Јас. Мене ми е гинеколог веќе 6та година. Задоволна сум. Не збори многу ама сметам дека е стручен. Поздрав,
Предобар доктор, многу убав пристап има и знае да објасни, не е надмен туку е сосема приземен, знае и да се шали и све. Топло ти го препорачувам, нема да згрешиш.
Може ли некој да ми каже колку чини ехо преглед во Медикаликс? Скроз сум разочарана од матичниот гинеколог, не може да ја добиеш на телефон ни фиксен ни мобилен, бремена сум 14 недела.
Нерви искинав со неа, тешка е за комуникација, во ординацијата ѕвонам никој не се јавува, не веаќа на вибер ни на меил и треба за секоја мала ситница да се влечкам до таму. Еве денес цело сабајле и фиксниот и мобилниот и веа исклучени. Ми доаѓа на сред бременост да си ги зеам документите и да барам друг матичен.
Леле ужасна е. И јас сум кај неа, не стигнав да ја сменам, одма останав бремена вториов пат. И онака не одам кај неа на прегледи, приватно сум. Нема поента да одам кога е дрво, нит збори, нит бутур, башка тотално недостапна и незаинтересирана за било што. Засега ја чувам само за упати и боловање ако притреба, ама штом се породам ОДМА ја менувам. Инаку сега работи во две смени секој ден, отиди и таму штом не можеш да ја добиеш. Безобразни се, го исклучуваат телефонот. Ако ја водиш бременоста кај неа, тогаш јас на твое место не би чекала, одма би ја сменила. Јас ќе почекам зошто не ме води она, инаку да ме водеше, одма ќе ја сменев.
Ve molam.za preporaka za dobar ginekolog.Imav tri spontani abortusi..mi treba nekoj posveten.sto ke mi posveti vnimanie i ke me upati za sto ponatamu.I koi ispituvannja se pravat posle abortusi?
Имаш таква тема,детално ќе прочиташ за испитувањата... Добар гинеколог... Јас не најдов таков. Пред едно 6,7 години од интернет најдов кои анализи се прават па одев кај матичен по упати и се убедував дека треба тоа да го направАм Појди прво на трансфузија , почни оттаму. Со среќа
Прима, да. Ординација Ултрамедика на Илинденска спроти Рок кафана ако знаеш каде е (меѓу зоолошка и Абц).
Девојки, телефонски се јавив за да прашам за матичен кај Сузана Гинековита и ми рекоа не примаат. Дали некојнима поинаква инфо...на пример дали може да се урира некако да ме примат. Благодарам. Поздрав
И јас кога бев на преглед сестрата кажуваше дека не примаат. Ама ако имаш некоја блиска таму што се знае со неа може да ја замоли да те запише и тебе.
Значи другата втора ќе биде така? А како е со закажување брзо има термини или се чека повеќе? Едно време за две недели закажуваа па да знам дали да се јавувам сега за наредна недела или нема потреба. Фала ти на брзиот одговор
Зависи за што закажуваш, јас за брисеви се јавив и ме стави на меѓу термин одма за утре, ако потенцираш дека си бремена побрзо ке најдат терминче. Инаку да на една недела се менува, следната ќе биде втора и секој петок е прва.