Не реков дека лажеш, таман работа. Затоа реков зависи за што одиш. Ако си одиш на редовна контрола прво треба време да се соблечеш, да легнеш, да те видат на ехо или брисеви да земат зависи и ако немаш прашања и се е во ред, не знам зошто би траел пример пола саат. А доколку имаш проблем, а не ти посветат внимание, не ти дадат совет или ти дадат погрешен совет нормално дека нема да бидеш задоволна. И убаво е да напишеш од кој доктор не си задоволна и што е причината за да знаеме, за тоа е темата.
Јане е еден збор еден алтан. Треба со клешти да му влечеш зборови за да каже нешто. Ќе рече имаш тоа тоа и напиј се ова ај чао, толку
Не мерам време за соблекување, легнување туку од моментот кога ќе те гледаат на ехо, зимаат брисеви.... Хаџи Лега еве него ќе го земам за пример, Котларова и други. Му велам сакам брисеви да земам да си испитам имам симптоми на некоја бактерија, му ги кажувам, ми вели немаш потреба доволен е пап така многу скапо ќе ти излези. За после некој месец ми излезе дека имам Esherihija coli i Enterococcus. Затоа веќе ремедика, не. Си одам во систина и толку. Можеби другите се задоволни од ремедика јас си го кажувам моето искуство имам уште ама треба реферати да пишувам
И двете болници се добри на секој може да му се случи пропуст да направи ама за разлика од државните што нон стоп прават пропусти искрено не се споредуваат со приватниве Сепак добро е кога се две па има опција за бирање
Јас на пример одам во Систина здрава, права, па ми наоѓаат болести и ќе си платиш како интервенција да си имала. Секој со своето искуство. Ако не грешам, бактериите што ги спомна се откриваат преку урина.
Што не му кажа Ако, имам пари ќе си платам. Што па скапо ќе ти излезе ако идеш на редовна контрола? Да не мислел да одиш на матичен да правиш државно? Мене така ми викаат..сакаш кај нас прави брисеви, сакаш оди кај матичната за да не плаќаш прави ги
Урината ми е чиста, правам секој месец уринокултура, да ги има и во урината но мене ми се откриени од цервиксот. А опасно е како таа бактерија така и другите можат да направат воспаление на тубите.
Па ти си била една од ретките среќнички што не те мавале по џеб. Еве јас и многу други ја немаме таа "среќа". Излегуваат и на пап не се секирај бактериите
Точно има пропусти, ама и голем пропуст за специјалист-гинеколог да му ги кажеш симптомите со б Точно, има пропусти ама и голем пропуст е за специјалист-гинеколог да не ти каже да си испиташ брисеви и покрај наведените симптоми како:пецкање, чешање и болки при односи и уринирање. Тие се основните испитување што се прават кај секоја жена што сака да забремени.
Не се покажуваат на пап. Има препорака после пап ако имаш некоја варијација што да испиташ понатаму. Јас на Котларова и го покажав вика во ред е, за после некоја недела да бидам позитивна на тие бактерии. Не ме сфаќајте погрешно тоа е мое искуство со ремедика еве неколку пати по ред, не мора да значи дека се дешавало кај сите членки или ќе се дешава, има жени што се презадоволни од тие гинеколози.
Во ремедика можам да ги пофалам др.Јана Белевска и др.Јане Стојковски. Др.Јана ме прими прегледа измери разговараше со мене и ми одговори на сите прашања и грижи и на крај бидејќи се разбравме дека сум отишла од мака и страв да не одам клиника и очигледно не пливам со пари ми рече дека ќе ми пише обично ехо и наплати упола од редовен преглед. А јас си знаев и мерки на бебе, цервикс и совет кој беше прв и остана како терапија до ден денес бидејќи бил на место. А др.Јане увиде конечно причина за крварењето после 7 гинеколози кои ја занемарија вклучувајќи го и Хаџи Лега кој се покажа ноншалантен и незаинтересиран. Др.Јане Стојковски збореше со мене во канцеларија до ходник и на сам шалтер. Се додека не бев задоволна. Да имам пари ќе се пораѓам кај него ја има мојата безрезервна почит и доверба. Здравје следна бременост ќе тргам на страна само за кај него.
Претпоставувам дека веќе си нашла гинеколог кој ти помогнал, но доколку е за забременување требало да идеш кај Димитров или Јовановски мислам беше за тоа. Секој си има своја специјалност. Инаку, стварно фер од докторот што ти рекол да не преплаќаш (немам искуство со Хаџи Лега), ретко се случува. Јас микробиолошки ретко правев, секогаш само пап, па ако има индикација тогаш микробиолошки.
Не ме сфајќај погрешно,затоа се дава доверба на еден специјалист да те води. Не е ни до нив што ние имаме очекувања високи од еден преглед да ми го реши проблемот. А сите тие што ги имаш наброено доктори имаат дневно по 100 пациенти и интервенции па доколку не си нивен стален муштерија не те ни паметат.