Снеже е незаинтересирана и неспособна. Ни беше блиску и ајде за Коруновски слушнавме позитивни работи и ајде двете таму. На мајка ми и даде апсолутно промашена дијагноза и знаеш што не знаела да препознае? Циста! Толкава циста, а и рече дека е вода во црева и дека ќе треба итна итна итна операција. Кога отидовме на друго место, гинекологот само што не почна да се смее кога му кажавме што ни рекла. Колешка моја ја убедуваше дека е бремена, па се чудеше кој и рекол така. Јас отидов еднаш само и никад више. На ехо да ме гледа не би отишла. Јас неа не ја препорачувам воопшто.
Има многу жени што останале бремени со миом/и и немале никакви компликации во бременоста. Зависи каде е миомот и дали би правел проблем понатака во бременоста. Зборот ми е, најчесто миомот не смета за забременување но може да смета на бременоста. Затоа најубаво е консултирање со гинеколог во врска со отстранување пред планирање бременост.
Ја исчитав цела тема и не најдов мислење за Дракулевски во Систина? Се мислам помеѓу него и Ивановски, кој е подобар? Стриктно ми треба за ваг ехо пап микробиолошки проодност на канали хормони и спермограм. Се обидуваме 5 месеци за бебче па сакаме да испитаме се со мм, и дали кај некој од овие доктори ова се може да се направи во еден ден, се разбира освен хормони
Касно гледам, можеби веќе си завршила работа. Мене ми е матична и јас имам само пофални зборови за неа.
Да ,средив се.Многу фина,професионална ,детална во преглед.Бев кај неа додека матичната моја беше на одмор и задоволна сум многу.
Нема да згрешиш и двајцата се добри. А и зависи кој ќе има слободен термин за тој период, закажи си на време и ќе видиш дека се ќе е во ред.
Син ми го имам благодарение на нејзе. Изгубив две бремености која едната во 7 месец другата близначка бременост поради незаинтересиран матичен. Отидов кај нејзе одма ме упати на испитувања, ми го откри проблемот ми даде соодветна терапија. За три месеци останав бремена,само јас изгорена од претходно одлучив бременоста да ја водам на ГАК и на нејзе тоа и го кажав и немаше никаква замерка. На три пати само отидов кај нејзе кога ме фаќаа паники за бебето.
Ти благодараам дај боже и кај двете да се среди за брзо Се јавив ама ми рекоа рано било да сум се јавила пак за 2 недели, сеуште го немале новиот распоред на секој две недели излегувал нов. Како и да е се надевам нема да ми треба
Еднаш, двапати отидов кај Снеже и никад више. Женава тотално не се разбира. Не го виде полипот во матката па ми вели рана бременост,појди провери бета преку крв.
Па нормално кога се прават такви грешки, сигурно нема уште кај неа да бидеме. Си бараме некој по стручен