Здраво девојки нова сум на форумот па ме интересира дали некоја од вас има искуство кај Д-р Ванчо Органџиски
Moe mislenje za sterilitet broj eden od doktorite e doktor Lazareski od sistina covekot bukvalno od koren gi razgleduva ispituvanjata i sporet toa dava terapia.Covekot otvoreno i tocno kwzuva moze prirodno ili mora so invitro.Jas 9god.se matkav po mnogu doktori i nisto,a otkaj lazareski za necela god ostanav itoa so bliznacina NEMA PODOBAR ZA STERILITET
Бремена сум 10 недела, но од мојот матичен гиниколог воопшто не сум задоволна ништо не кажува што како треба да де испитува редоследно, се мора да прашувам или да допрашувам блиски или по форумиве, некако како изгубена ми е, сакам да ја сменам но не знам дали може или доцна е веќе. Предлог за добар матичен во Скопје која би ми ја водела бременоста (ако можеда ја сменам мојава) и се добро би ми објаснил што, како треба??
збореа едно време дека ја пополнил квотата за матичен и као не примал веќе ама така само слушнав... а колку е точно незнам...иначе, екстра доктор! незнам зашто не се префрлив кај него пред бременост, сеа мислам касно ми е веќе
И јас знам така затоа реков да праша дали има слободно сега, незнам на колку време еднаш докторот и објаснуваше на една пациентка се обновува и се гледа дали има место за нови пациенти ако некој се отпишал или незнам како оде точно а за доктор е цар толку многу објаснува што неможеш на ред да стигнеш Емче мислам касно ти е сега убаво е од старт некој да те води едино ако нема со некој разбирачка па да мораш
Може некој да ми пише што и како се испитува по недели, некако ми е страв ова мојава да не ми испушти нешто. До сега сум била два пати, правев крвна слика и ме гледаше на ехо за срцева реакција,сега треба да одам за брисеви, скрининг и на клиника вајда за приска (претпоставувам, по муабети што имам правено и читано на нет таа не ми кажа зашо само дека треба да одам), скрининг закажав и во систина па ќе видам таму може повеќе ќе ми објасни некој што и како
Искуства со Марија Коцева од Ложанковски или Ана Матоска од Промедика? Се јавував во Промедика ама многу се чека за термин, по месец ипол, а кај Марија за една недела има термини, каде би ми препорачале да одам? Исккуства со овие докторки
Мајка ми е кај Коцева во орд. Ложанковски,ама искрено не е задоволна. Др.е многу млада, и не многу искусна. Дури имавме и една ситуација која таа како лекар не ја виде, за среќа мајка ми беше упорна па бараше и второ мислење, за на крај да се испостави дека се работи за цин2, кој веднаш после беше опериран. За др.докторка незнам, не ја познавам. Ако можеш најди си некој поискусен матичен. Поздрав, тоа е наше искуство, се надевам твоето ке биде пријатно.