Леле мене ми се матични и се мислев да ги сменам ама после ова што го читам дефинитивно ќе барам друг, срамота е ем да греши ем да е арогантен
Ова е за да се пријави. Имав јас таков доктор првата бременост што заврши со спонтан. Се прекрстуваше и викаше со господ напред пред да пикне сонда внатре. Секое снимање сликичка и 400 ден. Апчиња со рецепти и печат на приватно на секој преглед и што треба и што не треба. Ме напна психички за хематом да го изгубам. Па еве втора бременост и хематом и ниска постелката си терам до крај. Ти треба доктор кој ќе ти објасни и те гледа пред се како човек а не новчаник. Ако веќе одлучиле да работат со фонд кој им е должен да дава повеќе. Мојата е Жаклина Чочоровска топло ти препорачувам. Жената три пати мери еднаш сечи е. И ги слушаш мислите гласно размислува и ја слушаш логиката. Не станува од столче дур ти не станеш. Дури колку пати незгодно ми паднало го боцкам мм да станеме да влезе следниот. Што е најважно ништо не ме принудиле или посочиле приватно освен ако јас не сум сакала. Сега соработуваат со синлаб секој матичен соработуваат со некоја лабораторија. Прошлиот пат си се заинаетив за авицена па ми пукнаа вена таму хахаха Во секој случај имаш избор, на полошо од овој Коруновски сигурно нема да наидеш. Само на подобро.
Задната страна на мвр. Улицата од рамстор према кисела вода што е едно насочна. Вртиш десно кај средно фискултурно и по улицата нагоре до самиот крај последната зграда од десно. Од лево е мвр задната страна/ограда. Има 4 паркинг места со табли на кои ја има ординацијата. Во левиот влез стан бр 14. Може мислам и на веб страната да побараш џпс. Не сум некој возач за инструкции да делам.
Значи од кам па нагоре према скалите за црниче? И ординацијата е десно во зградите, а мвр лево би дошло?
Преку Biotek ќе го направев тестот, од таму ми е контактот и од таму ми се јавија А и листот кај Коруновски ми го дадоа од Biotek, мислам флаер со пакети за пренатален тест, кој пакет што синдром испитува. Сите што ми ги препорачавте или се зафатени или ми се далеку Јас ќе почнам да идам кај Личовски, се надевам тој ќе биде океј , препорака ми е од мн луѓе па ќе видиме .
Здраво. Направив тест, испадна позитивен. Мене матична ми е кај Коруновски ама нема шанса да одам таму пак. Е сега гледам повеќето не примаат нови пациенти, па ако може препорака каде да одам, а да се добри? Не ми е битна населба, само да е Скопје
Мене ми е матична Тања Хаџиевска во Идадија и се наоѓа ординацијата ,задоволна од нејзе сум ,препорачувам.