Јас сум задоволна од неа. Она и беше замена на Лолита. Планирам кај неа да се префрлам. Колку што знам, Лолита веќе не работи таму.
За тие што се мислат кој доктор да го одберат во Систина, го препорачувам др. Златко Палчевски. Сега откако се заврши и пораѓајот, немам ни една замерка на неговата стручност и посветеност.
И јас го препорачувам Златко Палчевски, смирен, стручен и највазно секогас достапен за совет и консултација
Девојки ми треба гинеколог што убаво објаснува и објективно ги согледува работите како што се. Сега кај што сум секој преглед само нови апчиња а нема ни за што ги дава да објасни ни дали напредува не напредува само се гледаме што се вика. Имате ли некој добар да ми препорачате не ми е битно машко или женско.
За следење бременост? За матичен ако ти треба Сузана Гинековита, она уста не затвора, само меле и раскажува, ова гледам она гледам (ама знае и од памет да те извади) ... Цело време дури гледа ехо ми раскажува . Инаку бременоста ја следев во Ремедика кај јовановски,он многу не збори, ама на крај ќе ти објасни и ќе ти влее сигурност.
А добро тие ремедикс идат ли со фонд или секој преглед 2.5 илјади да си имам спремно? Иначе да за бременост ми е. Не сум ни шест недели што се вика а скоро на се ме ставија фемибион, магнезиум, утрогестан сеа за инекции ме спрема па што е многу многу е, а не ми дава никакви индикации дека нешто е лошо или пак дека е се супер. Онака како покер да играме па јас цело време губам и фрлам пари по лекови.
Додатоци ти се сите тие. Урогестан е прогестерон и служи за да се прицврсти плодот за матката. Без магнезиум не би можела јас ни онака да терам, не бременост. Него сигурно цела бременост ќе го пиеш. Фемибион е исто некој спој на витамини/минерали. Фолна содржи гледам. Фолната е екстремно битна за развојот на ембрионот и би требало да ја пијат сите уште од пред да останат трудни. Ќе даваш пари, мора така да биде.
Да не се секираш,во ремедика следам бременост истата терапија ја добив на сам старт. Тоа што ти го дале е баш тоа што е ти е потребно. Единствено што не ти објаснил зошто ќе ги користиш тие таблети и инјекции,но некои доктори сметаат дека не треба се да знаеме,ноо затоа сме на фемина тука да си прашаме Иначе 2800 секој преглед ремедика
Д-р Исјановски од Ултрамедика. Баш мислам ќе ти се погоди за сето ова што го бараш. Не дава непотребно терапии ако нема потреба, секогаш позитивен, убаво објаснува сѐ што те интересира. И најважно не наплаќа прегледи како матичен.
@Happyinlove Кај кого идеш во Ремедика? Мене секогаш по 2500 ми зимаат,правам муабет за ехо преглед,контрола во бременост.
Заборавив да кажам и Аспирин 100ка пиам, за се ми е тоа јасно но ова ми е прва бременост и сум здрава личност со нормална крв хормони, типично низок притисок и ако добро памтам ми рекоа маткиче како од учебник со точни димензии. Само се плашам дека нешто не ми кажуваат заради тоа сакам второ мидлење.