Девојки предлог за добар гинеколог по можност женско во близина Кисела вода,Аеродром,Ново Лисиче ,евентуално Центар? И да работи втора смена, само тоа ми одговара.
Во Аеродром е Снежана Панговска, Гинеко-С, порано била на Бит Пазар ако имаш чуено за неа. Понеделник работат втора смена, до 20ч, другите денови се до 15ч. Моментално се во изолација, кај и да е треба да излезат. ПС: ја сум задоволна, бременост кај нејзе водев, сестрата на мм не е задоволна, ништо не и кажувала (ама она не ја ни прашува ништо, таква си е, и самата си вика ја се чекам други да ми завршат моја работа )
Јас во среда имам закажано кај др. Снежана Гавриловска Миленкова, ПЗУ Коруновски 2, во Ново Лисиче, некаде позади Лиса им била ординацијата, не знам дали работат во смени, и мене ми е прв преглед. Вака по форумов има поделени мислења, па ќе видам како ќе поминам
Пет години одам кај д-р Снежана Мајсторова-Органџиска во „Хигиа“ и сум презадоволна и од односот и од начинот на работа, уредноста, хигиената, никогаш не чекам повеќе од 2 минути кога имам закажан термин, одлично ми објаснува се', како да сум на час, на разбирлив јазик не само со медицински термини, со објаснување секое нешто што значи и навистина имам само пофални зборови. Но, малку се високи цените (ехо, ПАП, брис во просек по 1500-2000 ден.), односно за услугите и третманот можеби се и во ред, досега ми беа ок затоа што одев 2-3 пати годишно и не жалев пари за третманот што го добивав. Проблемот ми е што во периодов што следи веројатно ќе треба да правам повеќе испитувања и прегледи и тоа би било и почесто и поскапо вкупно. Па, би сакала да прашам дали некоја од вас била кај неа, па се префрлила кај некој на државно? Во смисла дали сте наишле на таков гинеколог што сте го земале за матичен и би ми го препорачале? Само да е во околина од Влае до Центар.
мислиш нема да ми брка работа за брисеви, приска и упати ? Секако паралелно одам веќе во Ремедика, а и во гинеко Билјана
Ако може да појасниш што мислиш под тоа неспособна??? Искрено ме интересира, јас се префрлив кај неа, само еднаш бев до сега, ми се допаѓа пристапот и комуникацијата, повеќе за сега неможам да кажам. Затоа ме интересира
Ако ти е за такви попатни работи, тогаш ај ок ама генерално не ја препорачувам. Пре би отишла кај некој подобар, ако не ти се брза. Имам пишувано чинам поназад, а може било и во друга тема ама не сакав да се повторувам. Можам да ти кажам 3 искуства. Мое, на мајка ми и на другарка ми. 1. Мајка ми- не знаеше како изгледа најобична циста, па и рече дека е нешто многу сериозно, имала вода во црева и др глупости. Испадна дека е циста. Во комуникација понатамошна беше страшно дрска и безобразна. 2. На мене ми кажа дека апсолутно ќе имам потешкотии за забременување. Немав. 3. Ова е врвот. На другарка ми и кажа дека е бремена. Другаркава не сакаше во моментот бременост, беше многу млада. Ја прати да прави бета хцг. Утредента и ги гледа рез и и вика, кој ти кажа дека си трудна? Нема врска дека е така. Имам слушано и други искуства ама не можам да кажам со сигурност зошто не ми се блиски луѓе.
Толку неспособна што со 1400 б хцг те праќа на клиника и ти вика јас не гледам на ехово ништо ова е вонматерична бременост а за да се види на ехо точката дека е бременост треба барем 2000б хцг да е и повеќе.Ако она ова не го знае нека си ја искине дипломата!! Читајте мислења поназад за нејзе имам и јас пишувано.Според нејзе за мутации од висок ризик за тромбоза немало потреба дасе примаат клексани, среќа не ја послушав иначе ќе си останев без бебе само што влегов во 9ти месец.Господ здравје да и даде на Гордана од Систина што се ангажираше доволно цела бременост да ме води и сед а испадне како што треба.
Незнам што да кажам стварно. Се исплашив сега, минатиот преглед ми виде нехомогена постелка и не ми рече ништо понатака за испитување... А може требало... Ахх етек сега не сум мирна
Кај нас само да се крстиш во приватни доктори,матичните имаат премногу пациенти и не се замараат воопшто.Миленкова има 4500 пациенти 1000 од нив да се бремени нема да знае главата кај и е.Чувај ја за упати и пап,брисеви за бременост не е препорачлива.
Сите прават грешки и ти што се паничиш се кој што ќе пише? Еве прочуениот Димчев какви не грешки има направено, најново што разбрав не видел 6 прсти на нога на скрининг. Па цела Македонија оди кај него. Малце смирено и без сеење страв. Еве лично докторката мене сама ме препраќа на Клиника за конслутации за терапија. Ни јас не се ислонувам на матичен лекар за бременост. Неколку пати те читам и никако не мие јасно после две неуспешни бремености ти упорно кај нејзе си одела. И после пак плукање и плукање ти пак кај нејзе ќе отидеш.
@monik55, Да така е, права си, ама некако нагло ми дојдоа негативните информации... Веќе закажав преглед и на приватно, чисто да видам што ќе ми кажат таму, мразам паралелно одење на повеќе места баш од причина овој ќе ти каже едно, друг друго, трет трето.. И на крај ти си тој што прифаќаш и ќе го прифатиш она што најмногу ти одговара макар и да не е правото... Прватабременост цела ми ја водеше коруновски, никогаш немав отидено на друго место освен на цтг во 9ти на гак нели нормално, и фала му на Бога се беше во најдобар ред.. Сега го сменив бидејки не гледа веќе регуларно, само скрининзи прави... Иако не бев задоволна од пристапот овој пат, сепак имав доверба во него како доктор.. Е сега во оваа немам... И се нервирам, ете ќе одам на приватно др недела ама ич не ми е по ќеив... Некако сакам да имам доверба во матичната, сепак не е малку 2500, 3000 и 4000 за преглед да се даваат, за што плаќам здравствено...
Кој рече дека кај нејзе дека продужив да одам? Одев ради упати и боледување, а не бременост да ми води.Сеедно ми е дали она ќе ми дава упати или било кој друг.До сега ќе сватеше дека бременоста ја водев во Систина и таму се породив Гордана ме пораѓаше
Јас па сосема спротивно мислење имам за Др. Снежана. За мене е многу добра докторка. Секогаш е сталожена, ми објаснувала убаво се што ќе прашам. И со нејзина помош дојдов до бременост, може имав и среќа и се погодија коцките, но и она имаше уддел според мене. Реално за сите доктори имало и ќе има секакви мислења. Секој треба сам да си одлучи кај ќе оди. Јас не ја мењавам, може ете имав и среќа уредна бременост ама пак супер искуство имам со неа за сега.
Точно така, лесно е да се каже приватно но нема секој за таму. Па колку сакаш ти крстисе во приватните доктори. Јас имам кажано како одам и со првото и сега си го фатив редот на Гак.