И јас би сакала да знам дали некој имал искуство со Кристина Скепаровска? Ми ја препорачаа дека била добар човек и трпелива. Исто и за Ана Марија Шпишиќ - дали и со неа некој имал искуство до сега? Фала ви на сите. Поздрав
За Скепаровска незнам да ти кажам, сум чула дека е ок,Ана Марија Шпишиќ е супер она почна да ме следи од 37 недела, супер пристап само што она замина тогаш во Германија на некоја обука и ме препрати кај Зоран Илиевски. За него само пофални зборови доктор посветен, предобар до крај на бременост ме следеше он го надносев бебето, се породив во 42 недела и он ме породи. Ти го препорачувам него и верувај нема да погрешиш.
Добри се и двете,мене на приемно ме прегледа Ана Марија исто и после породување на проверка за епизиотомијата бев кај неа,супер впечаток ми остави,а Кристина ја породи една пријателка и она многу ја пофали била многу стручна.
Случајно разбрав дека овој др Илиевски на мој добар другар му бил цимер во студентските денови,ама не знаел дека работи во Чаир и сега ми рече ќе те праќам кај него да те породи,вика еден куп блиски му однесов да ги пораѓа,сите го испофалија.
Понеделник и четврток е втора ,другите денови прва смена на работа е врти директ кај докторката на моб.
Прашав во друга тема, не ми дадоа многу одговори..ако може да ми препорачате добри доктори во Ремедика или Систина?
Зависи за што ти треба има за ризични бремености и има за ивф други доктори зависи каков доктор бараш
Не, не за бременост, туку за преглед, за второ мислење, не сум некако задоволна од матичниот па сакам на приватно да одам.
Нема да згрешиш во Систина сите се добри доктори. Јас од ремедика не сум задоволна од никој, Стојковска ја фалаат и Зоран Јовановски, другите за 1 мин.преглед се е во ред и толку, а уствари не е, лично за кај мене.
Оди кај Јане Стојкоски, мислам по темелен и стручен од него нема. Инаку и во Систина прегледи траат 5 мин и чао.
Воопшто не траат кратко прегледите во Ремедика, од мое искуство секогаш биле најмалку 20 минути зависи за што. Нема да згрешиш кај било кај лекар сите се топ.
Пишав неколку пати пак ќе коментирам.Да, кратко траат 2мин.само ќе кажат се е во ред и толку. Лично од искуство кажувам,јас ич не сум задоволна.