Јас ќе ја менувам зошто сестрите се крајно БЕЗОБРАЗНИ, а докторката те пречекува без насмевка (сите имаме проблеми, па на работа се трудиме да бидеме расположени, бидејќи и јас сум сестра и имам контакт со пациенти). Прв мој матичен гинеколог е и не ми остави впечаток, жената може си има професионалност ама твој избор.
Ужасно тежок за комуникација. Самобендисан. Мислам дека со "ставот" што го има, ако би работел во приватна клиника ретко кој би го "избрал" за свој доктор
Девојки, ве молам предложете ми некој гинеколог (центар...Карпош...) кој нема многу пациенти и кај кој не се чека по 10 дена за термин. Ионака сум со инвитро - и планирам кај што ќе правам инвитро да ми водат бременост (дај Боже да дојде прво), така да не ми треба некој предобар гинеколог. Кај мојата чекам по 10 дена да закажам.
моментално сум кај Надица - ПЗУ Мама. Докторката е супер, не би ја мењала...ама преееемногу се чека, ај за закажување....па и после кај неа - се чека и по 1 - 2 саати на веќе закажано
I jas sum.kaj nea. Mnogu se ceka, epten! Koa i da otidam cekam minimum pola saat - saat. Ona e bashka mnogu muabetdzika i moze zatoa se zadrzuvaat poveke. Plus zakazuva na 15 minuti a ne moze da postigne. Ne znam kade ne se ceka, jas i kaj prethodniot maticen cekav isto mnogu, on pa isto znaese da buta izmegu nezakazani i tepacka i karanica bese u holot.
Јас по толку чекам на закажано и кај матичен и на приватно, а и закажувам по 7 до 10 дена претходно. Изгледа скоро секаде е исто.