мин. да те држи да ти збори да ти покажува да ти објаснува....апсолутно никаде не се брза. Ова морав да го потенцирам, пошто баш денеска на форумов прочитав како некој доктор ни 5 мин. не ја погледнал на ехото.