Здраво, моментално сум кај др.Стамболиев, веке со години. Но не сум баш задоволна, бев минатата недела за преглед утврдување бременост. Виде срцева акција, препиша терапија и толку. Нити брисеви, нити книшка труднича, килажа притисок, крва слика,урина, ништо не ми рече да направам. Што мислите дали да го сменам, се мислам за кај доктор Ложанковски, марија коцева докторката што работо со фондот. Што ќе ми предложите вие.
Како одиш со години кај него а сега го приметуваш дека е незаинтересиран? Мене ми немаат мерено килажа притисок ниту имам трудничка книшка мислам не постои тоа веќе не знам. За крв и урина не се сеќавам а брисеви секако се прават во 12та недела по правило тогаш треба и да ти е следен преглед . И каква терапија ти препишал? Мислиш на витамини или?
Следен преглед ми е во 10 недела здравје. Зимам фемибион 1, фолна киселина, магнезиум, и утрогестан насабајле и навечер по една таблета 200мг. Претходно си беше нормално пап тест, микробиолошки имам праено, и некогаш на ехо, ама мислев дела треба нешто посебно сега кога има бременост повеќе контроли испитувања, урина некои секој месец испитуваат, и крвна слика.
Не знам зашто утрогестанот ти го препишал. Јас правев ама не се сеќавам прв пат кога да не те излажам мислам беше околу 10та недела и еве месецов скокнавме за да не одам по лаборатории заради коронава. Некоја трудница што оди кај истиот доктор најдобро нека каже како е задоволна но јас лично тоа што го наброја го немам правено. Утрогестан земав 1 на ден заради болки до 12та недела
За безбедност, подршка на плодот. Јас сум со две матки различни поделени. И сега е мислам плодот во десната матка...и за безбедност. Дека помал простор, за развивање на бебко валда затоа. Со гоапод напред дај боже да биде све добро
Јасно тоа е важно да ти објаснил зошто и како. По мене одиш кај него долго и ти ја знае историјата. Ако сум задоволна не би го менувала но секако треба да си побараш второ мислење . Јас барем така правев сменив 4 или 5 гинеколози додека најдов некој што ми одговара. Ти посакувам среќа и со лесно да си ја износиш бременоста
@Buca24 не знам како е сега, ама пред повеќе од 2 години и мене не ми извадија веднаш мајчина книшка, па ни на вториот, ниту на третиот преглед. За брисеви ти е рано, земај си ги витамините. Од се' ова само треба да проверуваш крвна слика еднаш месечно и да провериш крвна група дали си RH-. Во секој случај, доколку ти е прва бременост, требало да ти даде неколку совети околу исхрана барем. Со лесно
Реално за почеток е доволно тоа што ти дал. Крвна слика сигурно ќе ти даде да прегледаш при нареден преглед. Мајчина книшка нема да добиеш, а килажа/притисок и тоа може да не дочекаш
И јас пиев утогестан од 6та до 10та недела иако немав проблеми никакви. Заради превенција ми ги даде. Брисеви 12та недела. Килажа и притисок од 6та недела па натака секој преглед. Крвна слика на секои 4 недели. Погоре пишале за крвна група, јас тоа го правев во 22ра недела, ама знаев дека сум позитив. Килажа измери си сама и притисок можеш чисто да знаеш што како. А крвна слика побарај си упат, не чекај он да ти каже. Јас си барав се што ми текна Јас имам мајчина книшка ама сама ја купив и ја однесов да ми ја пополнат, сеуште е кај нив. Ама не знам што ќе ми е...
@Buca24 еве мене ми е матичен. Малку чудничок е, ама ок е. Не збори многу. Се покажало дека ако треба да види нешто, гледа. При бременост, јас одев и на приватен напоредно. Тој се си гледа, ама не зборува. Терапијата ја погодува. Се обидува да те држи смирена, па како затоа да не зборува. Јас сакав да знам, и на приватен, потребата беше задоволена. Мајчина книшка не прави. Крв - не дава секој месец, на два-три. Килажа, притисок - никогаш. Те прашува, ако не си имала проблеми, не комплицира, ти вика мери дома. Храна не кажува што како, вика здраво јади. Утрогестанот примај го. Ако не треба, после 13-14 недела ќе ти го прекине. Брисеви мене ми зема некаде 15 и 33 недела. Е јас имав ризична бременост, прокрвавував неколку пати, еднаш ми рече немам што.да ти правам оди на гак. И ме извади од такт, наутро беше, не на дежурен. Ама еве, сега откако помина се, гледам дека само сакал да ме држи смирена. Пак потенцирам дека некогаш ми требаше само муабет за да се смирам, а тој не ме примаше на преглед. Сега пак си одам кај него.
Здраво, се мислам помеѓу Павле Димчев и Митко Ивановски за водење бременост и пораѓај во Систина. Ако може да споделите искуства доколку сте имале со едниот или другиот. Однапред Благодарам.
Кој и да го избереш не ќе згрешиш. Ако сакаш некој што ќе те зеза цело време и опушта во позитивна смисла (секако стручноста не ја спорам) тоа е Митко А и мн пошармантен е од Павлета
Кажи нешто повеќе те молам и јас немам искуство со ниеден доктор од ремедика ...ама дека примариус да не се излажав случајно
Поздрав, јас имав многу лошо искуство со него. Таа стандард терапија ја дава на сите. Топло ти препорачувам да го смениш. Мојот случај заврши многу лошо, со спомтан во 6 месец. Ме немаше прегледано 4месеци и на крај тој се чувствуваше повреден. Немам убави зборови за него.
Со години одев кај него. Во првата бременост од неговата неажурност, мислам дека само господ ме сочува и мене и бебето. Ниту еднаш не ми измери притисок, килажа. Имав прееклампсија среќа што докторката во државна примети. Пред 2 години останав бремена, прокрварев. Прво не ми даде боледување, откако прокрварев повеќе отидов пак, по него беше се во ред, не се ни обиде да превземе нешто, во смисла барем да примев прогестерон, да знам дека сме превземале нешто. Го изгубив бебето. Се обвинувам и самата што не побарав второ мислење, но и него го обвинувам. После тоа го сменив... Обично не сакам да плукам по одредени доктори, ама кај мене направи премногу пропусти.