Мене цела бременост ми ја води Снеже и паралелно одам кај Петрова во Ремедика. Никогаш Снеже не ми погреши ништо. Секогаш ми беше достапна за се. Ама буквално за се! И во било кое време. Сега сум кај докторот што ќе ме пораѓа и морам да кажам моето искуство со Снеже е супер.
Епа на сите тоа ни е маката зошто да плаќаме,а никаков бенефит немаме. Штом бременоста се води и приватно и она ќе знае што се случува до толку глупа не е ќе се снајде, мислам кој доктор не би се снашол вака.
Ве читам повеќето Петрова Систина ја фалите, ми рекоа дека е ладна, без емоции но голем професионалец. Е сега препорака за друг доктор таму и зошто на кратко ако може. Фала ви
Златко Палчевски, топол човек и насмеан. Али ако ти треба за нешто доста комплицирано и ризична бременост само Гордана.
Во систина е Гордана Петровска ако мислиш на неа, и супер е жената воопшто не ми остави впечаток на ладна баш спротивно мн пријателски настроена се објаснува убаво. Два пати сум била на скронинг кај неа.
@Estella да, на неа мислам. Така ми споделија мислење, битно е да знае што прави. @Brpbrp Палчевски исто ми кажаа добар е, само настојувал царски ако и првото е царски. Тоа ме буни малку, јас сум со првото пред 5.5 год царски, ако одам кај него да не настојува да е пак царски
За тоа не знам во секој случај Гордана ти е најдобриот избор, за нејзе можам да ти кажам дека не настојува за царски иако првото е царски секогаш ја гледа можноста за природно.
Петровска мене ми ја води бременоста.Супер е.Насмеана,расположена и комуникативна.На се што сум прашала сум добила убав одговор.И најважно смирена е не е паничарка за ништо.
Најлошото искуство со дотичната. Сто пати сум кажала и уште сто ќе кажам. Каков преварант , боже мили
Зошто? @Дениција21 а каде ги праќа пап-овите?(или сама ги носиш?) Планирам д а мењам гинеколог,ми беше предложена,па собирам инфо...
Девојки, дали има некоја искуство со водење бременост и пораѓај кај доктор Димчев ( Систина) да сподели искуство? благодарам однапред
Јас сум кај неа. Јас сум презадоволна од неа. Ја спретходно имав 2 спонтани и одев во Систина, додека реков више не фрлам толку пари. Благодарение на неа одма останав трудна, одма откако имав позитивен тест заради тромбофилијата клексан, постојано во контакт сме и до 12 недела одев секој петок на контрола. Цело време ме следи, диети, и можам смао да ја пофалам. Секогаш ќе имаш поделени мислења ќе има и незадоволни и задоволни. Јас не ги слушам другите си го пренесувам своето искуство.
Баш ми е мило. И моето искуство е такво. Супер ме прегледа на ехо, ме прашуваше, запиша се, многу внимателна позитивна и смирена. Многу убав прв впечаток ми остави, си ја запишав за матична и од сега ќе одам кај нејзи.
Женски како да дојдам до Тофоски? Ми кажаа кои денови е во амбуланта. Ако закажам преку мој термин, кои се шансите специјализант да ме пречека? А мене ми треба токму Тофоски за да даде мислење.
Мене Русе Талевски ми е матичен гинеколог.Не сум баш задоволна од него.Еве веќе две години се мачам со пролактинот(многу ми е покачен) и не успеа да ми го среди.Можеби треба да се обратам кај ендикринолог.А и воопшто делува незаинтересиран за мене.