За кај Васо да. За кај Снеже не знам. Ако некој го има бројчето за кај Снеже нека ми го каже, ќе се јавам да за да закажам па ќе прашам дали има одреден ден за закажување.
Исто во понеделник се закажува, таман денес јави си се. 022 455 105 јас на овој број со сестрата си закажувам. Инаку само јас изгледа се радувам што се премести, многу поблиску ми е и имаш паркинг во секое време.
Од каде тоа дека не следи бременост? Мене жена му ми спомна дека бил на одмор периодов до кај средина на септември па доаѓал само за скрининг и слично што она не прави... Зарем само она и таа новата останаа?
Ѕвонев пред саат време така ми кажа сестрата. Веќе некој период така било. Прегледи и брисеви кај Пале и таа другата нова, незнам како се вика.
Оф тешко нас, мене минатата недела ми рече на одмор е Васо до септември некој сестрата и тие не знаат што зборат веќе
Не ни знаат како се викаат тие не па за нешто друго ти ја прашуваш за меил дали има стигнато за терапија од ГАК коа они не го ни пратиле мува не ги лази
Хаос е гледам сега освен за трудници другите инсистираат кај новата да ги праќаат. Јас одев таму ради бошковски сега нејкам при крај да менувсм инаку хаос е ептен
Јас сум кај Снежана еве 8 месеци пројдоа лабалаториски упат ми нема дадено и за хемостаза и димери не сакаше да даде еве месец дена веќе пројде како сум без мислење според нејзе добри биле резултатите немало потреба од терапија, а цела бременост ја водам на приватно и обавезно кога одев за продолжување ми бараше копии од извештаите цела бременост никаква полза од матичен и за брисеви по 300 ден што ги земала апсурдно е...
Јас искрено бев прдзадоволна од Бошковски секој месец ме праќаше на крвна слика урина, брисеви кога требало се бев упатена дури и во Ремедика кога одев докторите ми го фалеа дека супер доктор ама замина во Санте плус и од кога почнав со коруновски ни крвна слика упат без да побарам ни кога следна контрола ни ништо незнам. Дури жена му е повеќе се замара да те упати што понатаму он ништо
Има една кај мене во близина Кокормановска, сум ја читала по интернет ја фалат доста. И јас планирам таму да се префрлам за контроли. Ако има некоја искуство нека пише. Заборавив да пишам, во близина на Љуц кафаната.
Доста го имаат фалено него али за жал си отишол од таму мора да се бара друго чаре кај некој по асален
Закажав кај Снеже за скрининг и брисеви. Првата бременост одев некој период кај неа, еве сега ќе видам како и што ќе биде. Инаку кажувајте чаре да не оправи некој поасален хахаха
@Starlič Леле немој кај Тасе молим те, човекот си бил на времето ко што треба, ама сега скроз ги има изгубено нервите. Мене со вонматерична, неправилно Бета хцг, скокнато до плафон, а плод неможеше да види, ме прати да си причекам дома, по една недела ќе можело да се види плодот. Среќа ко нешто да чувствував дека не е во ред, па одкај него право на ГАК, веднаш ме задржаа. Таква грешка доктор несмее да си дозволи, скроз незаинтересирано. И не сум само јас, многу лоши искуства имам во околина.
Не ми е јасно ни мене. Ама толку ми го фалат дури мене ме праат удрена што сум си отишла од кај него. Како ептен искусен поготово за трудници. И затоа го пишав викам може до мене си е проблемот.
Прв пат слушам за тој Тасе, не знам ниту које,ниту што е. Ама после вашиве муабети дефинитивно нема да одам хахаах. И онака сум паничарка понекогаш, и малку ми е ризична бременоста,не ми треба накнадно нервози и стресови.
Докторот е стручен и искусен, ама не е тоа што бил некогаш. Односот со сестрите и пациентите му е нула. Избрзува со дијагнози и не се замара дали е 100% сигурен. И познат е по тоа што плаши пациенти, не основано. @LucyLu исто кај мене во фамилија, во 7 месец рече дека бебето нема раце, за следниот доктор да рече нема врска,бебето има 8 години сега, толкава девојка. Е сега ти замисли кој стрес е тоа на трудница да и го кажеш.