Auu daaa! https://www.google.com/search?q=ale..._AUIESgB&biw=360&bih=560#imgrc=BgLIBS5G8WwQLM: Najubav i najseksi doktorce e
Палчевски е одличен за водење бременост и за пораѓај ама за скрининзи препраќа кај петрова или димчев.
Мене па Палчевски на визита кога ми дојде првиот пат, пред пораѓај, ни збор не изусти, едвај ме погледна, ми избрца прсти експресно и си излезе Баш ладно и незаинтересирано ми делуваше. После царскиот (на итен царски завршив) пак дојде, ѕирна раната на блиц, пак без збор, и пак ја здува во истата секунда. Таман отворив уста да прашам како ми е раната, он веќе излегуваше низ врата. Ко идиот се испонаша, мене баш лош впечаток ми остави. Ама затоа Бојаџиев... што муабет свртевме, ептен фин, убаво ми објаснуваше за се што ме интересираше и ме охрабруваше да не се плашам. Башка згоден малиот И Адамова е многу фина, ептен, срцка е. Она асистираше на царскиот, многу ме смири и ме охрабри, душа е. Ја препорачувам најтопло, покрај мојата омилена Петровска.
Q Gordeto ni na ovoj poragjaj ne mi dojde. Dodusa ja za malce u kola ke rodev a i deca strogo na dezurstva ragjam P.s sabajleto samo dojde da mi naprai nekoja smeska i da mi kaze deka dur se istusirala j sum rodila
@wannaBeMomma па ти изненада си ја фатила Мене ми дојде и тоа во сабота попладне, од дома. Ме чекаше два дена да се отворам пуста јас, со болки со све, ама не бидуваше и пошто почна да снемува вода, Адамова рече одиме на царски одма (она беше дежурна). Гоца у меѓувреме дошла, се чуле со Адамова, а јас во бунилото не ми ни текна да прашам каде е. Заврши работа у сала со мене и си отиде на ручек жената, таква исподотерана, нафенирана ко и секогаш Дојде и во неделата да ме види, и потоа секој ден доаѓаше додека бев таму. Не можам да се пожалам од неа стварно Во твојот случај било ептен набрзина, може стварно немала време да стигне
Плаќате ли кај матичните за преглед? Мојов се води као добар доктор ама претеризам 500 денари секој месец. Демек со причина ги зима тие пари и дека е тука коа ќе ми затреба ..
Др. Поповиќ е мојот доктор, го обожавам. Секогаш е смирен, позитивен и можеш се да го прашаш (ова е моето лично искуство). Се подготвуваш за ивф?
Да, на слика е убав, но во живо ИЧ. Вчера за прв пат го видов во ходник и воопшто не го бендисав. Sorry женски, не ми замерувајте за ова што го пишав.
Ne go znam negi..ama znam deka minatata godina kaj mojit gi ekolog koa idev isto 500 mu bese sekoe idenje..minuta eho 500..merenje folikuli 500.. ne znam so da ti kazam
Се согласувам со тебе ептен е супер Јас веќе бев кај него правев инсеминација успешно си помина И јас докторот топло го препорачувам