@LiliBoz јас сум исто кај Коруноски, кај Снежана. Ама ич не сум задоволна. Со првата бременост ептен утки имаше, со вторава само за боледување одев. Ова чисто за информација да го имаш.
Истата. Уште го барам "вистинскиот" гинеколог на државно. Една колешка ми ја предложи Радица Бојчева, во центар била некаде.
И мене Снеже од орд.Коруновски ми е матична .За првата временост касно отидов но бев ептен задоволна како ме водеше . Здравје за втората од старт ке одам кај нејзе .Многу внимателна,убаво објаснува,советува . Одлична.
Ја не ги правам скрининзите таму и малце го кренаа носот ама тоа си е мој избор и поради мојата историја неможам само таму да одам ама разбирлива е многу.
Јас имам искуство,мене ми ја водеше бременоста после два спонтани,топло ти го препорачувам,многу е човечен и достапен во секое време,не те паничи и убаво објаснува за се,јас за второ пак би идела кај него.
Фала ти. Веќе бев по втор пат кај него и стварно е така како што кажуваш. Мн убаво објаснува и смирено се
Не , не знаев тогаш дека они прават скрининзи. Бев во потрага по матичен и додека најдов некој асален 20 недела ме фати Имаат и 3д и 4д. Сите испитувања што треба во бременост они ги прават.
Ako moze mala pomos licno iskustvo za dobar ginekolog vo veles...vi blagodaram i se izvinuvam za random prasanjeto
Незнаев каде да прашам па ајде тука... Дали мора да одам кај матичен гинеколог или можам да си продолжам каде што си одам на приватно? За бременост прашувам. Не ми оди муабетот со матичната па дури да барам замена а искрено за ништо ми нема помогнато се приватно си плаќам,прашувам со закони да не има нешто врска. Тенкју
Со Закон немаш ништо врска, можеш да си одиш приватно но за некои работи како што се упати за крвна слика, мокраќа, брисеви, боледување и сл. мораш кај матичен (а и немораш ако сакаш се приватно да плаќаш). Матичниот во картон ќе ти пише дека си бремена и чао пријатно.
Ако планираш да раѓаш во државна клиника, ќе ти треба упат од матичен. Вака беше пред 4 години кога се пораѓав, не верувам дека е сменето. Исто за боледување да отвориш, породилно...