Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Јас со првата бременост бев кај неа и кај Коруновски, многу лошо искуство, плодовата вода ми се намали, бебето имаше застој во развој, ниту еднаш не ме измерија да забележат дека бебе не расте, наместо веднаш да ме пратат на клиника тие ми рекоа дојди за 2 недели, после две недели плодова вода ич, и одлепена плацента за што после Снежана ме убедуваше дека одлепувањето на плацентата не можело да се види.... Не знам само како на ГАК го видоа тоа. Се вратив еднаш после пораѓај на редовна контрола да и кажам колку згрешија и си го зедов картонот. Многу доцна ме испрати за димери и хемостаза, кога отеков цела, тоа е друга приказна. Сега сум кај Сузана Костовска Гинековита и сум задоволна, камо да идев кај неа и првиот пат.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Ако не ти се проблем финансиите оди си во приватна болница направи си ги скрининзите барем сега имаш избор на стручњаци. Секако скрининзите и брисевите се најважни. И не мораш да чекаш упати да ти дава. Значи, еднаш месечно крвна слика и урина, скриен шеќер до 28ма недела, д димери и хемостаза исто мислам околу 25-26 недела се правеше и ако сум заборавила нешто нека ме дополнат. Приската навистина не мора да се прави, но првин мора да те види некој доктор што многу добро си ја знае работата и има искуство зашто таков доктор може да види неправилности и без приска, па ако не дај боже има потреба ќе си правиш дополнителни испитувања.

    Прв скрининг колку што памтам е 2500, втор 4500, микробиолошки брисеви 3000ден и брисевите за стрептокока во 35та недела 1400ден.
     
    На Chuchanov, Brpbrp, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. KiviOdMaldivi

    KiviOdMaldivi Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2018
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    И јас сум кај сузана но воопшто не сум задоволна ,за секое испитување треба јас да ја прашувам кога,како незаинтетесирана е,затоа и си одам во систина
    Пред 2 години кога почнавме со маж ми да се обидуваме за бебе кога отидов со сите мои и негови испитувања,според нејзе ние бевме за ин витро што немаше врска,среќа во консултација со Трајковски еве сега сум си 7ми месец по природен пат бремена.
    Така да секој со различно искуство со докториве,со секого изгледа различно
     
    На Brpbrp, zhap4e, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.224
    Допаѓања:
    18.970
    Да секој различно. Јас кај Сузана па сум презадоволна. И да има најголема гужва не се брза да обрне внимание. Секогаш ме советува и праќа на испитувања што се стандард во бременост. Баш спротивно искуство имам.
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    И јас сум задоволна сега за сега.
     
  6. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    6.358
    Пол:
    Женски
    Многу ја фалат поликлиниката Мартини - Струмица. Дали имаат некои искуство со овој доктор Никола Маџунков. Сакам да одам ама малку ми е далеку па затоа барам искуство.
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Dobar e Dr mene tretiot skrining koga rabotese na gak mi go pravese on inace sega otkako ja otvori klinikata vo strumica ne sorabotuva so fondot
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Затоа е ненормална и повеќето се такви тие што се задоволни од матични гинеколози имаат среќа затоа што им обрнуваат внимание имаат по 5000 пациенти најмалце 3000 да се бремени и што пробуваат да останат бремени зар можат они на толку да обрнат внимание? Не верувам искрено затоа и се такви лабави али најлошото е што наплаќаат а не се заинтересирани
     
    На Camille84 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Јас бев и не сум задоволна. Последен да е, не одам веќе кај него.
    Мислам дека читав овде @QueenP и @pandelka не поминале добро со него.
    Појдов кај него заради розов исцедок во седма недела и кога разбра колку години имам и оти веќе имам три деца не го ни заврши прегледот. Ми кажа да сум била помлада ќе ми пропишел прогестерон, ама наместо тоа ми препорача да си набавам таблета за абортирање.
    Што, значи животот на бебињата на повозрасните мајки не вреди?
    Многу нечовечно, ладно, никакво однесување кон мајка која го губи бебето, можеби само заради едноставна прогестеронска терапија.
     
    На Anatema, eta, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Kolku ti go naplatija vo martini pregledot
     
  11. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Пола минута ехо, 1000 денари.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Aman be mnogu jas kaj trivudalievi oti sum maticna opstiot maticen lekar mi e tamu I mi naplakat po 500 den za eho
     
    На Saba08 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pandelka

    pandelka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    7.363
    Пол:
    Женски
    Не сум била кај него јас..
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    6.358
    Пол:
    Женски
    Леле што зборуваш.... Барам добар гинеколог никако да го најдам. Имам бактерија страв ми е да не ми ги воспали јајцеводите
     
  15. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не? Јас пак читајќи стари мислења од 2016 година мислам дека беа, сфатив како кај него да си имала лошо искуство. Грешка (facepalm).
     
    На pandelka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.122
    Пол:
    Женски
    Јас би ти ја препорачала др.Марија Коцева кај Ложанковски многу е добра јас ја водам бременоста таму и сум презадоволна
     
    На thelittle17 и Bebce1 им се допаѓа ова.
  17. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Немам кој да ти препорачам во Струмица не сум наишла на добар гинеколог. Одев во Систина, ама заради вирусов сега и оти беше итно, морав тука.
    Искрено се надевав дека ќе можам да си одам кај него на прегледи и понатака, да не мора да патувам до Скопје, ама...
     
  18. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.202
    Пол:
    Женски
    Jas odev kaj trivudaliev cela bremenost ja isterav dokraj blagodarenie na nego iako bese kriticna isterav dokraj a od madzunkov i sestra mi ne bese nesto mnogu zadovolna iako ne mi kaza zasto ne e zadovolna i nea trivudaliev I gi sledese I trite bremenosti inace trivudaliev sega e na odmor do 20 avgust
     
  19. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Одев кај него за двете бремености ми беше матичен. Тогаш работеше во државна болница и ич не ми обраќаше внимание.
    Читам овде милион испитувања прават трудниците, јас ништо. На мое инсистирање ме гледаше еднаш месечно на ехо, крвна слика ни една. Сé ќе ми каже, вака гледам не си слабичка и не ми личиш на слабокрвна и толку.
    Пред четири месеци бев кај него за прв пат после 15 години и ми обрати внимание, ама нели приватен е сега, односот тотално поинаков.
     
    На Meckicja и eta им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    дебелината нема врска со анемија. Ретарда. Такви треба да почне човек да ги пријавува.
     
    На Anatema и Saba08 им се допаѓа ова.