Можда касно одговарам сигурно си завршила работа. Мое мислење Димитров и Петаноски работат инвитро и тоа им е приоритет. Јас сум кај Димитров бидејќи сум со ивф, така да како послободен би ти рекла да одиш кај Ефремовски. Поздрав
Касно читам пријателке ама се изнасмеав )) Мене ми е Радица матична и ја обожавам баш дека има таков вокабулар и многу ме опушта и важно ми е што е стручна, до сега неколку пати овие 5 години ми го потврдила тоа Али убаво си пиша, секој со своето искуство... јас сум веќе 5та година и сум задоволна. Во однос на прашање стерилитет искрено не се ни надевав на неа како матичен за совет и сл. Она е добра за ехо и водење бременост. Како и да е од срце сум се изнасмеала на постов пошто ја замислив
Божидар. Тивок доктор, може навидум малку чуден, сериозен, но супер си ја знае работата. Се’ што ќе го прашаш ќе ти одговори смирено. Освен тоа, болнички доктор е, со искуство и реални проблеми во болнички услови.
Во поликлиника мвр, не знам да објаснаѓ каде се наоѓа бидејќи не сум од Скопје. Кога одиш од рампа према центар ја преминуваш уличката кај тутунски и тука меѓу зградите ќе влезеш. Мене ми е матичен др.Божидар.
Во Ремедика ОДЛИЧНО искуство имам до Јане Стојковски и Др Петрова за скрининг,а последниов скрининг морав да одам кај Др Стомнаровска затоа што само она имаше слободен термин и ВООПШТО не сум задоволна,така да ако идете Ремедика и плаќате,воопшто не ви се исплати да давате пари и Стомнаровска да ве прегледува ....
Се е тоа индивидуално, јас кај нејзе одам на прегледи Афродита ме води, прв и втор скрининг ми ги правеше сега треба трет и сум презадоволна
Јас прашував за Стомнаровска се инресирав за породување кај неа ...сум била еднаш за скрининг беше ок..ако може да ми кажеш од што не си задоволна чисто да имам во предвид
https://acibademsistina.mk/doctor/boban-sardhovski/ еве го неговото CV, одличен и професионален доктор е посебно за посложени оперативни зафати