Работи,моја другарка оди таму,има турбо работа,искусен доктор.Негде карши Соборна е ординацијата знам дека беше многу збутана во пролазите.
Пред терминов за на трансфузиологија имам закажано за на гиниколог ке разговарам со др. Ако нема потреба за д-димери па и не испитувам. А за на бањава здравје ке си одам убаво е може преладени јајници не се пазиме ич па верувам дека може да помогне. А дали сте слушнале за подврзување и за Стојка од Чаир која масира со биоенергија?
Ne za nea ne sum slusnala.ama jas licno sym bila kaj zeni sto masiraat ama ne sum imala rezultat. Ama probaj odi..samo vidi nrkoja sto masira prirodno
Да се убацам неповикана во муабетот.Другарката водеше две бремености кај него, презадоволна.Докториште.Со големо искуство.Работи и со фондот.Некогаш знае да е погруб ама си ја знае работата
Неговиот арогантен однос беше причина да си заминам од кај него.кога имав крварење,ми се развика''кој умрел од крварење па и ти "После тоа се установи дека сум имала многу покачен пролактин,а он не ни примети.
Мене ми го пофалија дека добар е за фоликлометрија и со искуство и апаратура ама мене некако ми се одбивни постариве д-ри мислат се знаат и дека е се исто како пред 30-40год.кога почнувале со лекарска пракса.
@Asistentka што да ти кажам секој со различно искуство мене не ми остави впечаток.Икоруновски го фалат и јас бев до пред скоро кај него се додека не го изгубив бебето после тоа изгубив доверба.
Edno nesto ke vi kazam za folikumetrija..znaci kaj bilo koj doktor moze da se napravi toa..lani kaj mojot maticen doticniot dr. Blazevski od bukurest odev na folikumetrija sekoj 2 den po zavrsuvanje ma ciklus za sto mi zema 3500 denari bez da mi dade fiskalna bez nisto..sega kaj Lazarevski vo sistina otidova na 12 i 14 den od ciklus..ne mi zema ni denar za 1 sekunda rabota..taka sto nekogas i maticnite se bog da cuva..
Искуство некој со Др. Агнеса? Ми ја препорачаа, ств не знам што да мислам.Се беше во ред, немав проблем, рутинска контрола. Чисто ме интересира мислење, утре ќе треба да и доверам да ми следи бременост можда, а не знам многу да неа. Еднаш пишав, немав одговор тука.
Мене ми е матична. Јас две бремености истерав кај неа без грешка. Се што требаше виде и кажа. Без да се замарам во која недела што треба да правам. Имав и една ситуација, она ја виде на време и добро заврши. Е сега,во ординацијата е малку како на пазар. Пари зема за секој преглед, фискална јок. Во главно се е индивидуално. Моја другарка па ич не е задоволна од неа.
Нз, мене ми беше чудна, затоа и прашувам... Не верувам дека ќе останам таму, освен ако не најдам нешто подобро. Ви благодарам сепак. @irena.1 & @kukla21 .
Надица од ПЗУ Мама ми беше идеална. Но, имав пишано кај неа нема ред. Хаос невиден, на закажано чекав цел час, ај јас небитна, имаше бремена жена која 2h чекала, и се лошеше веќе. Е сега, кај оваа кога бев (нз може е стручна ств многу) ама ми изгледаше како бајачка по муабетиве. Ме гледа и и вика на сестрата аааа одма се гледа пазена. Толку ми беше глупо и смешно, по што познава која е пазена, која не е? Ми вика имаш две фоликули. До сеа 3ца гинеколози ми немаа никогаш нешто вакво искоментирано. И реков на неколку пати да ми подобјасни тоа стручните изрази. И збори нешто така цело време (ништо не ја разбирам жими се) , на крај ајдеее магла сеа ништо не ти е. Односот и е чуден малце, ок небитно тоа, нека е само професионална, ама ништо не објаснува. Плус кога бев имаше пациентка го загубила бебето во 6ти месец, ја бев повеќе спотресена отколку докторкава.
Мене па ич не ме бендиса Надица. Прво се пишав кај неа и инстантно се отпишав. Сакам подругарски однос и флексибилност. За сериозни работи секако кај матичен не би одела. За рутинските работи битно ми е ова.
Ти реков малку како на пазар, сестрата уста не затвара. Агнеса е премногу дирекна и народна, а и она уста не затвара . Но мене ми е тоа ок. Јас сакам доктор што збори. За објаснување, цело време објаснува, бар мене. Е сега малце повеке стручно објаснува, мене не ми смета. Јас скапав таму, ехо по 40 мин ми правеше, мм преглед нема пропуштено, зркнат во мониторот заедно со докторката уста не затвараа кое, што е, па мерки и позиции, абе се научи. Малку е таква во изразувањето, во стил не се секирај, накриви капа, уживај. Но, кога го виде резултатот кај мене , кога се уозбили, ова ке направиш, вака, вака. Само се тоа во чекална кажано, сите слушаат, дискреција нула. Имав и ситуација после првото породување, ме прими сабајле пред да почне со работа дека бев со бебе од 10 дена па да не чекам. Ме прегледа и на ехо, муабет стручен но и пријателски, се ми објасни и ме смири. Тие работи и ги памтам. Но најважно ми е, се што кажа од збор до збор на скрининзите, истото го повтори и другиот доктор во систина. Пак ке речам, се е индивидуално.