Овој Владо Поповски е истиот со Владимир Поповски или друг е? Оти знам дека има и некој Влатко таму. Сега и јас се мислам помеѓу овие за втор скриниг и сум била кај сите, само кај Кристинка не сум била сеуште, па се мислам да ј посетам и неа. Од Владимир и Благојче задоволна сум многу, ама некако многу малку зборат и објаснуваат. Ама сепак на крај најбитно ми е да е добар стручнак и да можам да му верувам.
Здраво девојки Сакам да Ве прашам дали некоја што е бремена од вас или била во скоро време, да оди кај некој матичен доктор што не наплаќа за ехо да ми го препорача?? Бидејќи ми е прва бременост и не сум запознаена..од една страна викаат матичниот не смее ништо да ти наплати, од друга страна наплаќаат за ехо бидејќи апаратот си го купиле сами. Да сподели некој искуство со матичните гинеколози додека сте биле бремени
Aman bre se da vi naplakaat mojot gin osven za pap test sto mi zede ednas 60den drugo nisto mi nema naplateno
Др. Влатко Ѓоргиевски во болница Плодност Битола the best имам одлично искуство со позитивни резултати благодарение на него 7 недели сум бремена после 4 години во брак. Многу позитивен, внимателен и професионален
Препорачајте матичен во ѓорче/хром/влае. Со мојот Др.како секој пат да сум му нов пациент. Инаку скоро 3та година се обидуваме за бебенце ... Значи ми треба добар доктор да останам трудна
Дали некоја има искуство кај д-р. Весна Маркова во Медикаликс? Вака ми делува на искусна, многу фина докторка.
Тешко дека матичен ќе ти реши ваков проблем. За вакви работи најдобро специјалист да бараш, а матичен да ти биде само за упати.
кои специјалисти на пр.? Препорачајте ми некој стручен и лесен за разбирање а не да му вадам зборови со клешти
Оди во темата за вештачко оплодување, таму најубаво ќе ти објаснат членките, кај кои доктори, кои испитувања ги прават и сл.
Јас сеуште се немам одлучено за вештачко затоа што до сега се беше оставено на ако биде биде... можеби не е сеуште до вештачко дојдено ама деф.ке пролистам.во таа тема. Фала
Не е само за вештачко оплодување, така се вика темата, ама внатре се опфатени и други проблематики, на пр. само испитувања кои треба да се направат за да се види причината поради која нема бременост.